Кучиња (грижа, општи дискусии)

L

Lu

Гостин
Е на пример, ако направил беља и сега неможеш да не го казниш. Ако не се удира таму, тогаш кај да го удриме. Онака лајт удирање колку да знае дека го карам. По глава сигурно не :D.
Значи (те цитирам) „ако направиЛ беља“
Ако више ја направил бељата тогаш нема потреба да го караш бидејќи ионака веќе бељата е направена, а башка ако е мало кученцето нема ни да свати за што уствари го караш и само ќе му направиш стрес и кученцето ќе мисли дека беспотребно го караш бидејќи нема да свати зошто го караш.

Кучето секогаш се кара во моментот кога ќе ја направи бељата, а ако отпосле видиш дека напраило беља и ако отпосле го караш тогаш карањето нема да има ефект и на кучето само ќе му создадеш страв и кучето полека ќе почне да ја губи довербата во тебе бидејќи ќе мисли дека без причина го караш.

... Ќе се обидам со повишен тон денес, но наутро ме буди со грицкање а немам баш сила да му викам во 7.00 часот :)
Nessa Alcarin , треба да бидеш упорна.
Нормално дозволувај му на кученцето да си поигра и да те погрицка малку, но кога ќе претера и кога ќе почне да досадува прекорувај го со остар тон.
Неможе одма да се научи и да престане да те грицка, треба да помине одредено време, можеби недели, месеци ... али упорноста секогаш се исплати.
И запомни, карактерот на кученцето се креира додека е мало.
Ако уште од сега додека е мало го размазиш, да знаеш дека цел живот ќе си имаш проблеми и после кога ќе порасне колку и да сакаш да го преваспиташ нема да биде „тоа - тоа“ како на пример од мало да му го оформиш карактерот.

Затоа сега додека е мала, посвети и време, уложувај во неа, за да после кога ќе порасне да имаш прекрасно куче со послушен карактер.

BTW што раса ти е кученцето ?
 
N

Nessa Alcarin

Кученцето е ДОЏ (домашна обична џукела) :D
Го посвоив преку Заштите на животните, кажаа дека е мешанче од Пинч, но на 3 месеци е далеку поголема од Пинч. Како и да е прво кученце ми е и можеби малце повеќе и дозволувам од тоа што треба.
Еј уште нешто да те прашам. Дали е ладно времето за шетање после 18.00 часот. Вчера сакав да ја шетам, но седна пред врата и несакаше да мрдне од место. Незнам дали беше уплашена или ладно и беше. Има кратко влакно на крзното.
Ви благодарам, :love:
 
Види прошетај ја, па ако приметиш дека се тресе и дека и е ладно тогаш ќе треба да и купиш облека за да ја заштити од студот.
Има во пет шоповите облека за кучиња во најразлични големини и избери и за нејзина големина.
 
Ок фала ти!
А еве ја лошката овде е пред две недели сега е поголемка. myphoto.jpg
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Ок фала ти!
А еве ја лошката овде е пред две недели сега е поголемка.Прегледај го приврзокот 36176
Чекај малку,вакцинирана ти е?
ако не е немој да ја шеташ каде што не си сигурна дека нема да закачи некоја болештина,сепак мало уште Ч)
Многу е слатко,ме потсеќа на Арон како мал,за момент кога ја видов помислив дека е пит :)
 
Да душо, вакцинирана е. Има примено 2 вакцини, третата е закажана за 24 Ноември. И апче за глисти и дадоа. Ми кажаа на месец дена да и давам по половина апче (за 10 кг)
А може и пит да излезе, хахаха Ама нели и се големи ушите за пит?
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Да душо, вакцинирана е. Има примено 2 вакцини, третата е закажана за 24 Ноември. И апче за глисти и дадоа. Ми кажаа на месец дена да и давам по половина апче (за 10 кг)
А може и пит да излезе, хахаха Ама нели и се големи ушите за пит?
Нема веза,моето беше ушле како мало :pos:
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Ајде луѓе пак барам помош! :(
Како изгледаат кучешки глисти. Во изметот, бели и долги 1,5 сантиметри? Денес и дадов пола апче за глисти, и пред 15 мин ми се згади животот. Незнам дали беа глисти неможев да гледам ама видов дека се големи. И ако не се што може да бидат? Не беа живи, мислам не мрдаше ништо. И поради должината дали тоа значи дека ги има веке подолго време? А кога ја земав ми кажаа дека е прочистена. Добро што ми текна како превентива да купам апче.
И сега помагајте, како да ја лекувам?
 
Глисти се,неможе да се ништо друго.Не му ја мисли,пали колата и уште утре сабајле на ветеринар.
Со среќа :)
 
L

Lu

Гостин
Ајде луѓе пак барам помош! :(
Како изгледаат кучешки глисти. Во изметот, бели и долги 1,5 сантиметри? Денес и дадов пола апче за глисти, и пред 15 мин ми се згади животот. Незнам дали беа глисти неможев да гледам ама видов дека се големи. И ако не се што може да бидат? Не беа живи, мислам не мрдаше ништо. И поради должината дали тоа значи дека ги има веке подолго време? А кога ја земав ми кажаа дека е прочистена. Добро што ми текна како превентива да купам апче.
И сега помагајте, како да ја лекувам?
Глистите се како бели црвчиња.
Според описот, глисти биле.
Кога си ја зела, сигурно луѓето те излажале дека е прочистена, бидејќи ако била прочистена, сега ќе немаше глисти.

Штом исфрлила глисти во изметот, повтори ја терапијата за да комплетно ги исфрли глистите од организмот.
Зависи од која фирма е апчето, али најчесто 1 апче се дозира на 10 килограми телесна тежина, така што бидејќи твоето кутре е малечко сигурно нема повеќе од 5 килограми, затоа дај му половина од апчето.
 
Епа затоа и јас се изнервирав. Кога ја земав им кажав дека ги преземам сите одговорности и сите трошоци за нејзино лекување ако има потреба. Не ми е проблем. Можеше да ми кажат да почнам со терапија веднаш и да ја прочисстам.
Апчето е Drontal Plus за 10 кг. (120 ден. мислам беше) Вчера и дадов пола, денес уште пола па ќе видиме.
Фала ви во секој случај :)
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Другови и другарице!

Пред малце се вратив од ветеринар и сега ќе напишам збор два во врска со Кучешки глисти со надеж дека информацијата ќе му биде некому корисна.
Откако открив глисти кај моето кученце од 4 месеци се консултирав со форумот и видов дека некој форумски пријатели го имале истиот проблем, па го следев нивниот совет: Три дена по пола апченце за глисти и решен проблем! Ова според мојот ветеринар е тотално погрешно!!! Како прво на кученцето и го изиритирав желудникот со таа терапија и доза, по што денес цел ден повраќаше. Како второ, ова е само повремено решение, со оваа терапија (доколку кученцето може да ја издржи) се убиваат само возрасните единки од глистите додека сите оние во порана фаза од инкубацијата или поотпорните единки остануваат.
Во Скопје за жал, нивото на заразеност кај домашните миленичиња со глисти е на високо ниво и тоа во последните неколку години.И чисто куче може да се зарази ако налета на заразена какашка од друго куче, или додека си игра во тревата во паркот во кој претходно играло заразено куче. Затоа треба да чистиме по нашите кучиња додека сме во парк, со цел да не се шири болеста или уште полошо да не се пренесе на некое дете што си игра во тој парк. Значи после секоја извршена нужда, какашката во кесе и во корпа. Уште пожално е што освен ваков вид на глисти, во последната година во Македонија се повеќе се шири и болеста на Срцеви глисти (Heartworms) која до пред некое време била само позната на територијата на Америка.(ова ми се информации од Ветот :) ).
Сега околку терапијата за лекување на Кучешки глисти: Терапијата трае подолг временски период и по нејзино завршување се преземаат превентивни мерки секој месец или на три месеци.
Од земањето на првата таблетка против глисти, на секој 14 дена треба да се дава по пола таблетка (ако кучето е од 2 кг. до 5 кг.) или цела таблетка (ако кучето е над 5 кг.) и тоа да се направи четири пати.
Бидејќи инкубацијата на кучешките глисти трае 14 дена со оваа терапија се овозможува чистење на кученцето и од возрасни единки и од јајца. Возрасните единки може да се приметат во какашката како бели црви од 3 сантиметри, но исто така во какашката може да има и јајца кои потешко се приметуваат.
Значи една математика:
Ако сте ја дале првата таблетка на 01.11.2011 втората треба да е на 15.11.2011, третата на 29.11.2011 и четвртата на 13.12.2011. Отакако ќе заврши оваа терапија ( 4 пати по пола апче на 14 дена), после на секој месец треба да се дава по едно апче. Доколку кучето наполни 6 месеци тогаш терапијата продолжува со едно апче на секој три месеци. Ова е пожелно да се практикува и како превентива за кучето, со цел да не фати никогаш повеќе глисти.
Доколку во периодот на лекување на глисти вашето куче живее со вас ( во иста соба, како во мојот случај), треба постојана хигиена. После секое играње или чешкање на кучето треба добро да се измијат рацете, ако направи „беља“ дома, чистење на местото и дезинфекција со некакво средство. И внимавање да не дојде во допир со вашите лични предмети.

Се надевам дека ќе успееме нашите кучиња да ги држиме чисти од оваа болест!
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
sakam da prasam nesto,mozebi malku e smesno prasanjeto no ..... :)

imam maski sarplaninec i star e okolu 1 godina. Kako mozam da znam deka e spremen za da go sparam :D
 
L

Lu

Гостин
sakam da prasam nesto,mozebi malku e smesno prasanjeto no ..... :)

imam maski sarplaninec i star e okolu 1 godina. Kako mozam da znam deka e spremen za da go sparam :D
Мажјаците се секогаш спремни за парење, само донеси му женка во циклус и завршена работа.
Само мислам дека сеуште е млад шарпланинецот за да го париш, почекај да наполни 1,5 година па после пари го.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom