L
Lu
Гостин
Значи (те цитирам) „ако направиЛ беља“Е на пример, ако направил беља и сега неможеш да не го казниш. Ако не се удира таму, тогаш кај да го удриме. Онака лајт удирање колку да знае дека го карам. По глава сигурно не.
Ако више ја направил бељата тогаш нема потреба да го караш бидејќи ионака веќе бељата е направена, а башка ако е мало кученцето нема ни да свати за што уствари го караш и само ќе му направиш стрес и кученцето ќе мисли дека беспотребно го караш бидејќи нема да свати зошто го караш.
Кучето секогаш се кара во моментот кога ќе ја направи бељата, а ако отпосле видиш дека напраило беља и ако отпосле го караш тогаш карањето нема да има ефект и на кучето само ќе му создадеш страв и кучето полека ќе почне да ја губи довербата во тебе бидејќи ќе мисли дека без причина го караш.
Nessa Alcarin , треба да бидеш упорна.... Ќе се обидам со повишен тон денес, но наутро ме буди со грицкање а немам баш сила да му викам во 7.00 часот![]()
Нормално дозволувај му на кученцето да си поигра и да те погрицка малку, но кога ќе претера и кога ќе почне да досадува прекорувај го со остар тон.
Неможе одма да се научи и да престане да те грицка, треба да помине одредено време, можеби недели, месеци ... али упорноста секогаш се исплати.
И запомни, карактерот на кученцето се креира додека е мало.
Ако уште од сега додека е мало го размазиш, да знаеш дека цел живот ќе си имаш проблеми и после кога ќе порасне колку и да сакаш да го преваспиташ нема да биде „тоа - тоа“ како на пример од мало да му го оформиш карактерот.
Затоа сега додека е мала, посвети и време, уложувај во неа, за да после кога ќе порасне да имаш прекрасно куче со послушен карактер.
BTW што раса ти е кученцето ?