Corbadzi, se toa e vo red koga kje dojde sudniot den. A shto dotogash? Koj kje plati za site nepravdi shto se naneseni vrz coveshtvoto?Koj kje plati za tie deca od Afrika, za raznoraznite grozomorstva vo tekot na istorijata?
Ne li e krajno vreme nashiot Tatko da se simne po vtor pat na zemjata? Tolku ljubov vo nego kon nas, tolku amaneti ostai, a sepak negovite cheda dozivuvaat samo gnasotii vo zemskiot zhivot.
Ne saka li toj navistina? Ako ne saka shto ne dojde i da vospostavi raj na zemjata.
Можеби најглавната причина поради која Бог се уште дозволува зло и страдање е Неговата милост и долготрпеливост кон сите нас.
Да појаснам. Ние често се прашуваме зошто Бог не ги уништи сите зла и неправди. Но, што е тоа што Бог треба да го уништи во тој случај?
Тоа сме ние луѓето. Тој треба да ја уништи нашата омраза, насилство, алчност, себичност, љубомора, нечесност итн.
Што мислиш, ако Бог утре реши да го уништи сето зло, неправда и грев на овој свет, колкумина од нас ќе останат живи? Кој е тој човек кој не направил грев во својот живот? Бог може во еден момент да ги уништи сите луѓе, и го има тоа право, бидејќи сите ние имаме грев и заслужуваме казна. Но Тој не ја сака смртта на грешникот, Библијата вели:
"Господ нема да задоцни со својот суд, како што некои мислат, туку долго време трпи, бидејќи не сака да изгинат некои, туку сите да се свртат кон покајание" (
2 Петрово 3:9, Библијата)
Бог е свесен дека како праведен Бог мора да го казни гревот и неправдата. Но Неговата огромна љубов кон нас луѓето не му го дозволувало тоа. Затоа Бог, не деградирајќи ја Својата Праведнсот, ниту Својата Светост, ниту пак Својата огромна Љубов кон човекот, Божествено одлучи пресудата за човекот да ја премости од Едемската градина, на Голготскиот Крст.
Казната за нашите гревови ја презеде Божјиот Син,
Исус Христос. Тој, на крстот, со Својата смрт плати за секоја неправда и грев на секој еден поединец на планетава кој ќе се покае и лично ќе ја прифати Неговата жртва.
Се ближи денот на Божјиот конечен суд. Тогаш ќе биде суден секој човек според делата и ќе биде казнет за своите недела. По тој чин, целосно ќе биде задоволена Божјата правда.
Ќе бидат помилувани само оние кои се покајале и го прифатиле Божјото Спасение - Христос како свој личен Спасител.
До тогаш, на земјата сеуште ќе има неправди, зло, страдање, бидејќи Бог се уште го одложува својот суд затоа што трпеливо чека уште некој/а да се покае, уште некоја душа да се спаси и преку Христос да стане Негово чедо.
Не се јадосувајте за трагедиите што се случуваат ваму или таму, особено не за трагедиите кои не се во ваша власт да ги спречите. Туку подобро размислувајте за своето покајание и спасение.
Кога некои луѓе дојдоа и го известија Исус за едно злодело на Пилат и за една трагедија што се случила во Ерусалим, Исус им одговори:
"Тој одговори и им рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа повеќе грешни од сите други Галилејци, зашто настрадаа така? Не, ви велам,
но ако не се покаете, сите ќе загинете така. Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа повиновни од сите луѓе, кои живеат во Ерусалим? Не, ви велам!
Но ако не се покаете, сите ќе загинете така.”
(
Исус Христос, Лука 13:2-5, Библијата)