Поздрав до сите членови!
Нова сум на форумов и моментално барам огромна помош,се надевам некој ќе може да ми помогне!Сега лежеејќи ви пишувам бидејќи имам болки во кичмата..се се случи во рок од два дена...бев на компјутерско снимање и го добив следниот резултат
Направени КТ пресеци на ниво на дискалните простори од Л3-Ц1.
КТ на ниво Л3-4 и Л5-Ц1 без знаци за дискална херниација.
На ниво Л4-Л5 се прати дискус хернија од дорзоцентрален тип со лесна латерализација во лево со консекутивна секундарна антериорна спинална стеноза на каналот централно и во лево.
п.с.пиев мовалис таблети,ми се смири болката малку,исто ми препишаа и диазепам од 5мг а и ми препорачаа амбене ампули,кои никаде ги нема низ државава,а биле мн ефикасни со анестезија и одма делувале...
ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ!!!ПОЗЗ