Грците го затвараат хотелот "Македонија" во Солун

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Хотелот Македонија Палас беше симболот на митот за Македонија кој јужните го протежираа.

Хотелот е изграден во 1970-тите години и е од категорија на хотели со 5 ѕвездички.

Тој им беше главниот хотелиерски објект во градот и центар на туризмот.

Јакa симболика!

 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
можда нема средства човекот пак и ти колку си безобзирен :confused:
Пфффф колку да немаш, за еден Грк да ти слугува ќе се најде.
Туку неќе секој, Грк да му се шета отпозади. Ризик је.

Иронијата на судбината е најлошото нешто што може да го снајде еден народ и земја.
Секој што посегнал на Македонија доживувал катастрофи. И Бугарите, и Србите, а еве сега и Грците кои сакаа да не држат во заложништво самите станаа заложници на европските банки и финансиски институции. Албанците да му ја мислат на време.

А за хотелот Македонија. Ќе отвори пак. Само нема да биде грчки.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Пфффф колку да немаш, колку да немаш за еден Грк да ти слугува ќе се најде.
Туку неќе секој, Грк да му се шета отпозади. Ризик је.

Иронијата на судбината е најлошото нешто што може да го снајде еден народ и земја.
Секој што посегнал на Македонија доживувал катастрофи. И Бугарите, и Србите, а еве сега и Грците кои сакаа да не држат во заложништво самите станаа заложници на европските банки и финансиски институции. Албанците да му ја мислат на време.

А за хотелот Македонија. Ќе отвори пак. Само нема да биде грчки.
како кажеш братко (y)
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Постирав бидејќи симболиката е многу јака. Овој хотел беше центарот каде што се собирааа главните грчки политичари и странските VIP гости. Тој беше Симболот на "грчки Солун". Реално, беше еден од првите луксузни хотели кај јужниот сосед.

IKA-ETAM (грчкото социјално) веќе најмила консултант да најде инвеститори, иако групацијата Даскалоантонакис вели дека плаќа наем во вредност од 3.6 милиони евра годишно. Се обиделе да се спогодат, но IKA не одговорила, сходно ќе групацијата ќе излезе 27. декември. Пак симболика за хаосот што ги тресе.

Да има сега некој македонски новинар да направи репортажа и да ги направи карикатури...
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Неточно.
Римјаните, Турците?
Каква катастрофа доживеаја Бугарите, да речеме?
Турците и Римјаните посегнале на многу народи така што незнаеме чија клетва ги гони. :)
А за нашите другари-Бугари... Пааа "Првата и Втората национални катастрофи" се добро познат "исторически" факт http://bg.wikipedia.org/wiki/Национални_катастрофи.
 
Член од
4 ноември 2010
Мислења
305
Поени од реакции
50
Каква и криза да е во ГР, во каква и катастрофа да се, са 10 пати по добро и од вас и од нас дечки. Немоите да се лажете.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Каква и криза да е во ГР, во каква и катастрофа да се, са 10 пати по добро и од вас и од нас дечки. Немоите да се лажете.
имаат вонредна состојба, хаос на улиците -.- задолжени се 150% од националниот доход и ти ова сериозно го тврдиш ?
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Петарда да пукне во Македонија тоа е атомакса бомба, атомска бомба да пукне во Грција тоа е петарда.
Тоа е состојба на умот, тоа е трениран интелект од мало, од градинка, тешко се искоренува тоа.
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Петарда да пукне во Македонија тоа е атомакса бомба, атомска бомба да пукне во Грција тоа е петарда. Тоа е состојба на умот, тоа е трениран интелект од мало, од градинка, тешко се искоренува тоа.
Комуњарско-бугарски менталитет можеби тешко се искоренува, но лесно се идентификува и локализира.
Затоа и не мора да се искорени. A пропаста на Јунанистан изразена преку затворање на објект наречен Македонија каде што е практикувана анти-макединската политика е повеќе од симболична.

“Кога ги слушнав новостите веднаш ми текна на нашите домашни „експерти“ и евроентузијасти-романтичари што од ден на ден, од месец на месец, ни ја раскажуваа својата верзија на бајката за европски мед и млеко. Се сеќавате нели на антологискиот пропаганден бисер на Стојан Андов, кој нé убедуваше дека во моментот кога ќе се зачлени Македонија во ЕУ, веднаш ќе го решиме проблемот со невработеност така што 270.000 невработени ќе се вработеле во Грција и ќе земале 700-800 евра плата. Демек, само што сме станале членови на ексклузивниот клуб, се отворила славината за мед и млеко. ...

Овие весели нумери од настапите на наши истакнати комедијанти секогаш отвораат простор за дилемата: што сé може да ви се случи, да не кажам на што ќе слетате, ако тргнете по умот на некој истакнат бумбар. ...

Ако постои нешто што може да се опише како смеа во најава, тогаш тоа е овој момент на исчекување горепосочената категорија толкувачи на глобалната политика да се најде заринкана на суво и по формирањето на најновиот „цврст став“ на евроатлантската меѓународна заедница околу името на Македонија. По три години еднонасочни бранови на стегање, натегање, притисоци, закани, уцени и блокади, Вашингтон дојде до сензационално откритие: Грција била крива што Македонија не влегла во НАТО пред три години. Ма, дали е можно! Грција ја прекршила Привремената спогодба!?

Така ли се кажува тоа бе, човеци! Апла! Камо малку финоќа, малку внимание, малку дипломатско „мајка ти шета по ќерамиди“. Кутрите Грци уште не можат воздух да земат од сé што ги снајде во овој концентрат од време, и сега американскиот врв им соопштува две црни вести: Едната е дека тие се криви што Македонија е блокирана, па поради тоа дома си отворила „некои контроверзни теми и проблеми“, а втората е дека не се работи за Македонија балканското слепо црево, ами онаа со прецизна географска одредница - држава што е балканска и евроазиска раскрсница. Убаво! Многу убаво! Се надевам дека и шашардисаниот Саркози сега ќе си го ресетира својот „француски став“ по тоа прашање. Само што не е ферски целиот куп политичко ѓубре сега да се истури само во Атина. Ако сме по правдата, не е фер и целата вина да се префрли ни кај нашиве истурени прволинијаши од Бихаќка и од Перо Наков. Што се криви тие? Добивале децата инструкции и насоки на дејствување и дејствувале, пардон, слепо летале по својот бумбар-водач. Не се криви што бумбарот без кочење влегол нагло во кривина од 180 степени, а тие завршиле сплескани на карпите крај патот. ...

Се надевам дека нема и овој пат да паднеме на финтата на митскиот данајски подарок и да поверуваме дека овој пат победила правдата. Не. И во случајов се работи за политички интерес, за прагма. Да потсетам: почната е нова голема игра за прераспределба на светската моќ. Се преуредуваат светот и неговите постојни институции чии темели беа поставени по Втората светска војна, а се поткопани по падот на едниот носечки столб - Советскиот Сојуз и неговиот Источен блок, со преземањето на улогата на светски хегемон од страна на САД, со воведувањето политика на перманентни воени интервенции, со дивеењето на либералкапитализмот што доведе до експлозија на светскиот економски систем... Се ближи времето за замена на старата со нова парадигма. Во овој момент западните лузери имаат потреба и од консолидација и од следбеници и од простор на шаховската табла на која силовито атакуваат финансиски безбедните, бројчано надмоќните и со ресурси пребогати Азијати, Латиноамериканци и Африканци. Бившите хегемони не се луди да бидат исфрлени од игра за пет-шест локални инсекти што паднале во романтичарски евроатлантски севдах. Впрочем, геополитиката никогаш не била поле за натпревар на заљубени тетреби. “

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11181195422&id=13&prilog=0&setIzdanie=22434
 

Kajgana Shop

На врв Bottom