Дали би простиле неверство?

  • Креатор на темата city
  • Време на започнување
Член од
4 септември 2010
Мислења
136
Поени од реакции
32
Не изневерувам, не сакам ни да ме изневеруваат. Непростиво ми е. Што к*р бара со мене ако сака да клецка нешто на страна? Нека си фура сингл ако сака да изневерува, јас ќе продолжам барајќи некој што сака да биде само со една. :)
Ti i da baras takov nema da najdes ON e toj sto ke te najde i on ke bide toj sto ke saka da bide samo so tebe :)
--- надополнето: Nov 15, 2011 3:32 AM ---
Не изневерувам, не сакам ни да ме изневеруваат. Непростиво ми е. Што к*р бара со мене ако сака да клецка нешто на страна? Нека си фура сингл ако сака да изневерува, јас ќе продолжам барајќи некој што сака да биде само со една. :)
Ti i da baras takov nema da najdes ON e toj sto ke te najde i on ke bide toj sto ke saka da bide samo so tebe :)
 
С

Сатори

Гостин
Ве читам вака утрински и не знам дали да се смеам или не ...
Како е се толку едноставно, никој никого не го изневерува, сите сакаат љубов и сигурност, емоциите се стабилна категорија, никој не почувствувал слабост.
По исказиве, човекот е најсимплифицираното суштество на светот, најрационалното и најконстантното.Сите се имаат пронајдено себе на млади години и сега се фокусирани како да станува збор за филм на Камерон.
Што треба да прават сите оштетени души кои ги гледале Вуди Ален и Кјубрик, да се самоубијат претпоставувам. o_O
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Expirentia est omnium rerum magistra. Искуството е учител на се. Многу работи секоја генерација одново ги учи.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ве читам вака утрински и не знам дали да се смеам или не ...
Како е се толку едноставно, никој никого не го изневерува, сите сакаат љубов и сигурност, емоциите се стабилна категорија, никој не почувствувал слабост.
По исказиве, човекот е најсимплифицираното суштество на светот, најрационалното и најконстантното.Сите се имаат пронајдено себе на млади години и сега се фокусирани како да станува збор за филм на Камерон.
Што треба да прават сите оштетени души кои ги гледале Вуди Ален и Кјубрик, да се самоубијат претпоставувам. o_O
Човекот посекако не е едноставно суштество. Но, од друга страна вака како тебе зборува само човек кој изневерил. Оној кој се исправил пред својата слабост ќе каже дека е тоа возможно, оној пак кој не успеал ќе се повика на човековата слаба природа. Тоа е само изговор за лична постапка.

П.С Инаку Вуди Ален прави и добри и лоши филмови. На пример, Меч Поен е тешка глупост од филм, ама па и да го земам за репер човек кој за жена си ја зел посвоената ќерка мене ме прави човек со лошо расудување. Искажувањето на љубовта преку уметноста, во случајов филмот е само начин да се привлече публика за да се продаде производ. Ален бар знае. Приватниот живот му е поголем циркус од било кој негов филм;)
 
Не би била толку виртуелно настроена за да зборувам за нешто кое што не сум го искусила.
Многу добро знам како е да изневеруваш и да бидеш изневерен, боли и во двата случаи, во првиот од вина, во вториот од беспомошност.Ме прочита некаде да оправдувам мазохизам?
Само бев исповоцирана од огромното количество на лицемерие кое што го читам, тоа е се.Сите имаат моменти на слабост, тоа не е оправдување, тоа е фактичка емоционална состојба.
А силата за справување со истата се учи, никој не се раѓа со самоконтрола.

П.с.Вуди Ален барем има приватен живот од кој што може да црпи инспирација, колку и да нели, морално неисправна.
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.626
Поени од реакции
31.488
wow lele majko se tuka virgo intackta.,....site svetci i svetici., .,.....

e sega i shutrachki., izneveruvanje ., podrazbira i ., ako vidite nekoja ., vi se krene i pravac na drkanje., ili ., na nekoja popat ja videla starata simpatija ., i celata e mokra ta ni pampers ne ja spasuva., shto mislite ., deka ovoa ne e izneveruvanje ..., edinstveno samo shto nema fizichki kontakt.,.... e sega koj ke kazhe sprotivno ke izlazhe., .,... priroda e toa., napliv i nagon na hormoni koi nemozhat da se kontroliraat., a za prostuvanjeto ., e toa e poteshkiot del., se zavisi ., kolku ste spremni da rizikuvate ., takva sluchka povtorno da se sluchi., ., vo zhivotot nishto ne e statichno., pa ni ovoj segment od bitisuvanjeto
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Не би простил неверство ако дознаам.Изневерувам понекогаш,ама не би простил.И сосема ќе ми биде јасно доколку ни мене не ми простат ако бидам фатен.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не би била толку виртуелно настроена за да зборувам за нешто кое што не сум го искусила.
Многу добро знам како е да изневеруваш и да бидеш изневерен, боли и во двата случаи, во првиот од вина, во вториот од беспомошност.Ме прочита некаде да оправдувам мазохизам?
Само бев исповоцирана од огромното количество на лицемерие кое што го читам, тоа е се.Сите имаат моменти на слабост, тоа не е оправдување, тоа е фактичка емоционална состојба.
А силата за справување со истата се учи, никој не се раѓа со самоконтрола.

П.с.Вуди Ален барем има приватен живот од кој што може да црпи инспирација, колку и да нели, морално неисправна.
Си муабетиме де :)
Инаку во однос на болдот, едно прашање штом веќе дискутираме на ваква тематика. Постојат ли луѓе кои силата за справување ја научиле без да направат грешка, чисто од морални побуди?
 
Mислам, дека нема потреба да се самообвинуваме за искуствата што сме ги имале. Да не биле тие искуства, ниту ти, ниту јас, ниту било кој, не би бил таков каков што е. Наполно се согласувам со тебе и би додал, сексуалниот нагон е вроден, но вештината на водење љубов и на само контрола, се учи. Твојот пост е прекрасен.
Си муабетиме де :)
Инаку во однос на болдот, едно прашање штом веќе дискутираме на ваква тематика. Постојат ли луѓе кои силата за справување ја научиле без да направат грешка, чисто од морални побуди?
Мислам, дека не постојат такви луѓе. Моралните побуди се значајни, јас секогаш сум се трудел да не ги повредам партнерките, но потребно е и лично искуство. Во љубовта, најчесто, работите не се рационални.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Неверството е животен факт.
Сите ние сме цело време неверни, само некои од нас успеваат своите неверства да ги задржат во главата, на други им поаѓа од рака да ги закопаат во потсвеста, но тоа не го менува фактот дека постојат и се случуваат.

Живееме во време на купување според споредба. И како луѓе истата таа споредба не ја вршиме нумерички, според некоја единица мерка. Таа секогаш се прави дијалектичики - една со друга. Секогаш сакаме да бидеме сигурни дека сме ги добиле најдобрите услови.
Потрошувачково општество, постојано ни потенцира дека не би требало да бидеме задоволни со она што веќе го имаме - било да се работи за мобилен телефон, облека, сопствени тела или пак партнери.
Списанијата и порталите служат со една цел - а тоа е да ни се разбуди желбата. Желба да се добие уште, да се добие најдоброто и некад правиме будали сами од себе, дека истото може да се најде во прегратките на трета личност.

Неверството е една од понудените опции кога во врската фали нешто, кое што драматично се одразува на истата. Многу луѓе ја користат, дел од нив се каат, но дел од нив продолжуваат и понатаму истото да го прават.

Би простила и сум простила невероство, оној момент кога другата страна сфатила дека тревата е најсочна кога е под сопствените стапала. И истото не сум го извадила низ нос, бидејќи простувањето е токму тоа. Продолжување понатаму.

Иако не можам една дилема да си ја разрешам и покрај тоа што се случило.. Моменталната емоционална состојба кај оној што изневерува.
После тој чин, преку ноќ љубовта станува поголема и посилна од било кога порано. Дали поради каењето, кој е истовремено и поттикнувач за задржување на партнерот и врската кога се на работ да се лизнат?
Или пак се работи за ронка надеж за себепростување, благодарение на добиената прошка од изневерениот партнер?
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Иако не можам една дилема да си ја разрешам и покрај тоа што се случило.. Моменталната емоционална состојба кај оној што изневерува.
После тој чин, преку ноќ љубовта станува поголема и посилна од било кога порано. Дали поради фактот на каењето, кој е истовремено и поттикнувач за задржување на партнерот и врската кога се на работ да се лизнат?
Или пак се работи за ронка надеж за себепростување од прошката на изневерениот партнер?
Не секогаш љубовта станува поголема. После изневерувањето можен е и раскин на врската, зависи од изневерувачот и партнерот негов. Тие што се слаби ќе изневерат и после ќе плачат по партнерот, оној кој се оладил и да изневери му е сеедно.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Не секогаш љубовта станува поголема. После изневерувањето можен е и раскин на врската, зависи од изневерувачот и партнерот негов. Тие што се слаби ќе изневерат и после ќе плачат по партнерот, оној кој се оладил и да изневери му е сеедно.
Затоа и направив споредба со тревата. Во таквиот случај, неверството е само потикнувач за поголема приврзаност. Во сите останати случаи е индивидуално. Најчесто онаму каде постои оладеноста, не е потребно трета личност да биде причина за раскинувањето. Тоа е само "причина" пред широкиот аудиториум.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Затоа и направив споредба со тревата. Во таквиот случај, неверството е само потикнувач за поголема приврзаност. Во сите останати случаи е индивидуално. Најчесто онаму каде постои оладеноста, не е потребно трета личност да биде причина за раскинувањето. Тоа само "причина" пред широкиот аудиториум.
Да, човечки е да се згреши, било еднаш било повеќе пати. Само во однос на изневерувањето ја би дал една шанса на партнерката, само во случај тоа да било ете од "несакајќи", или ако сме биле оддалечени подолг период. Нормално тревата ќе си расте а може да прерасне и во мочуриште и никогаш да не може и да се згази на неа а камо ли да се стои цврсто. А ако човек е оладен, не ни има потреба да изневери со трета личност. Кај него чувствата се исклучени и кога би "изневерил" тој всушност во "третата личност" би го нашол својот иден партнер.
 
Ќе си земеш косалица и ќе косиш навремено трева, за друг да не ти ја искоси. :)

Нема потреба да изневери, но има потреба од нов партнер? Контрадикторен си.
Да напишеше дека има потреба да ја раскине врската, бидејќи смета дека истата е потрошена, е логично.
Но да нема потреба да биде со друга, а е оладен, а при тоа сака иден партнер е нелогично. Уствари би било логично кога би бил слабак и човек кој нема поим што сака.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Нема потреба да изневери, но има потреба од нов партнер? Контрадикторен си.
Да напишеше дека има потреба да ја раскине врската, бидејќи смета дека истата е потрошена, е логично.
Но да нема потреба да биде со друга, а е оладен, а при тоа сака иден партнер е нелогично. Уствари би било логично кога би бил слабак и човек кој нема поим што сака.
По логика ако е скроз оладен, значи дека тоа е завршена приказна. А за потребата од нов партнер, не мора да значи дека одма тој со кого изневерил, ќе му стане дечко/девојка. Ако и двајцата продолжат да се гледаат после "изневерата", се заборави предходниот партнер, се пронајдат во многу работи кои им се слични, ако се познаваат по мирисот, тогаш би можело да значи нешто, не мора во истиот момент да станат нови партнери.
Само на косилицата одамна изгледа и прегорел моторот... :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom