- Член од
- 24 март 2010
- Мислења
- 15.307
- Поени од реакции
- 26.212
Немаш напишано ништо такво, ама тоа е редовен контрааргумент. Кога кажуваш дека државата е финансиски стабилна, се одговора со тоа дека невработеноста е 30%. Едното со другото нема врска.Од каде бре сум го изјавил ова (освен ако не сум излапел) „ Невработеноста нема никаква поврзаност со финансиската стабилност на државата“
Болдираното е клучно зборче. Ти реплицираше на овој цитат.Она за што не ми беше јасно и љубезно замолив да ми биде објаснето, е како тоа побогу моѓе да се прават такви смешни споредби како на пример со наводната „Премолчана вистина за ЕУ“, која патем речено била толку лоша, а нам во тој поглед подобро би ни било да сме надвор од ЕУ, и со економската состојба во Државава. Таква помпезна споредба на дечкото што го цитирав вчера, ми беше страшно смешна и неумесна...
Ова тврдење на Сасуке е комплетно точно. Има огромна разлика во економска и финансиска стабилност. Никој (барам јас така мислам) не може да тврди дека Македонија може да се рамни со економската развиеност на некои европски земји. Ама факт е дека сме финансиски една од најстабилните држави во Европа.Значи ако озбилно мислиш дека сме во поголеми гомна од ЕУ,со најголем економски раст на балканот последнава година и подобра финансиска положба од пола членки на ЕУ
Констатацијата од извештајот е многу точна. Точно кажува дека банките во Македонија се со грчка сопственост, но исто така кажува дека нивните депозити не зависат од Грција. Констатацијата е дека при пад на еврото Македонија би имала поголем фискален и економски притисок. Тоа никој не го спори. Таква ситуација би предизвикала силен потрес во цел свет. Македонија точно како што си напишал нема да биде исклучена од тоа. Нема да биде исклучена ни Кина, ни Швајцарија нити пак членките на ЕУ. Пак тука ќе трпиме исти консеквенци. И членките и тие што не се.Е сега, со оглед на тоа дека темата на разговор е „Вистината за ЕУ која се премолчува“ - тогаш во извештајов од ММФ многу убаво и децидно на повеќе наврати си кажува дека најголем ризик претставува Економската криза што ја зафати ЕУ еве го делот уште од почетокот на текстот - „
5. The main risk continues to come from potential disturbances in the peripheral
euro area economies. With a quarter of the system’s total assets, the share of Greek-owned
banks is among the largest in the region (similar to Bulgaria and Albania). Greek banks in
Macedonia are financed primarily by resident deposits, with minimal funding from their
parents, and they do not hold Greek assets. Exposure through trade channels is moderate, with
7½ percent of 2010 exports (2½ percent of GDP) destined for Greece, while Greece is not a
major source of remittances or FDI inflows. More broadly, if troubles in the periphery lead to
significantly weaker growth and more distressed financial conditions in core euro area
economies, this would damage growth prospects in Macedonia and could put renewed
pressure on the fiscal and external accounts“
Едно прашање другар, од кога економијата е строго индивидуално-општествена категорија? Па со оглед на тоа ние да сме имуни од „земјотресите“ во ЕУ? Ова те прашувам во поглед на ова што го изјави „Република Македонија од 2008 година наваму има редовно позитивен тренд на растот на БДП и еден од најдобрите во Европа. Надворешниот долг, како процент од БДП е еден од трите најмали во Европа. Република Македонија откако почна светската економска криза немаше никаков посериозен проблем со прибирањето на проектираните буџетски сретства, немаше потреба да отпушта работници и немаше потреба да ги намали платите и социјалните давачки од буџетот. Баш напротив имаме зголемување. “
Таква самоувереност, во економски рамки, ја доведе и ЕУ до ова дереџе до кое дојде, како прво, и како второ единствено Куба и Северна Кореа можат да бидат самоуверени, оти тие не се членки ни на ММФ ни на Светска Банка.
Наравоучение - пазарната економија друже ти е врзан систем, така да порано или подоцна сите трпат проблеми, никој не е имун, поготово во капиталистичко општество во кое што живееме денес. Ако нешто сум научил од капиталистичкиот систем тоа е дека тој никогаш не ги решава своите проблеми, само ги заобиколува и трга на страна. Немој да мислиш дека нашава економија е толку јака како што сакаме да ја претставиме. Ние сеуште планирраме од година за в година, а неизвесен ни е исходот до крајот на следната година. Она што нам не спасува сега во овие кризни периоди за ЕУ е даночната политика, а народов и не е баш така моќен да може да си дозволи некој плус од парите што ги добива од плати и пензии, а да не зборам што сепак како држава земаме убави кредити, тоа треба да се плати. Ако денес економијата ми рипнала, па како показател имам дека утре ќе можам да го исплатам кредитот, не значи дека утре ќе го задржи истиот тренд....
Така да, не сум баш толкав оптимист, како што си ти... Али знаеш статистиката е секогаш јака страна - ми се допаѓа Чичко Сталин во оваа ситуација - „Смртта на еден човек е трагедија, а на милиони е статистика“ - наравоучение - се е статистика.
Значи никаде не реков дека нашата економија е премоќна, дека можеме сами и не зависиме од никого. Доколку Македонија стигне до финансиска криза верувај 80% од европските држави веќе ќе бидат во истата. Не можеме да избегаме од таков крах, доколку не повлече цело опкружување. Но, не гледам како ЕУ би не спасила од такво сценарио. ЕУ би била причината ако се случи такво сценарио, без никаква наша вина. Нашиот дел си го завршуваме на време, не можеме да влијаеме на некоја „виша сила“.