- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.462
- Поени од реакции
- 5.881
Србија денес има 7.120.666 жители, што е за околу 377.000 помалку од претходниот попис направен во 2002 година, покажуваат официјалните податоци од пописот спроведен минатиот месец.
"Тоа се првичните резултати од пописот кои делумно ќе се променат кога ќе ги добиеме конечните резултати, кои ќе бидат објавени во согласност со обработката и методологијата која се спроведува", изјави директорот на српскиот Завод за статистика, Драган Вукмировиќ за РТС. Тој наведе дека основната причина за намалување на населението е негативниот природен прираст, поради што Србија сега има толку помалку жители отколку пред десет години.
Покрај тоа, бројот на попишаното население е помал и поради бојкотот на дел од населението во Прешево, Бујановац и Медвеѓа, но и поради емиграцијата на дел од населението. Сепак, за Вукмировиќ, резултатот е "очекуван". / vecer.com.mk