Едно дете-предност или недостаток?

Член од
27 февруари 2006
Мислења
1.356
Поени од реакции
9
едно дете јас сакам, ништо повеќе не планирам душата да ми вадат.Така и ке биде
е па ако мислиш дека ќе ти вадат душа, тогаш не прави ни едно

лично јас, кога би имал финансии би сакал да имам 4 деца, а според мене едно дете е недостаток, да расте без брака и сестри
 
Член од
24 февруари 2009
Мислења
196
Поени од реакции
3
јас сум сама(неам ни брат ни сестра) и според мене недостаток е да имаш само едно дете
јас и ден денес ги обвинувам моите родители ради ова али сеа касно е...бар така викат моите :toe:
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Мислам дека е предност:wink: можеш да му пружиш повеќе неголи да се две
 
М

Мрак

Гостин
Од една страна е предност бидејќи целото внимание ќе му го посветиш него,ќе бидеш секогаш со нго а детето многу ќе те сака како единствен добар и истински пријател кој секогаш е тука за него.Но од друга срана тоа дете ќе нема со кого да игра освен со другарчињата кои да признаеме не се исто што и брат/сестра па и понекогаш ќе се чувствува осамено.
 
I

Intex

Гостин
Недостаток е за детето, а не сум родител и не можам да кажам дали е недостаток или предност за родителот. Недостаток за детето е поради тоа што се до 5-6 година ке биде осамено и нема да знае што е тоа другарство. А ако има поголем или помал брат или сестра ке има со кој да се дружи, од кој да бара поддршка кога ке му биде тешко и сл.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Повеќе сметам дека е недостаток.
Би имала едно дете само кога би била во лоша економска состојба.
Во секој случај јас сум за две или повеќе дечиња. Али лошо е да се има многу деца а да се нема ни основни средства за живеење, тоа не го оправдувам.

Знам многу лица кои се единче и немаат брат и сестра и тие деца се поразгалени, посебични, научени се многу на внимание и секогаш да е се по нивно :). Има исклучоци, но поголемиот број се токму со овие карактеристики, што е нормално. Едно дете, целата љубов и внимание нему му се посветува, нема тука пример денес играчка за дада/бато а утре за тебе, него се за него е. Подобро кога се има повеќе деца иако љубовта се дели и се посветува внимание и на двете (или повеќе деца) сепак таа љубов не е помала од родителот. Плус браќата и сестрите секогаш се во животот можеби и најдобрите пријатели и секогаш се тука од најмали нозе и за игра, забава, а потоа и за некој за да те ислуша, да ти помогне и сл.
Јас си имам одличен однос со сестра ми и не знам што би правела без неа и да сум единче :)
Затоа сум за повеќе дечиња!
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Јас сум едно дете во семејството,немам ни брат ни сестра.
Неможам да кажам дека не сум разгалена,ама не е тоа отидено ни до претеризам.
Знам да делам работи и воопшто не ми претставува тешкотија своето да го поделам со некој друг,баш напротив.
Има моменти кога нормално,ми фали таа братска/сестринска љубов,но навикната сум на фактот дека сум сама и дека никогаш нема да ја почуствувам.:(:(:(
Инаку,кога ќе пораснам,кога ќе почнам да оформувам свој дом и семејство би имала повеќе дечиња! 3 максимум :):):)
 
А

Аниии

Гостин
Се си има своја предност. Воопшто не е лесно да си сам, но не е ни лесно да имаш брат/сестра...
 
Член од
29 април 2009
Мислења
44
Поени од реакции
0
Ние сме три деца во семејството и секогаш ни било супер и забавно.Навистина не би мозела да го замислам зивотот без моите помали сестрички и многу им сум благодарна на мајка ми и татко ми што ми ги направија.:icon_lol:Инаку јас сега си имам две дечиња и чувството е прекрасно кога ги гледам заедно како си играат и се ословуваат како бато и цецушка:)
 
Член од
14 ноември 2010
Мислења
63
Поени од реакции
24
Недостатоци-осаменост во детството
Предности-добива поголема љубов од родителите ,доколку економски добро се држат ,богами во голема предност е Единецот ,наследство итн итн ...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Според мене дефинитивно е недостаток да се има едно дете. ....поубаво е кога се има две макар и три деца ,тие се радост во семејствата без нив животот не би бил имал смисла ,не ја гледам радоста во тоа дека сите материјалани приходи ќе припаднат на тоа дете ,рАдоста и среќата е со неговото пошироко семејство т.е брат-сестра и не се сложувам дека родителот може да му пружи повеќе љубов ,љубовта би била иста и за 2 и 3 деца итн.само тоа неможе да се подели значи родителот има подеднакво љубов без разлика на нивниот број ...а со повеќе труд и добра организација може да му се пружи и доволно внимание за повеќе деца ,само што обврските се поголеми ..од искуство со работа со деца и родители верувајте дека најголемите проблеми се јавуваат кај таквите семејства со по едно дете.
 
Член од
3 февруари 2012
Мислења
24
Поени од реакции
3
Можеби со финансиската состојба е предност ама се согласувам и со тоа дека ке му треба повеќе друштво на детето и дека ќе се чуствува осамено на моменти...Јас имам многу друграки и другари кои се сами без брат или сестра и понекогаш се жалат дека им недостасува некого со кого ќе можат да се дружат и да си кажуваат тајни и солични работи...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Катастрофа..тие што се одлучуваат само на едно дете се себички копиљци..а па тие што се одлучуваат на ниедно ..немам коментар..кретени од луѓе.
 

TORPEEDOOZ

+_-SNIPER-_+
Член од
6 јануари 2012
Мислења
32
Поени од реакции
25
АЈДЕеееееее, тие што имале само по едно дете биле себични копиљаци ! :facepalm::facepalm:
Епа господа, не секој родител има можности и услови да има повеќе од едно дете !
Доколку немам услови, не ми треба ни тоа едно дете !
Вие само кљанкајте си деца(и десет ако сакате), па потоа испраќајте ги надвор да пасат трева !
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Според мене голем минус е за секое дете, доколку нема брат/сестра .. Тоа е личност од твојот живот кој никој друг не би можел да ја замени, или пополни доколку ја немаш.

Блиски пријатели сите имаме и нив можеме да ги одбираме, да ги сакаме, да им се налутиме, да ги вратиме или исклучиме од нашиот живот поради Х причини. Но бондот со братот/сестрата е нешто посебно и уникатно на свој начин. Ниту еден пријател, колку и да ви биде близок, не може да ја игра таа улога ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom