Православието ерес или вистина?

Nokia music

благодат, милост и мир од Бог Таткото
Член од
15 ноември 2011
Мислења
62
Поени од реакции
3
Па човек кога е бесен вика (става извичници, форумџиска култура), ти стави три, значи си ептен бесен, но who gives a f*ck.
Изгледа кај вас нововерците и чувствата се испомешани па ставате извичници кога сте срекни.
колку за твоја информација сеуште се одвикнувам од ставање извичници бидејки премногу ставам и кога разговарам за бош работи. Нема веза како што кажав, не сум должен да давам сметка пред никој освен пред Бог :D
--- надополнето: Nov 17, 2011 5:44 PM ---
Јас сум специјален случај, јас сите ги сакам без разлика во што веруваат или не веруваат... Но знам дека не сум единствена .... :)
Great ако е така :giggle:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Сега ако може да те прашам од кај знаеш дека кај „православните кругови“ (?) Светото Писми се наоѓа на крајна полица со книги, а на првите места од работната маса се наоѓаат делата од Светите Отци.
Не на крајната полица со книги, туку никаде ја нема на полиците со книги!!! А тое е многу лесно да се докаже. Самите православци тоа го изјавуваат и тоа во медиумите. Мислам дека ова ќе биде доволен пример за да се увериш, во изјавата на отец Партениј од манастирот Св. Јован Бигорски:

Во библиотеката на "Бигорски" немало стари ракописи

"До 1995 година, поточно, до моето доаѓање, во манастирот немаше ниту Библија. Библиотеката почна да се создава со моето доаѓање, со првото Евангелие што го ставив на светиот Престол во олтарот. Книгите што изгореа беа претежно богослужбени книги, кои датираа од 19 век, и ги имаме во нашите метоси.“

Извор:

http://www.vest.com.mk/?ItemID=7C57E0D375B0BE43B8AC2BECCBF42FA9&arc=1

Е па сега, ако во еден манастир од ваков калибар немало Библија се до 1995 година, тогаш нема потреба да се зборува за останатите цркви и манастири во Македонија дали имаат или немаат Библија на своите рафтови за книги.

Заклучокот е јасен!!!

Со почит, Госпел.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614

Здраво, почитуван gospel. Мило ми е што се појави после вратоломниот гаф со домашните миленичиња на сиромашните семејства во стара Јудеја во 1 век од нашата ера.

Што се докажува со ова горепоставеното? Мене не ми е јасно. Од кај знаеш можеби немало ни полици. Тоа некаде го пишува ли? Треба да се водиме според напишаното и во весниците. Чим не е споменато, значи не постоеле. (ова според вашата логика) Во манастирската библиотека во 1995 година кога почнало да се обновува монаштвото немало ништо. Ниту светоотечки записи ниту Свето Писмо. Си чул за СФР Југославија и нејзиниот однос кон монасите, манастирите и Светото Писмо? Од 1945-1995 забрането било монаштвото односно немало монаси. Како може да најдат Свето Писмо во нешто што со децении било руинирано и запуштено, а многу често и ограбено. Последните монаси можеби си го земале Светото Писмо со себе бидејќи не сакале да биде изгорено или ограбено.
Наместо да го дадеш оној интересен новинарски запис на игуменот Партениј кој сведочи за тоа како нашол неколку изгасени свеќи од напуштениот манастир во 1995 (која сведочи за неизгасната вера кај простиот православен македонски народ) ти пак ја извршуваш дејноста наречена-вадење на работи од контекст.
Тоа што пред неколку години изгореле претежно богослужбени книги (за што всушност и говори линкот) кажува дека Светото Писмо монасите си го чуваат во своите ќелии, а не го ставаат архивирано со прашина во крајна полица на библиотека.
„Манастир од таков калибар.“- каков е овој израз? За православните сите манастири се подеднакво свети места. А не се манастири од калибар(?) и манастири без калибар(?).
И да те потсетам дека дискусијата помеѓу мене и другиот член се однесуваше за „православните кругови“(?), нивните полици, и триста тракатанци со која тој друг член сакаше да ми докаже дека секој простестант спие до цензурираната Библија, а сите „православни кругови“ не ја ни бришат прашината од Светото Писмо.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
За одговор ќе ти дадат едно категорично-НЕ. На тоа ќе додадат дека ти си индоктриниран/а од православната или католичката црква која е (цитирам) гнасотија и прави обреди аналогни на хорор филм. Дека ти е испран мозокот со црковни догми и дека си далеку далеку од Христовата наука.
А да- и дека не го толкуваш правилно Светото Писмо. Па зарем може православен или католик да толкува вистински и изворно?
Како додаток сигурно ќе постават цитати со фарисеите и ќе речат дека тие се директи претци на православните свештеници.
Во Светото Писмо се што е споменато во позитивен контекст тоа се однесува за нив. Како на пример дека се само тие повикани исто како и апостолите да одат во лов на луѓе. А тоа што е во негативен-тогаш тоа се однесува на православните или пак католиците во зависност од земјата во која дејствуваат.
Не ги меши католиците. Ова е тема за православните. И бидејќи сум прозван, се чувстувам да ти одговорам соодветно да можеш да разбереш:
2 Послание на светиот апостол Петар 1,10-19

Браќа, затоа уште повеќе настојувајте да го зајакнете вашиот позив и избор, оти, ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите, бидејќи по таков начин ќе ви се овозможи слободен влез во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Поради тоа секогаш ќе се грижам да ви ги напомнувам овие работи, иако ги знаете, и да сте утврдени во сегашната вистина. Па и право е, додека сум во ова тело, да ве подбудувам со напомнување, оти знам дека наскоро ќе го оставам моето тело, како што Господ наш, Исус
Христос, ми јави. А ќе се погрижам на ова да се потсетувате секогаш и по мојата смрт.Зашто ние ви ја покажавме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени параболи, туку откако станавме очевидци на Неговото величие. Оти Он прими чест и слава од Бога Отецот, кога од велелепната слава Му дојде ваков глас: <*Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Моето благоволение”. И тој глас, што дојде од небото, ние го чувме, кога бевме со Него на Светата гора. А освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што на него му обрнувате внимание, како насветило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца.

Воопшто не ми беше целта да ги навредам верските чувства на католиците ниту пак да ги спомнам во лош контекст. Нив ги спомнав како пример со цел да посочам на тоа дека протестантите во земји со мнозинско католичко население дејствуваат на ист начин како и протестантите во земји со мнозинско православно население. И дека исти зборови употребуваат и против едните и против другите.
 
G

galaxy

Гостин
Православни, еангелисти, католици, протестанти и остали бидете среќни дека Јахве не постои, оти вие први ќе горевте во пеколот.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Православни, еангелисти, католици, протестанти и остали бидете среќни дека Јахве не постои, оти вие први ќе горевте во пеколот.
Па тебе едната нога веќе ти гори во пеколот, побратиме.......иако не си во горе-споменативе.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Добро бе луѓе па нели верувате во еден Бог, нели тоа треба да ве држи заедно и поблиску? Изгледате како мали деца кои се прелажени од рекламите на различните верски храмови! Што толку ви пречи кој на каков начин верува и се моли. Си ги покажувате вистинските лица и го зборувате името на Бог напразно. Ако вистински верувате нема вака да се однесувате, па макар и на форум. Се гледа дека вашите намери да плукате по другите се со туѓи цели. Или верувајте вистински или не ми се правете верници.
Се нервирам од луѓе што лажно се претставуваат дека веруваат во Бог, а со своите постапки се далеку од него.
 
Nokia music

благодат, милост и мир од Бог Таткото
Член од
15 ноември 2011
Мислења
62
Поени од реакции
3
За одговор ќе ти дадат едно категорично-НЕ. На тоа ќе додадат дека ти си индоктриниран/а од православната или католичката црква која е (цитирам) гнасотија и прави обреди аналогни на хорор филм. Дека ти е испран мозокот со црковни догми и дека си далеку далеку од Христовата наука.
А да- и дека не го толкуваш правилно Светото Писмо. Па зарем може православен или католик да толкува вистински и изворно?
Како додаток сигурно ќе постават цитати со фарисеите и ќе речат дека тие се директи претци на православните свештеници.
Во Светото Писмо се што е споменато во позитивен контекст тоа се однесува за нив. Како на пример дека се само тие повикани исто како и апостолите да одат во лов на луѓе. А тоа што е во негативен-тогаш тоа се однесува на православните или пак католиците во зависност од земјата во која дејствуваат.
Библијата е Авоторитет пријателе, и тоа поголем авторитет од било кој православен митрополит, и далеку поголем авторитет од папата.
Како авторитет се во запишано во неа е Амин за секој христијанин.

Еве да ти покажам спротивно од тоа што го велиш дека Цитирам ' Како додаток сигурно ќе постават цитати со фарисеите и ќе речат дека тие се директи претци на православните свештеници. '
ќе ти поставам стихови каде православна е скроз контрадикторна во однос на Библијата.

Езекиел
:
8:10
Влегов и погледнав, и ете, секакви слики на лазачи и на гнасни животни - сè идоли на Израелевиот дом, нашарани на ѕидот, секаде наоколу.
8:11
А пред тие идоли седумдесет луѓе од старешините на Израелевиот дом, и меѓу нив и Сафановиот син Јазаниј. И кај секого од нив во раката кадилница, од која се подигаше густ облак на силно мирислив темјан.
14:4
Затоа речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „На секој од Израелевиот дом кој носи идоли во срцето и ги насочува очите во она што ги поттикнува на грев, а доаѓа кај пророкот, Јас, Господ, ќе му одговорам според мноштвото на неговите идоли,

Исаија
:
2:8
Земјата му е преполна со идоли, и тие се поклонуваат пред делото на своите раце, пред она што го направија нивните прсти.
Псалм
97:7
Нека се засрамат сите што се поклонуваат пред слики и кои се фалат со идоли. Поклонете Му се, сите богови!
115:4
Нивните идоли се сребро и злато, дело на човечките раце.
135:15
Незнабожечките идоли, се сребро и злато, тие се дело на човечки раце

Хабакук
:
2:18
За што ползува делканиот лик, та уметникот да го делка? За што леаниот лик, учителот на лага, та неговиот творец да се доверува на делото свое, обликувајќи неми идоли?

Исаија 1:13
13
Прекратете да Ми носите ништожни приноси, темјанот го замразив. Млади месечини, саботи и собори - не поднесувам празнувања и беззаконија.
14 Вашите млади месечини и празници ги мразам од сета душа - тешки Ми се, не можам да ги поднесам!

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.242
Поени од реакции
12.251
Библијата е Авоторитет пријателе, и тоа поголем авторитет од било кој православен митрополит, и далеку поголем авторитет од папата.
Како авторитет се во запишано во неа е Амин за секој христијанин.

Еве да ти покажам спротивно од тоа што го велиш дека Цитирам ' Како додаток сигурно ќе постават цитати со фарисеите и ќе речат дека тие се директи претци на православните свештеници. '
ќе ти поставам стихови каде православна е скроз контрадикторна во однос на Библијата.
Библијата не е никаков авторитет... не мафтај наоколу со еврејски мисли и грчки искасапени списи како да се твои...
Разгледај по форумов, има теми каде што се зборува и за библијата колку е валидна...
Малиот милион промашени преводи, несоодветстуваат со оригиналната еврејска мисла, се добиваат малигни преводи, кои заразуваат многумина... И нормално треба да спориме со такви што е и како е...

Затоа и има над 3000 христијански различни Цркви... вие меѓу себе не се познавате не пак со тоа книжуле други да убедите во својата вера како вистинска и полезна.

Подобро Тората да се проучува како пат кон богот отколку некое мудрување на некој рисјанин како тој го разбира ЕВРЕЈСКИОТ бог...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Библијата е Авоторитет пријателе, и тоа поголем авторитет од било кој православен митрополит, и далеку поголем авторитет од папата.
Како авторитет се во запишано во неа е Амин за секој христијанин.

Еве да ти покажам спротивно од тоа што го велиш дека Цитирам ' Како додаток сигурно ќе постават цитати со фарисеите и ќе речат дека тие се директи претци на православните свештеници. '
ќе ти поставам стихови каде православна е скроз контрадикторна во однос на Библијата.

Езекиел
:
8:10
Влегов и погледнав, и ете, секакви слики на лазачи и на гнасни животни - сè идоли на Израелевиот дом, нашарани на ѕидот, секаде наоколу.

8:11
А пред тие идоли седумдесет луѓе од старешините на Израелевиот дом, и меѓу нив и Сафановиот син Јазаниј. И кај секого од нив во раката кадилница, од која се подигаше густ облак на силно мирислив темјан.

14:4
Затоа речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „На секој од Израелевиот дом кој носи идоли во срцето и ги насочува очите во она што ги поттикнува на грев, а доаѓа кај пророкот, Јас, Господ, ќе му одговорам според мноштвото на неговите идоли,

Исаија
:
2:8
Земјата му е преполна со идоли, и тие се поклонуваат пред делото на своите раце, пред она што го направија нивните прсти.
Псалм
97:7
Нека се засрамат сите што се поклонуваат пред слики и кои се фалат со идоли. Поклонете Му се, сите богови!

Нивните идоли се сребро и злато, дело на човечките раце.

Незнабожечките идоли, се сребро и злато, тие се дело на човечки раце

Хабакук
:
2:18
За што ползува делканиот лик, та уметникот да го делка? За што леаниот лик, учителот на лага, та неговиот творец да се доверува на делото свое, обликувајќи неми идоли?

Исаија 1:13 http://www.mkbible.net/biblija/index.php?Isaija%201
13
Прекратете да Ми носите ништожни приноси, темјанот го замразив. Млади месечини, саботи и собори - не поднесувам празнувања и беззаконија.
14 Вашите млади месечини и празници ги мразам од сета душа - тешки Ми се, не можам да ги поднесам!
И далеку поголем авторитет од Мартин Лутер и далеку поголем авторитет од секој протестантски пастор исто така. Среди ја својата градина, па потоа гледај ја и суди за другата.

Чуму тогаш си ја отворил темата? За да навредуваш и исмеваш нечие верско чувство?
Препорака до тебе- прогласи го православието за ЕРЕС и избриши ја ВИСТИНАТА кога и онака твојот одговорот си го знаеш. И готово. Барем така мирно и задоволно ќе можеш да спиеш. Остави ги православните во нивната заблуда без притоа да ги предизвикуваш на бесполезна дискусија. За нив иконите НЕ се идоли. Точка. И тие за нив не се во никаков расчекор со Светото Писмо. Потсети се на склуптурите со херувимите спомнати исто така во Стариот Завет. Тоа што е? Идолопоклонство?

И сега што правиме со толку различни ставови? Како што вика Nessa, секој нека си верува во тоа што сака и покажете малку достоинство и разбирање за другиот кој и да е- било атеист било агностик било верник.
Не мора да се користат зборови од типот тоа е како хорор филм, ти човече се читаш ли што пишуваш и така натака.

На крај да не испадне Биг Бен London Town и зошто не верувате во него.
 
Немаше да дојде до вакви испади од моја страна ако не истапеше со пророчки дух. А критики од православна кон протестантите имало и ќе има секогаш, можеш ова и нив да им го речеш да не речам ама ќе речам и самиот да си го речеш. :confused: Океј ќе ја затворам темава.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Тоа што пред неколку години изгореле претежно богослужбени книги (за што всушност и говори линкот) кажува дека Светото Писмо монасите си го чуваат во своите ќелии, а не го ставаат архивирано со прашина во крајна полица на библиотека.
Дали тоа значи дека Светото Писмо не е богослужбена книга т.е. дека не се користела и не се користи во богослужбите?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Дали тоа значи дека Светото Писмо не е богослужбена книга т.е. дека не се користела и не се користи во богослужбите?
Се послужив со истиот линк.
Прашање: Кои книги изгореле?
Одговор:Книгите што изгореа беа претежно богослужбени книги, кои датираа од 19 век, и ги имаме во нашите метоси. Штетата е секако голема, но олеснителна околност е тоа што овие богослужбени книги, таканаречени минеи, кои се 12 на број, за секој месец посебна, се руски изданија кои и до ден-денес се користат за вршење на богослужбите, па според тоа се често застапени по црквите. Дури може да се каже дека во некои други цркви има и повредни примероци", вели отец Партениј кој е управител на манастирот "Свети Јован Бигорски".
Прашање: Дали Светото писмо е богослужбена книга која се користела во минатото и денес?
Одговор: „Библиотеката почна да се создава со моето доаѓање, со првото Евангелие што го ставив на светиот Престол во олтарот.“-игумен Партениј.

Климент, Наум, Кирил и Методиј ги преведувале богослужбените книги и Светото Писмо со цел да можат да одржат литургија на народен разбирлив јазик. Сигурно е дека не ја преведувале Библијата за да им ја продаваат или пак за да им ја делат бесплатно на верниците.
Јас како лаик толку можам да ти ја разрешам дилемата. Мене според овие две изјави јасен ми е одговорот на твоето прашање. Ако не успеав да помогнам тогаш најверодостоен одговор би можел да добиеш од самиот игумен.
Поздрав.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom