Бугарите го произведоа својот прв патнички автомобил

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
Во погоните на бугарската фабрика Литекс Моторс, во соработка со кинеската комапнија Great Wall е произведен првиот бугарски патнички автомобил.
Менаџерот на Литекс Моторс, Кирил Георгиев изјави дека е монтиран првиот автомобил од марката Great Wall Voleex C10, а сериското производство во фабриката треба да започне следната година, кога и официјално ќе се отвори фабриката во која веќе работат 2.000 лица.

Компанијата, поради големата заинтересираност, веќе разви дилерска мрежа и отвори претставништва во две балкански земји.

Во Литекс Моторс ќе се произведуваат три модели на патнички возила, вклучувајќи џип и пикап, кои според најавите на компанијата треба да бидат евтини и квалитетни.

Voleex-C10.jpg


Aс искам да си купав вакво :pos: блгарско количе
 
Потег за поздрав, од купување на странски коли огромни пари се излеваат од сите држави без свој погон, и ние би требало да се угледаме на нив.

Ионака пола Македонија вози коли увезени од Бугарија.
 
Не е баш за смеење ова. Ќе имаат своја кола и 2000 вработени.
 
Ето една од првите Voleex C10 кои се купени во Бугарија од новата дилерската мрежа. Сликата погоре е на спортската верзија, а таа е стандартната.

CIMG0031.jpg


CIMG0028.jpg



CIMG0024.jpg
 
Паметен потег.Можевме и ние сега да возиме ауди ама ја усра работата владата ни тогашна.Што има да купуваат странска кола подбро ќе си купат домашна ем пари дома,ем поевтини делови итн.
 
Паметен потег.Можевме и ние сега да возиме ауди ама ја усра работата владата ни тогашна.Што има да купуваат странска кола подбро ќе си купат домашна ем пари дома,ем поевтини делови итн.

Како што цела Индонезија носи Адидас патики...
 
Ето една од првитеVoleex C10кои секупениво Бугарија од новатадилерската мрежа.Сликатапогоре ена спортската верзија, а таа е стандартната.

CIMG0031.jpg


CIMG0028.jpg


CIMG0024.jpg
А зашто е на цол табли? Каде се произведува?
 
Дилерската мрежа отвори пред почетокот на производството. Првите стотина автомобили се увоз од Кина затоа. Инаку сликите ориентираат за тоа што претставува реално автомобилот ..
--- надополнето: Nov 16, 2011 11:55 PM ---
Уште еден интересен детал. Овие автомобили се прават со делови на светски производители, што ме изненадува предвид нивната цена. Мотори се Митсубиши, а тука е друг интерес детал
CIMG0101.jpg
 
Оваа блгарска кола би требало да биде со цена од 2-3000 евра за да некој би ја купил.. мада воопшто не се сомневам во неквалитетот што ќе го има
 
Многу ми личи колава на Опел Астра. Ми изгледа топ. Никој веќе не е будала да прави неквалитетни автомобили.

бтв
Цитро што мислиш за србското Југо или Пунто? Мада отиде се во заборав.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom