Борнео (Borneo) - Малезија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Ај кажи збор-два како стигна таму, колку плати до таму, дали во сопствена режија, дали е скапо таму (какви се цените) итн итн...стварно ме интересира и сакам да појдам таму па кажи нешто.......И кога беше, пред колку време?

Бев 2009 та и одев преку Дубаи и Малезија ми беше само некоја стоп станица да извадам виза за Тајланд, останав само 3 дена дека од кој два ги искористив во Куала Лумпур и еден во Бату Кејвс. Најевтино ти е преку airasia ама е малтретирање да фаќаш лет од Париз, јас би побарал лет преку Истанбул, додека до Истанбул би искомбинирал нешто со Пегасус од Скопје. Мислам дека ќе најдеш за околу 600/700 евра повратна карта од Куала Лумпур до Истанбул.
Цените се релативно евтини споредбено со запад, но се поскапи од кај нас. Пишав дека за сместување плаќав 10 долари, ама беше хостел со дорм соба, ако сакаш во хотел цената варира од 50 евра па нагоре. Храната во ресторани е слична како во Скопје, трекинг во џунгла е малку поскап ако сакаш да одиш, но е навистина интересно кога си веќе таму.
Ти се доволни два дена да го посетиш Куала Лумпур и два дена да појдиш на трекинг, јас би ти препорачал ако веќе се закренуваш таму да извадиш виза за Тајланд во Куала Лумпур и со airasia да го посетиш него и Камбоџа (Ангкор). Ако веќе имаш време и буџет тогаш Виетнам ти е исто супер опција да се посети, секако за ова ти треба најмалку 20 тина дена и 2500 - 3000 евра буџет комплет.
Само за Малезија ако не си некој хедонист по мое ќе си поминиш со 1500 евра една седмица вклучително и летовите.
 
Нели на Борнео живееше еден чуден вид на мајмун? (носот и фацата му беше чудна) -Или беше пак на друг остров.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom