Рецензија : Battlefield 3- multiplayer (consoles)

TheTimi

Veni Vidi Vici
Член од
11 јануари 2010
Мислења
768
Поени од реакции
37


Дали Battlefield 3 постави некои нови стандарди на конзолите или пак е уште една ФПС игра создадена за профит и патем е наречена COD killer ?


Без сомневање мултиплеер аспектот од играва и на конзолите е спектакуларен и не би требало да го пропушти ниту еден фан на поновиве и според голем број луѓе "понеиновативни" FPS игри.

Ќе почнам со модовите. Класичните Rush и добро познатиот Conquest модови се враќаат непроменети (освен Rush каде m-com станиците не може да бидат уништени со C4 или било каков експлозив). Тука се и помалите Squad Rush и Squad Deathmatch како и единствениот нов мод Team Deathmatch. Во in-game browser-от за сервери можеш многу подетално да избереш токму што сакаш да има во било кој од овие модови. Пример дали да бидат HC, само пешадија, колкав број на играчи, кои мапи и сл.






Погоре ги спомнав мапите. На release day, а и моментално има само 9 мапи кои варираат во повеќето game modes. Некои од поголемите мапи како Caspian Border се смалени поради ограничениот број од 24 играчи но сепак има достојни EPIC моменти. Има разни мапи кои од тебе бараат да ги играш на различен начин со секоја нова партија. Дали ќе избереш да се бориш како пешадија и да одиш низ тесните ходници на зградите и ќуќите или пак ќе возиш со тенк по огромните отворени ареи низ мапите зависи само од тебе.




Возењето на тенк е само едно од големиот број на driveable возила која ги нуди играва. Се од мало buggy до авион од 20 тона. Има тенкови, APCs, бродови, хелихоптери и сл од кои и голем број на подвидови од овие возила. Уште поинтересни ги прават и unlock-от кои се повеќе од 80 на број. Разни оружја, одбрамбени мерки и тн и тн.. Се ова и плус уништлива околина и звукот што го нуди.. ауу филингот е..





Звукот
во Battlefield 3 e клучниот дел за самата природа на извонредниот gameplay што таа го нуди. Не само што бучавата од секој испукан куршум звучат страшно реалистично, експлозиите и средините што се распаѓаат околу вас ќе ве оставаат без здив и нема да ви дозволат да станете од каучот. Често се наоѓам во ситуации каде што секој изминат куршум покрај главата ми го заматува видот, па морам да легнам за да избегнам сигурна смрт но само тогаш слушам како граната се тркала на почвата кон мене, you guess what happens then. :)





Куршуми, нив мора нешто да ги испукува, а тоа го прават огромниот број на надградливи оружја. Сите оружја се поделени по класи кои ги има 4 на број. Секоја класа има своја дополнителна опрема (gadgets) за да ја направи таа класа уникатна. Assault-от е вид на медик со стандардни assault rifles и тој е најчесто оној кој оди прв опремен со med-crates и defibrillator, support-от е оној heavy soldier кој е опремен со machine guns и ammo-crates, Recon е добропознатиор снајпер, а пак Engineer-от е оној со RPG и repair tool кој воглавно се бори со возилата. Оружјата не се поделени само по класи, одреден број на оружја може да се користат во зависност дали играш со US или Russia. Во секоја класа почнуваш со едно оружје и колку повеќе играш со таа класа и добиваш поени ја надградуваш со повеќе опрема и сл. Освен што се надградуваат класите тука се и оружјата кои работат на ист принцип. Играј со едно оружје, биди успешен и ќе бидеш награден со додатоци. Наоѓање на вистинката рамнотежа помеѓу својот тим може да биде клучно за многу ситуации. Ако изберете сите Engineers и се решите да одите кон некое возило, недостигот на assault (medic) во тимот ќе ве донесе до пропаст.





Заклучок:

Battlefield 3 дефинитивно ќе биде играна долго време и иако не нуди некои револуционерни работи, сепак е достојна да го носи името Battlefield. Од мене multiplayer делот од играва добива 9.5


 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
Add me, Origin > Psyside81 :)

Едит, сега гледам дека играш на конзола, така да ништо од адд : /
 

TheTimi

Veni Vidi Vici
Член од
11 јануари 2010
Мислења
768
Поени од реакции
37
Add me, Origin > Psyside81 :)

Едит, сега гледам дека играш на конзола, така да ништо од адд : /
За скоро време ќе ја купам и за ПЦ па ќе те аднам, не е ист филингот на конзола како на ПЦ :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom