Дубаи, изгледа поинаку на телевизија одколку во живо, реално градот и не е баш цвеќе за мирисање како што го увеличуваат на телевизија.
Зашто, па скоро еднаш неделно има песочни бури, све е скапо а градот е направен така да неможеш да шеташ како низ скопје туку за секоја дестинација мора да земеш такси, таксито за дестинација која е одалечена само 3 километри ќе ви земе 10 дирхами, 3,5 дирхами е еднакво на 1 долар.
Сите се онака многу услужливи, кога ќе влезеш во некоја продавница сите онака добар ден, повелете, како може да ви помогнам и слично, но тоа е така бидејќи сите тие се филипинци, филипинки, индијци, индијки, африканци и африканки и сите се трудат да си ја задржат работата бидејќи заработуваат многу повеќе одколку дома и ако некој се пожали ќе летнат од работа, нема втора шанса.
За да преспиете една ноќ во хотел со три ѕвездици ќе ви требаат 115 долари а ако сакате доручек, ручек и вечера ќе треба да доплатите уште 100 долари, сите хотели имаат приватен базен кој е сопственост на хотелот и сончањето по купаќи онакво на кое ние сме навикнати е дозволено за разлика од Кувајт каде што ако се сончате по купаќи ќе ве уапси полицијата за непочитување на законот.
За да спиете со вашата жена во истата соба ќе треба да си го понесете изводот од венчани оригиналот како и нотарски превод на англиски јазик, доколку го немате ќе спиете во одвоени соби, јас не сум женет но пробав да внесам една африканка и за малце ќе ме затвореа среќа што 5 долари имаат голема улога кај персоналот во хотелите кој ме извади од ситуацијата пред да биде прекасно, доколку ве затвори полицијата во дубаи простете се од повторна посета зашто веќе никогаш нема да ви дадат виза.
Малецко хајнекен може да се најде само во ноќните барови и кошта 7 долари флаша, 1кг пиво на точење кошта 22 долари, може да плаќате во долари и евра но кусур добивате дирхами.
Ако сакате да ги раситните еврата или доларите во помали банкноти од по долар, пет долари и слично не може, банките може да ви ги променат само во дирхами, менувачните и western uniun раситнуваат но ги нема многу низ градот.
Плажи имате различни, за европјани и американци, плажа само за мажи, плажа само за жени и плажа само за деца, оние што се само за мажи и само за жени тие се наменети за туристите од муслиманските земји, влезот на плажата се плаќа 5 дирхами или долар и половина.
Сега засега толку, ако некој го интересира повеќе околу ова нека праша слободно .