Борнео (Borneo) - Малезија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Политиката на Малезија - федерална уставна монархија.
Територијата е поделена на 13 држави.

Како се стигнува до таму?
- Може да се лета преку Москва или Дубаи, па после тоа до Куала Лумпур. За крај, ви останува превоз со некоја од малите локални авиокомпании.

wwf_borneo-full.jpg

lankayan_island.jpg

Виза се добива на пристигнување на аеродромот и се издава за 30 дена.

За користење и поседување на дрога - строгата смртна казна.

Климата е многу, многу влажна. Ако одите на работа, најдоброто превозно средство е велосипед или пеш. Во секој случај, треба со себе да си носите резервна кошула.

Се вози по левата страна.

Јавниот транспорт е главно од локално производство (Протон).

Локалното население го сочинуваат најмногу Кинези, Индијци, Филипинци, но има и други.

Split-View_of_Sipadan_Island_Borneo.jpg

Религии и националности има премногу, но во основа владее Исламот.

Ресторани постојат многу, со кујни од различни земји во светот. Најзастапени се кинеските и индиските. Индиските ресторани се слични на нашите, но со многу повеќе зачинета храна.

Поголемиот дел од населението зборува на англиски јазик, особено младите.

Народот по улиците е премногу добродушен и често се смешка. Во првите неколку дена, можете да добиете впечаток дека сите ве поздравуваат како да ви прават чест, дека сте некое познато лице во светот. :)

Ако сте далеку од туристичка зона, не се изненадувајте ако ви побараат луѓето кои го сочинуваат локалното население да се фотографираат со вас. Славни сте. :)

borneo-rainforest.jpg

Флора и фауна - дивината. Високи дрвја насекаде.

Животни и инсекти. Лебарките и нивните слични видови секогаш се присутни околу Вас.

Во морето, во големите длабочини живеат разни суштества, кои можат да бидат отровни.

jellyfish01-mosaic-jellyfish_17905_600x450.jpg

Медузата за локалното население значи исто како што е кај нас копривата. Борба со медузите немојте да започнувате никако (совети од локалните жители), тие се многу поголеми и побројни од нас.

Како одмазда према медузите, ги користат како салата. Патем - можат да се најдат голем број на морски и слатководни животни по многу ниски цени.

Пливањете во морето за домородците е нешто како секојдневие (помеѓу медузите).
Базен може да се најде само во хотелите со повеќе ѕвезди, или во приватни куќи на некои богати луѓе, но тие се реткост.

borneo_s_sea_gypsies_9.jpg

borneo_s_sea_gypsies_6.jpg

Како што се покажало и во пракса, жестоки пијалоци во оваа топла и влажна клима е најдобро да не се употребува.

На островот има неколку карстни пештери со многу лилјаци во нив. Прво ќе го слушнете звукот, па потоа се осеќа миризбата, и на крај се забележуваат пештерите покрај вас.

Во џунглата премногу се чувствува влажноста, па дури и полошо отколку во градот. Спроти тоа, може да се отиде на неколку часа во стаклена градина.

Во џунглата секогаш гледајте надолу, пред да згазнете некоја скорпија, змија или црвени мравки.

Храна во џунглата. Ако нешто сте пронашле во џунглата, што мислите дека множе да се јаде, најпрво напрскајте малку од сокот на вашата кожа и почекајте 15-20 минути. Ако не се појави црвенило или чешање, може да се јаде.

1023orangutan.jpg

Дивите мајмуни во џунглата не се пријателски расположени. Не мислат многу, пред да нападнат.

На островот живеат неколку чудни животни. На пример, минијатурната мечка, која јаде банани (Сончева мечка - Sunny Bear).

Има и едно мрачно Bear-cat (мeчка-мaчка) животно (наликува на мечка и мачка) - со очи на мешавина од овие две животни. Рика многу гласно (дури и мајмуните исплашени нервозно бегаат од него).

Има и птици со смешни имиња, кои извонредно го имитираат звукот на човечкиот говор. Особено е интересно што сакаат да им зборувате на англиски.

Не се препорачува пливање во локалните реки. Тие се многу нечисти и има премногу крокодили.

Borneo_blowpipe_shooting.jpg

Околу Борнео има многу мали и живописни острови.

На еден од овие острови има посебна атракција - прошетка по морското дно (одење по морето). Опремата за снабдување со кислород потребна за едно лице тежи 35 килограми. Со подвижна платформа, ве симнуваат на 5 метри длабочина, и таму може да се види целата локална морска флора и фауна. Препорачано е вакво доживување.

На 30-минутна оддалеченост е прекрасниот остров Labuan. Целиот остров претставува огромна индустриска зона за добавувачи од нафтената индустрија. Половина од населението на островот се работници во овие компании, а другата половина - филипински девојки со лесно доблест.
И нормално, тука е евтиниот алкохол, бидејќи островот претставува зона на слободна трговија.
Labuan е исто така на база на морнарицата.

labuan.jpg

Во џунглите на Борнео расте едно многу интересно "дрво кое се движи" (Walking Tree). Во потрага по вода, корените на ова дрво се полека се движат под земјата. Една година подоцна, можете да го најдете истото дрво на неколку километри од неговото претходно живеалиште (ако воопшто постои такво).

animated-flag-malaysia.gif

Политиката на Малезија - федерална уставна монархија....

Друже браво за темава, фалеше ваква тема за некој егзотичен и преубав остров. Само ме интересира дали има по агенцииве аранжмани за Борнео. Или по бугарски и српски агенции дали има. Јас би го посетил островов. Барем според мене вреди да се посети вакво нешто.
 
најдобро ти е да одиш во сопствен аранжман, агенциите колат за егзотичните дестинации. Прочепкај има евтини летови од airasia.com и можеш да си искомбинираш нешто
 
Друже браво за темава, фалеше ваква тема за некој егзотичен и преубав остров. Само ме интересира дали има по агенцииве аранжмани за Борнео. Или по бугарски и српски агенции дали има. Јас би го посетил островов. Барем според мене вреди да се посети вакво нешто.
Не ти треба агенција, ти требаат пари. :X3:

- Може да се лета преку Москва или Дубаи, па после тоа до Куала Лумпур. За крај, ви останува превоз со некоја од малите локални авиокомпании.
Кога ќе пристигнеш во Куала Лумпур, ти издаваат виза за 30 дневен престој, за да немаш проблеми со одржувачите на редот. Во секое време можеш да се вратиш до Куала Лумпур и да си ја продолжиш визата.

Само треба да знаеш англиски јазик и гајле ќе немаш.
 
Колку би ме фатило во сопствен аранжман? Еве на пример од Бугарија или Србија да летам? над 2.000 евра би требало да е или поефтино?
 
Познат ми островов уште како дете кога заспивав и се будев со стариот Атлас од татко ми.Кога ќе слушнам Борнео секогаш ме асоцира на џунгли,прашуми,скриени богатства,канибали,анаконди и тоа ѕверината Комодо.
 
И мене :(
Еххх да фатам од бинго/лото некое милионче (евра) и се селам таму :ROFLMAO:

шо филмче си напраив :pos:

Бинго - 2.000.000 денари = 30.000 евра (сеуште нема милион)
Лото - 100.000.000 евра (пак нема милион, жалам)
Изгледа само со посета ќе треба да се задоволиш.

Иначе за егзотични острови од секогаш сум бил за да ги посетам само шансиве никако не излегуват:)
 
Па нема еден милион, сто милиони има тука :pos:
 
Имам појдено во Малезија поконкретно во Куала Лумпур и Бату Кејв. Мој совет е ако некој сака да го прошета градот најдобра и најефтина варијанта би му било со хип он-хип оф автобусите.
Застануваат на 20 тина позначајни точки во градот и надвор од него и оперираат 12 часа на ден, карта се купува на автобусот. Друга работа е ако некој сака да се искачи на мостот на кулите да си појди по сабајле и да си резервира место бесплатно зошто одат на одреден број на посетители. Хостелите се навистина евтини (јас платив 10 долари од вечер) и општо храната во локалните ресторани. Има доста Кинези кој продаваат на улица каде се е живо џабе за јадење, но рестораните се супер и навистина храната е петка. Има организирани посети во џунглите за 500-600 долари три дена ама јас немав време да ги посетам. Најевтина варијанта е со www.airasia.com каде што има лет од Париз и Лондон мислам секојдневно.
 
Ај кажи збор-два како стигна таму, колку плати до таму, дали во сопствена режија, дали е скапо таму (какви се цените) итн итн...стварно ме интересира и сакам да појдам таму па кажи нешто.......И кога беше, пред колку време?
 
Само мене ми е страв да одам овде или има уште некој како мене? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom