A1 Net Lite безжичен Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Network
  • Време на започнување Време на започнување
И јас имам дуо екстрим и овој пакет само ми смета што нема бесплатни минути кон другите мрежи. А иначе другово е супер
 
Мене пакетот до 400 гига ми е доволен. Пример Rage играта (18 Gb) десет такви да симнам месецов се 200 и нешто гига. Едино ако симнуваш блуреј цели дискови...тоа е друго.

Кои се овие Blizoo?
Blizoo e vo sopstvenost na svedski investiciski fond i iden sopstvenik na denesniot Cabletel:
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=82736
Ова малку не ми одговара. досега даваа бесплатни за сите фиксни мрежи.

Треба да се види колку е разлика фиксен импулс према другите мрежи од овој пакет во однос на другите тарифни модели. Да не излезе дека од овој пакет кон т-мобиле или космофон има некоја ненормална цена по импулс...додуша не ни знам колку ми е импулс на екстрим.
http://www.one.com.mk/default.aspx?SectionID=920&pos=2
 
И мене 6 мега битен и 400 гига ми се доволни. Сега сум 512 неограницен (повеќе од 100 гига неможам да поминам :) )

Телефонот не ме интереисра како ќе го стават и така ќе остане.
--- надополнето: Nov 11, 2011 2:43 PM ---
A blizoo

http://www.it.com.mk/cabletel-se-re...oo/?utm_source=twitterfeed&utm_medium=twitter
Тогаш Близу е далеку за мене:) Мислам дека овие ги нема во Бутел
И мене ми е таман нетот ама дома им бил спор 6 мегабитен...што знам, треба да гласаме со двотретинско :)
 
Ке треба да се јавеме на 181 да питаме шо како,јас имам фикс,нет,тв ама нет ми е со таа антената и ми е катастрофа за тоа сеа кое ке заврше договорот ке идам ке уклучам телефонска линија од телеком за да можам по брз нет да користам....

Се јавив и рекоа дека е нов пакетот дека денес го поставиле на страната(јас на среќа ја упалив после 100 години) и дека од понеделник ке има основни информации.
 
Јас сум на интернетот кај нив од 40 гига. Можам да се префрлам на ова 3 во 1 за 1000 ден?
И уште нешто да прашам, колку време трае промена на телефонската линија (пошто сега ми е од телеком) и дали во меѓувреме ќе можам да си го користам интернетот или ќе ми биде во прекин?
 
Колку е добро кога се има конкуренција.. :sneaky:

Јас од нив користам само интернет (40 гб), значи ќе можам да мигрирам во Тотал пакетот?
--- надополнето: Nov 11, 2011 3:12 PM ---

Мислам дека најмногу трае 15 дена..
Исто и јас имам од телеком телефонска линија, па во неколку наврати сум ги прашал за промена на операторот, така ми кажаа.
 
А да не знаеш случајно дали интернетот ти е во прекин во тој период?

П.С. Конкуренцијата е најдобра работа после тркалото :)
 
А да не знаеш случајно дали интернетот ти е во прекин во тој период?

П.С. Конкуренцијата е најдобра работа после тркалото :)
Не би требало да ти биди во прекин, јас имав една миграција до сеа т.е веќе две од 10 на 20 и од 20 на 40 гб, и никогаш интернетот не бил во прекин, е сеа плус што телефонската линија ќе се менува, тоа не би знаел, ама не би требало да има никаков прекин, од УАН само ти ги префрлаат тие додатни гб ..(неограничен интернет ко што гледам) ..и си останува истото.
 
Да, за миграциите на интернет знам... но незнам за кога менуваш телефонски оператор (од Телеком на Оне) дали ќе биде интернетот во прекин - пошто нели оди преку телефон.
Добра е понудава, ако нема некој дополнителни заврзлами и глупости.

И уште нешто да си прашам, можда е мал оф топик, ама дали на секој дополнителен дигитален приемник (ако сакам да поврзам повеќе телевизори) треба собна антена?
 
Абе види, нема шанса само 999 денари да се плаќа, секој разговор на телефон надвор од мрежата на УАН ќе ти се наплаќа, рачунај околу 1200денари ќе ти иди сметка најмалце.. знаат тие да си напраат план, паметни се. А народот а види малце намалени цени и „добри“ пакети, трчи одма да се приклучи на нив.

Иначе за секој бум тв приемник ти треба антена.. без разлика дали е еден или повеќе.
 
Јасно ми е, само што јас и така сега плаќам 600 денара за 40 ГБ, сега ќе плаќам 1000-1200 за 400 гига, плус каков таков Бум тв пакет, плус телефонска линија која не ја користам и така а ми стига 400 денари од телеком секој месец.
Мене ми изгледа исплатливо, само добро да видиме да не има некој други зезања.
Сега плаќам 600+400+350, тогаш би плаќал околу 1200 денара со прилично зголемен интернет и со колку толку подобра кабелска од кејбелтел (сега сликите ми се крш - а немам ни преводи). Телефонот и така и онака ми е сеедно...
Ќе размислам деновиве, ќе се распрашам, па може и да ставам...
 
I pak starata pesna so internet limitot.Namesto posle 40GB ovojpat ke vi naplatuvaat posle 400GB.Celasreka sto e brzinata samo 6MB/s pa dolgo vreme ke treba dodeka se nadmine limitot.
--- надополнето: Nov 11, 2011 3:59 PM ---
Абе види, нема шанса само 999 денари да се плаќа, секој разговор на телефон надвор од мрежата на УАН ќе ти се наплаќа, рачунај околу 1200денари ќе ти иди сметка најмалце.. знаат тие да си напраат план, паметни се. А народот а види малце намалени цени и „добри“ пакети, трчи одма да се приклучи на нив.

Иначе за секој бум тв приемник ти треба антена.. без разлика дали е еден или повеќе.

SIROMAV VO PAMET SIROMAV VO GJEP!A bidejki mnogu luge se so supliva glava normalno deka i djebot ke im bide postojano prazen.
 
можеш да приклучеш повеке бум приемници со една антена...само ке си купеш тај приклучоко 100 денара е,кабело од антената иде од едната страна а од другата страна има за уште три приклучока и ке си поврзеш уште 2 или 3 приемници без проблем јас така имам приклучено...
 
еј што е ова бе, па не се нормални бе, од 40 гига на 400 гига, досега беше со 80 и 100 разговор за 1500 денари сега се за 1000 со многу повеке (чудна работа). браво за ова ако е вистина без скриени работи
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom