L
.Lost Angel.
Гостин
Вкупно 40 општини во Македонија ќе добијат стари автобуси кои се во возна состојба, а ќе ги користат за потребите на општината.
Имено, Град Скопје заедно со Јавното сообраќајно претпријатие и Здружението на единици на локална самоуправа ќе донираат автобуси во возна состојба на 40 македонски општини.
“ЈСП заедно со Градот Скопје одлучи да донира дел од постарите автобуси кои се во возна состојба. Заедницата на единици на локална самоуправа се обрати до сите општини низ Македонија со понуда дали би сакале да добијат автобус од ЈСП и на наше задоволство токму сите општини кои побараа ќе добијат, па се надевам дека нема да има незадоволни општини“, рече директорот на ЈСП, Мишо Николов.
Одлуката за донирање на стари автобуси на општините беше донесена на седница на Советот на град Скопје, на која беше донесен нацрт буџетот на градот за наредната година.