Да ја сумирам мојата поента и се гасам од оваа сесија на пишување: На електро не' учат како да размислуваме и да развиеме инжинерски мозок при решавање проблеми после на работа, ама финтата е што не' не учат баш тоа што е најважно, а тоа е што ќе ни треба на работа. Програмерска фирма нема многу да ја интересира дали знаеш да решаваш интеграли, изводи, задачи од дискретна математика или веројатност и статистика, ќе бараат да знаеш да програмираш и да ги решаваш проблемите. Тоа се постигнува само со континуирано учење на програмски јазици во текот на студирањето. Добро среќен сум што сепак изучувам доста корисни работи на информатичкиот смер на кој сум, ама за сметка на тоа има дупло непотребни предмети кои фактички те кочат и ти го отежнуваат патот до дипломата. Абе запишав информатика и програмирање да студирам, не математика еден куп за да бидам после професор по мат.
Поддржувам и сакам математика, ама не до овој степен до кој ја има на поедини смерови кои не се математички туку информатички. Кој сака математика цел факултет, ете му го ПМФ.
Можда ќе трпам последици од ова говорење на вистината, but I'm not afraid. The truth must be told.
Белким ФИНКИ ќе ги среди работите и ќе биде исклучиво информатички факултет, без гњавење и гушење на студентите со тотално застарени и непотребни предмети. За да немам “санкции“ после ова пишување, ќе кажам: Long live FEIT&FINKI.