Во Библијата се вели : Кој го почитува Бог, ќе најде среќа - Ова значи дека оној што верува во потсвеста и во законот на мислата ќе биде среќен. Секој кој ја знае моќта на потсвеста, со своите мисли ќе испраќа љубов, среќа и разбирање на сите околу себе, а со тоа и на својата потсвест. Потсвеста е нашиот прв Бог кој не казнува за направеното зло, а наградува за направеното добро т.е не прави среќни кога и ние ќе усреќиме други. Пред да ме повикаш, јас сум ти одговорил - Овде станува збор за законот за привлечност, којшто не познава време и простор. Тоа што го сакаме - веќе го имаме, последица и причина. Потсвеста не знае за ограничување. Штом таа ќе прифати некоја мисла, веднаш тргнува кон нејзино остварување. Понатаму
- Твоите зборови ќе те избават и твоите зборови ќе те осудат. Овде се алудира на моќта на зборовите што ги изговараме, коишто свеста ги прифаќа буквално. Она што се зборува, тоа и се добива. Секој изговорен збор создава закон во потсвеста и таа го остварува тоа. Зборот е најмоќно оружје што му е дадено на човекот. Зборовите убиле повеќе души, отколку што сите војни убиле луѓе.
Секси, гледам зборуваш за потсвест.
Но, што ако во потсвеста јас сакам да се сексам со мажот на комшиката? За тоа Библијата, го кажува она што и најнепросветлениот (за својата религија) верник го знае:
7. Не врши прељуба!
10. Не посакувај ја жената на твојот ближен!
Имено, знаеме дека ќе гориме во Пеколот ако го направиме ова. Во реалноста, кај некои луѓе, може да има грижа на совест заради своите мисли, но кај некои, може да има и планови како да си го остварат потсвесно посакуваното. Според тоа, на никаков начин, потсвеста не значи само љубов, среќа.... значи многу повеќе. И многу често, значи себичност.
Колку и да сакаме метафорички да си ја прикажеме Библијата, вистината е дека го негира постоењето на потсвеста (или јас би го нарекла фројдовското ID). Јас би рекла дека Исус (и тие пред-после него) зборувале за superego-то пред се (бидејќи тоа е нашиот морален судија) и во втор план било ego-то - од аспект на тоа дека човекот може да биде добар и послушен, или своеглав и отпорен на вербата. Изборот бил во тоа. Но некако, сите религии ја заборавале специфичноста на потсвеста. Зошто не можеле да нурнат во сечија индивидуална потсвест.
Никој не може.
А за мене, најлошо е негирањето на нашите пориви, негирањето на нашите желби.
Да речеме, имаме иден сериски убиец. Ако тој заради сиот хаос на ,,кој треба јас да бидам,, наместо ,,кој сум јас,, навремено побара помош, ќе биде спречен да повредува. Но бидејќи го негира тоа потсвесно ,,кој сум јас,, еден ден почнува инстиктивно да ги убива луѓето. Тоа е очекувано, ако тргнеме од тоа дека потсвеста (id) и дава можност на свеста (ego) да ги задоволи неговите потреби. Привремено его-то ќе ги задоволува со замисли на самиот чин. Но бидејќи нема да биде вистински задоволена потребата, id ќе си ја поврати својата сила и човекот буквално несвесно ќе ги извршува сите (во овој случај фатални) акти.
Религијата не може да го спречи негативното на оваа земја, напротив, го негира и го крие. Луѓето не се доволно добри, а ако сите сме послушници на религијата, тогаш, што сме ние? Што сме поразлични од било кое животно? Ако се однесуваме сите исто, идентично, ако ги негираме разликите, ако се стремиме кон отфрлување и заборавање на она што навистина сме ние?
Религијата - која сака нека е, го негира најважното, она што секој човек го прави човек - кој сум јас?
Индивидуалното, субјективното, посебното... е нешто без кое еден човек, не би бил човек.
Би бил само тело, кое не ја користи свеста. Таа му е однапред предодредена, како и секој потег кој би го направил.
Јас мислам дека човекот само се плаши, затоа и има религии. Се плашиме од нашата минијатурност, неважност. Утре ќе умреме, и ќе не изедат црви. И толку од нас.
Нашата душа нема да лебди на небото.
Има луѓе кои се плашат да прифатат дека нивните блиски едноставно повеќе ги нема.
Сакаат да мислат дека ги гледаат горе од небото.
Има луѓе кои се плашат дека всушност, не е човекот најмоќното и најинтелигентното суштество во природата.
Дека постојат и други поинтелигентни суштества, на некоја друга планета.
Во суштина на религијата е страв, страв од непознатото.
Отфрлање на религија, значи храброст. Дека нема да лежиме на облак, зошто сме биле фини на овој свет.