Дигитален апарат (ДСЛР) со плус додатоци, статив, торбица.... 1100 долари - од Америка
Блиц за апарат (посебно порачан) 130 долари - Кина
пратката стина мислам со обична пошта (не сум доплаќал за некои посебни пошти). За апарат сум пошол во царинскиот дел во поштата , си носев и фактура колку сум го платил (го платив преку банка) а беше 30 сети декември (ден пред нова година) и во тој хаос на отворени вина, ракии и мезиња почнаа да паламудат дека царината била 30 посто и да ми нудат некои “приателски договори“ како поефтинко да поминам, јас му извадив испечатен лист од царинската тарифа дека царината е (мислам беше 5%), па тука тој с налути и рече да дојдам по празниците (кај 15 јануар) па да видиме тогаш, па јас тогаш извадив странски пасош му реков дека сум странец и дека царина ќе си платам во мојата земја, тој збесна и рече дека целата пратка ќе ја врати во Америка, јас реков дека се ова ќе го пријавам... и тогаш се најде еден негов колега кој ми рече да донесам литар жта и 2 литри кока кола и ќе се сврши работа, ојдов зедов и ми го дадоа.
Блицот стигна од кина правец во обична пошта, (и тој го платив преку банка) кинезите на пакетчето напишале “половен блиц“ и цена 50 долари и без проблем го подигнав.
Другите порачки беа испод 100 долари ги плаќав преку еден приател кој има пејпал, стигнуваа во рамки од 3-4 недели во пошта без царина.