Албанија позадолжена и од Грција

Член од
24 март 2010
Мислења
15.327
Поени од реакции
26.274
За нас нема криза пошто Македонија од секогаш била во криза.
А економијата на Косово ќе падне во истиот момент кога од таму ќе си отидат UN, европјаните и американците.
Со првото се согласувам донекаде, Европа сега почна функционира под условите во кои ние функционираме 20 години наназад.
Факт е дека Косово зависи од тие што ги наброја, ама тешко дека во догледно време би заминале од таму.
 

nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
По патот до обалците со Elena92, леле, леле.
Со првото се согласувам донекаде, Европа сега почна функционира под условите во кои ние функционираме 20 години наназад.
Факт е дека Косово зависи од тие што ги наброја, ама тешко дека во догледно време би заминале од таму.
Секој кој го читал уставот на EU ќе свати дека истиот е копиран од нашата бивша Југославија пошто има доста сличности.

А за Косово, не реков дека би заминале во догледно време, но во моментот кога ќе заминат тоа ќе значи и пропаст за истата држава, криминалот цути, црниот пазар исто така, на крај ќе видиш дека тоа е уствари нашето балканско Мексико, влегуваш преку планина и ти се губи секаков траг.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Да им честита на Косово ?
Не зафркавај Косово е сеуште протекторат .
Република Косово е , барем за Македонија.
--- надополнето: Nov 16, 2011 4:13 PM ---
А за Косово, не реков дека би заминале во догледно време, но во моментот кога ќе заминат тоа ќе значи и пропаст за истата држава, криминалот цути, црниот пазар исто така, на крај ќе видиш дека тоа е уствари нашето балканско Мексико, влегуваш преку планина и ти се губи секаков траг.
Не ви успеа да ја прогласите Албанија за земја позадолжна од Грција , па сега стрелите ги насочивте кон Косово.
Тие сакаат да направат држава, а не мафија, влијанието на странските институции на Косово е сведено на минимум.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Република Косово е , барем за Македонија.
--- надополнето: Nov 16, 2011 4:13 PM ---

Не ви успеа да ја прогласите Албанија за земја позадолжна од Грција , па сега стрелите ги насочивте кон Косово.
Тие сакаат да направат држава, а не мафија, влијанието на странските институции на Косово е сведено на минимум.
Koj сакал да ја прогласи Албанија за позадолжена од Грција. Тие од Кирилица или некој друг? Ај доискажи се.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.212
Поени од реакции
996
Малку е смешна оваа дебата ко кај нас економијата да цути. Имаме надворешен долг од 72% од БДП, а ја прогласуваме Албанија како следна Грција. Јас мислам дека ние ке бидеме следната Грција. Зошто? Па од многу причини треба да се смириме малку со нерезонскиот надворешен долг кој го имаме и кој го користиме за плати на администрацијата. Ниту еден кредит кој го земавме од ММФ и Светска Банка не е паметно искористен. Прво вложивме во споменици од каде нема повраток на средства (само еден мал дел во ДДВ). Потоа пописот на кој потрошивме над 10 милиони евра, новото задолжување кое синоќа беше изгласено заради повторно платите на администрацијата. Потоа Грција е најголем инвеститор во Македонија. Две Банки се под дриректна грчка контрола и тоа една која е дел од големата тројка Стопанска Банка. Па сега видете доколку се случи банкрот во Грција кои ке бидат следни.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.212
Поени од реакции
996
Да не претерувате малце

Грција

Јавен долг 120% од БДП

Надворешен долг 172% од БДП

Албанија

Јавен долг 59% од БДП

Надворешен долг 38%

Македонија

Јавен долг 26%

Надворешен долг 72%

Србија

Јавен долг (2010-та) : 42%

Надворешен долг (2010-та) : 80%
Па од овде доколку тој е во право... Можеби требаше прво да цитирам но се едно
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Република Косово е , барем за Македонија.
--- надополнето: Nov 16, 2011 4:13 PM ---

Не ви успеа да ја прогласите Албанија за земја позадолжна од Грција , па сега стрелите ги насочивте кон Косово.
Тие сакаат да направат држава, а не мафија, влијанието на странските институции на Косово е сведено на минимум.
Па да во секоја држава има мафија,ама таму мафијата има држава која се вика Косово
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Па од овде доколку тој е во право... Мжеби требаше прво да цитирам но се едно
Никаде не можам да најдам или не знам да најдам дека Македонија има толкав надворешен долг. А со оглед на фактот што дотичниот кој си го цитирал речиси никогаш не остава извор за податоците кои ги пласира, ова за мене е шпекулација.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.212
Поени од реакции
996
Никаде не можам да најдам или не знам да најдам дека Македонија има толкав надворешен долг. А со оглед на фактот што дотичниот кој си го цитирал речиси никогаш не остава извор за податоците кои ги пласира, ова за мене е шпекулација.
Па друже и да е шпекулација и надворешниот долг да не е толкав факт е дека се задолжуваме за безвеза работи и факт е дека Грција е најголем инвеститор во Македонија и исто така факт е дека две банки се под целосна нивна контрола, па и без разлика колкав е нашиот долг (доколку е толкав тогаш работата е сериозна) тогаш ке биде интересно како ке се одрази грчкиот банкрот врз нашава држава...
--- надополнето: Nov 18, 2011 6:05 PM ---
Надворешниот долг доживува историски раст – 1,1 милијарди долари за 12 месеци

Последно освежено на Вторник, 12 Јули 2011 00:40 Понеделник, 11 Јули 2011 20:10

Вкупниот надворешен долг на Република Македонија на крајот од првиот квартал годинава, на годишно ниво, бележи драматичен раст од дури 22 отсто до нивото од 6,3 милијарди долари, што претставува 1,14 милијарди долари повеќе од крајот на март лани.

Никогаш во историјата на независна Република Македонија надворешниот долг на земјата не пораснал толку многу во период од 12 месеци и тоа ни приближно.
Се случувало во изминатите 20 години тој да порасне и за 700 милиони долари во 12 месеци, но никогаш за цела милијарда долари, а камоли 1,14 милијарди или речиси по 100 милиони долари месечно.
Растот на бруто надворешниот долг само во првите три месеци од годинава изнесувал 869 милиони долари и и овој раст претставува убедливо најголем квартален раст на бруто надворешниот долг во историјата на независна Република Македонија.
Од оваа огромна сума на пари, 1.861 милијарди долари отпаѓа на државниот надворешен долг, кој од крајот на март лани се зголемил за 427,5 милиони долари, а од 31 декември лани до 31 март годинава се зголемил за 394,6 милиони долари.
И ова зголемување на државниот надворешен долг во период од само еден квартал е најголемо во историјата на независна Република Македонија.
Од друга страна, долгот на стопанството (банки, останати сектори и заеми меѓу поврзани субјекти) на крајот на март годинава изнесувал 4,34 милијарди долари и бележи раст од 703,9 милиони долари, што иако е повеќе во бројки од државниот долг, процентуално овој раст е помал заради големината на недржавниот надворешен долг.
„...За разлика од 2009 година, кога зголемувањето на долгот на јавниот и приватниот сектор имаше речиси подеднакво влијание врз растот на бруто-долгот, во 2010 година основен двигател на растот беше растечкиот долг на приватниот сектор (со придонес од 82,5% во вкупното зголемување на надворешниот долг),“ пишува Народната банка на Македонија во извештајот за финансиската стабилност во Република Македонија во 2010 година. Сега, трендот повторно се менува и државата е онаа која процентуално повеќе го зголемува надворешниот долг, отколку што стопанството.
И тоа ова не е се. Надворешниот долг со сигурност ќе се зголеми уште повеќе во вториот квартал годинава кога ќе биде вклучен и кредитот од ММФ во износ од 220 милиони евра.
А, за до крајот на годината и да не зборуваме со оглед на фактот што владата има намера да издаде нова еврообврзница наесен.
Со прилична доверба може да се прогнозира дека годинава надворешниот долг на земјата ќе ја надмине границата од 7 милијарди долари.

http://www.ohridsky.com/index.php?option=com_content&view=article&id=604:-11-12-&catid=37:2011-04-02-23-33-12&Itemid=120

Интересен текст кој кажува дека сепак нашиот државен долг кон странство е на највисоко можно ниво годинава. Можеби не толкаво колку што напишав во претходниот пост 72% но сепак е огромен.. Тоа е само за првиот квартал..

Само што проверив на повеке страни меѓу кои http://www.plusinfo.mk/vest/17749/Bruto-nadvoreshniot-dolg-vo-juni-porasnal-za-35-za-12-meseci-do-67-mlrd-dolari, http://www.kapital.mk/mk/kolumna/67589/d-r_rubin_zareski,_univerzitetski_profesor_-_dolgot_kako_prichina_za_panika.aspx,

Надворешнио долг на Република Македонија изнезува околу 36% од БДП... Ако знаеме дека главен извор на средства на Буџетот се всушност даноците нема да биде чудно доколку во иднина ни се зголемат даноците и придонесите со цел да се намали оптовареноста на буџетот и барем процентуално се намали надворешниот долг... Се извинувам уште еднаш за погрешно изнесената бројка која всушност ја препишав.[/quote]
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Па друже и да е шпекулација и надворешниот долг да не е толкав факт е дека се задолжуваме за безвеза работи и факт е дека Грција е најголем инвеститор во Македонија и исто така факт е дека две банки се под целосна нивна контрола, па и без разлика колкав е нашиот долг (доколку е толкав тогаш работата е сериозна) тогаш ке биде интересно како ке се одрази грчкиот банкрот врз нашава држава...
Како и да е, меѓутоа иако не сме баш во најсјајна економска положба тоа не значи дека не смееме да продискутираме нешто за економиите на одредени држави.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.212
Поени од реакции
996
Како и да е, меѓутоа иако не сме баш во најсјајна економска положба тоа не значи дека не смееме да продискутираме нешто за економиите на одредени држави.
Јас не велам да не продискутираме, но да ја нарекуваш Албанија следна Грција, која за разлика од нас, каде ние инвестираме во плати и споменици, како што прочитав на форумов се задолжува за да инвестира во инфраструктурни објекти, од кој ке има голема корист цела држава и од која се очекува голем дел на вложените средства да бидат вратени е смешно...
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Јас не велам да не продискутираме, но да ја нарекуваш Албанија следна Грција, која за разлика од нас, каде ние инвестираме во плати и споменици, како што прочитав на форумов се задолжува за да инвестира во инфраструктурни објекти, од кој ке има голема корист цела држава и од која се очекува голем дел на вложените средства да бидат вратени е смешно...
Ако реално бројките тоа го покажуваат, тогаш ништо не е чудно ако некој друг од опкружувањето вклучително и Македонија да биде следната Грција.
Колку тоа задолжување реално ќе се искористи за било какви инфраструктурни проекти и колку тоа ќе е економски исплатливо за Албанија, времето ќе покаже.

А за тоа што насловот е до одреден степен скандалозен ќе го обвиниме тој што ја пишувал статијата, намерно или не тој така влијае да има поголем публицитет :)
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Никаде не можам да најдам или не знам да најдам дека Македонија има толкав надворешен долг. А со оглед на фактот што дотичниот кој си го цитирал речиси никогаш не остава извор за податоците кои ги пласира, ова за мене е шпекулација.
Не сум тука да те лажам , ако надворешниот долг ни е од 6.7 - 7 милијарди долари , и ако БДП-то ни е 9.2 милиарди долари , тогаш надворешниот долг е од 73%- 76% од БДП-то.

Донеси ни други податоци ти ако имаш.

Со прилична доверба може да се прогнозира дека годинава надворешниот долг на земјата ќе ја надмине границата од 7 милијарди долари.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.747
Не сум тука да те лажам , ако надворешниот долг ни е од 6.7 - 7 милијарди долари , и ако БДП-то ни е 9.2 милиарди долари , тогаш надворешниот долг е од 73%- 76% од БДП-то.

Донеси ни други податоци ти ако имаш.
Каде имаш извор со официјален процент, каде експлицитно фигурира 76% од БДП како надворешен долг?
Се што претходно си го напишал се твои лични податоци кои сам си ги пресметуваш. Ако ти веруваш дека тоа е точно, во ред.
Меѓутоа, со оглед на фактот што повеќето од твоите постови се ширење на пропаганда на форумов, терај си работа.

Поздрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom