Кој македонски оператор има најдобра корисничка поддршка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Кој македонски оператор има најдобра корисничка поддршка?

  • Кејблтел (Blizoo)

    Гласови: 61 13,9%
  • Телекабел

    Гласови: 53 12,1%
  • ОНЕ

    Гласови: 63 14,4%
  • Телеком

    Гласови: 178 40,5%
  • ВИП

    Гласови: 111 25,3%
  • Неотел

    Гласови: 22 5,0%

  • Вкупно гласачи
    439
  • Гласањето е завршено на .
Јас сум на Телеком веќе 3 години и од стабилноста на нивниот интернет сум задоволен. Ама од грижата за корисници, воопшто НЕ. Последниве месеци треба да потрошиш цел час за да добиеш некој и да прашаш за проблем. Срамота! Колку луѓе имаат вработено во тој сектор, 1?

Цела среќа што сам се снаоѓам кога ќе рикне нешто.
 
Гласав за Телеком презадоволен сум од услугите не сум имал воопште мака со нив ,најлошо искуство имав со Кејблтел ужас од компанија и вработени.
 
Ставањето на CAble Tel интернет и тв беше најглупавото нешто шо можев да го напраам у животов..
таква непрофесионалност.. таков идиотизам тоа никаде на друго место го нема. Како што кажа и македонка1985 тоа е страшно што се случува и со телевизијата и со интернетот. Снемува канали.. интернетот паѓа.. по неколку дена се случува да немам интернет и да ме лажат дека до мене е проблемот. Кога ќе дојдат нивни техничари дури те праат будала во очи ти кажуваат некои банални причини зошто немаш нет и врти сучи па испаѓаш ти крив... додуша и стварно сум јас крива... ама крива сум шо потпишав договор на 2 години :mad: дефинитивно нема поглупава особа од мене... не знам кај ми беше паметот кога потпишував...
Сеа ништо друго не ми преостанува освен да чекам уше неколку месеца да заврши тој проклет договор и одам во Телекабел... ништо веќе не сакам од cable tel...
треба да е човек недоволно информиран или глуп да отиде кај тие кретени и да направи договор !

Од мобилните оператори.. ВИП се закон... се дупнав од зборување а плаќам 400 ден .. си праев математики од порано кога сум била на T-mobile сум ставала кредит по 500 ден. а помалце сум зборувала..

извини, ама ова за Кејблтел погоре едноставно не е вистина..ниту за нетот, ниту за телефонот, барем мене (а и на сите мои пријатели и познаници) ми се нема случено, а за тоа подоле за т-мобиле и за оне, е, тука си во право.

отиди во наплатен центар и само постој едно 15 мин ќе видиш колку задоволни граѓани има...
а тоа дека ти се нема случено ништо досеа.. или е затоа што си нов.. или па си некој вработен во cable tel па немаш проблеми..
 
Уште од дедо ное сум претплатен на телеком, така да до сега кога и да сум имал мака ми ја решавале во најбрз можен рок. За другите оператори не можам да зборувам, бидејќи сум немал никакво искуство со нив, освен со кејблтел (за кабелска) кои се екстремно неодговорни и непрофесионално си ја вршат работата кон клиентите. Тоа би било да не должиме многу.
 
Ова е најголемата заблуда кај корисниците: Дека со „лошо“ наводно ќе ти се исплашат и ќе добиеш подобар однос.
Нц, ќе го добиеш баш спротивното. Исто како и тебе, и они се луѓе кои не трпат разни срања и закани :)

Што подобар однос имате вие, толку подобар однос со вас ќе имаат и луѓето од корисничка поддршка :)
Според мене, не ти држи ова, ако сакаш и со торта отиди им, чабе е, 5 пати да се јавиш и цело време да се умилкуваш од фин пофин, веруј ни ќе добиеш потребната услуга ништо, но покачи малце тон, побарај си бројче од АЕК, да видиш како ќе дојдат да те услужат што ти треба, ова од мое искуство ти кажувам од пред 2 дена
 
Ова е најголемата заблуда кај корисниците: Дека со „лошо“ наводно ќе ти се исплашат и ќе добиеш подобар однос.
Нц, ќе го добиеш баш спротивното. Исто како и тебе, и они се луѓе кои не трпат разни срања и закани :)

Што подобар однос имате вие, толку подобар однос со вас ќе имаат и луѓето од корисничка поддршка :)

Кај мене дома секогаш имало проблеми уште од потпишувањето на договорот со Т-Хоум со тв/интернет (постојани прекини на услугата).
Секогаш на Контакт центар беше истата приказна, ја научив и напамет дури.И така упорно неколку дена молби да пуштат екипа, па ќе ни речеа ние не сме надлежни одете во локалниот Т-Хоум, а таму па ќе речат не се тие надлежни туку централата во Скопје.

Дури не почневме муабет со повисок тон и спомнување тужби и приговори немаше никаква реакција.Ова на неколку пати, не еднаш.
И секогаш после реакција на нивна екипа (после 7+ дена упорно барање) ситуацијата беше ок неколку дена и после пак старата приказна.
Третиот пат еден од луѓето задолжени за тие реакции рече дека наводно инсталираната опрема дома била со помал капацитет и заменија друг модем, кабли итн.Типот рече дека од фирмата им било наредено при таква ситуација колку е можно да одолговлекуваат со замените, зависи од упорноста на корисниците.
И сега понекогаш имаме прекини дома ама ајде ќе издржиме до декември...
 
Гласам за вип бидејќи се многу љјубезни на телефон

- Повелете господине

- Госпоѓо имате проблем со мрежата цело време ме дисконектра на сред муабет

- Фала ви господине проблемот веднаш ќе биде решен

И така едно 2 години, да ти е милина да ги слушаш
 
Ме чудат мислењата на Nymphadora и Македонка. Сите што се на телекабел гледаат да се префрлат на кејблтел во најбрз можен рок, а гледам и на темата за телекабел има многу незадоволно корисници и од нивната корисничката подршка, а овие 2 го зборат обратното :unsure:
 
извини, ама ова за Кејблтел погоре едноставно не е вистина..ниту за нетот, ниту за телефонот, барем мене (а и на сите мои пријатели и познаници) ми се нема случено, а за тоа подоле за т-мобиле и за оне, е, тука си во право.
Сигурно ако биле добри услугите од Кејблтел немаше цела зграда корисници да се префрлиме на Телекабел.
Ако тебе и на твоите пријатели ви се погодиле Кејблтел како оператор, не значи дека сите се задоволни од нив.
Башка шо се поделени по реони, а и сега веќе вработените работат на процент. Значи, колку нови корисници ќе донесат, толкава плата и ќе добијат. А корисници сите знаеме како се привлекуваат.
 
Ме чудат мислењата на Nymphadora и Македонка. Сите што се на телекабел гледаат да се префрлат на кејблтел во најбрз можен рок, а гледам и на темата за телекабел има многу незадоволно корисници и од нивната корисничката подршка, а овие 2 го зборат обратното :unsure:

да ти го дадам вој ја шо го користам на cable tel... ајде слободно.. само ти кажи дека сакаш да бидеш на cable tel. Кога ќе го искусиш тоа шо ја сум го искусила со тие идиоти ќе те видам дали вака ќе пишуваш...
а ја колку шо знам во градов луѓе шо користат телекабел се многу позадоволни и за интернет и за тв..
 
Секој си кажува за своето искуство, не за туѓото. Нели тоа беше поентата на темава?
 
да ти го дадам вој ја шо го користам на cable tel... ајде слободно.. само ти кажи дека сакаш да бидеш на cable tel. Кога ќе го искусиш тоа шо ја сум го искусила со тие идиоти ќе те видам дали вака ќе пишуваш...
а ја колку шо знам во градов луѓе шо користат телекабел се многу позадоволни и за интернет и за тв..
Веќе пишав дека 4 години сум корисник на Cabletel и дека сум немал проблеми ко ти што викаш дека си имала.
 
Ова е најголемата заблуда кај корисниците: Дека со „лошо“ наводно ќе ти се исплашат и ќе добиеш подобар однос.
Нц, ќе го добиеш баш спротивното. Исто како и тебе, и они се луѓе кои не трпат разни срања и закани :)
Ова од искуство кажувам, инаку јас во принцип сум смирен тип кој избегнува билокакви расправии за било што . но после 5-6 дена по ред продавање култура , бонтот и се како иде на „цивилизиран„ начин а они од таму да извиниш бе те јеб@т ни 2% и те сметаат дека си неписмен човек кој нема ни 2 грама мозок и притоа те понижува поставувајки дебилни прашања која сијаличка на модемот трепка која не и слично , незнам дали би останал културен смирен и што и да е :)
вака изгледаше мојата последна авантура со кабелтел и на крај после 1 недела се најде еден оператор кој си ја знаеше работата и ми кажа дека наводно имам проблем со модемот (а јас во секое јавување им го кажував тоа дека најверојатно модемот пцовисал) и дека утре ќе пратат екипа мислам шо ја глуп сум ?!?
а со добро ако тргнеш (било каде не само кај операториве) осуден си на неуспех , т.е. ќе те услужат но наместо во рок од 2-3 дена како што би требало ке си чекаш 2-3 недели :)
заклучок на крај дека операторите и техничката подршка се добри за да ти ги земат парите , а кога треба да ти возвратат со услуга е за тоа ќе си чекаш не си единствен кој ги користи нивните услуги...
А најмногу што ме изритирала е техничката подршка на Т-мобајл на која им пишав културно маил како иде се според сите стандарди на добро однесување и слично, и да напоменам дека маилот беше пишан на Македонски Јазик користејки го неговото Кирилично писмо (во ист фонт како што го пишувам и овој пост) и после 3 дена добив повратен маил дека маилот што сум го испратил им стигнал со неразбирливи знаци и истиот беше напишан во латиница и наводно софтверот не им го подржувал мојот фонт е тука беше крајот...
Е сега ај те молам остани смирен на оваа навреда , да не кажам негирање на твојот јазик во твојата држава :mad:
--- надополнето: Nov 11, 2011 3:03 PM ---
Веќе пишав дека 4 години сум корисник на Cabletel и дека сум немал проблеми ко ти што викаш дека си имала.
несакаш да имаш проблеми и јас користам нивни услуги неколку години и сум имал само 2 посериозни проблеми а за да ги решат тие проблеми им требаше па за првиот 2 недели за вториот 10 дена , а ако ти кажам дека за отстранување на било кој од проблемите беа потребни најмногу 10 минути (по решение :))
навистина несакаш да имаш проблем :)
 
Прашањето треба да биде: Кои вработени во „грижа за корисници“ по нашиве оператори имаат најдебели нерви за да се расправаат по цел ден со идиоти?

Значи, да не се толку игнорантни и мрзливи корисниците, нема да има лоша техничка поддршка.
 
Веќе пишав дека 4 години сум корисник на Cabletel и дека сум немал проблеми ко ти што викаш дека си имала.
Супер за тебе.. еве јас ти понудив да се смениме.. или сакаш да ти снимам и да ти дадам сс кога имам проблеми или да дојдеш па лично да се увериш што се случува. Ако мислиш дека те лажам.

Јас имам обврска до 15ти или 19ти да го платам интернетот во спротивно ме исклучуваат. Значи нив не ги интересира дали јас ќе имам средства или не ... епа ни мене не ме интересира дали имаат проблеми и колку време им треба. ЈАС ПЛАЌАМ И САКАМ УСЛУГА ! крај !

Мое искуство... снемувам интернет и тв.. пријавувам проблем, кажуваат дека ќе пратат техничари. Минат 2 дена.. техничарите ги нема. Се јавувам повторно... ми кажува дека сигурно до мене е проблемот јас сум го мрднала кабелот сигурно па затоа немам.. оти ете они од кај нив немаат проблем. Да имав склероза па да не знаев дали сум го чепкала кабелот..
Во рок од еден месец 5 пати ми се случува истово..
Доаѓа нов месец.. одам да платам ..пред мене стоеја 6 души. Од кои 2ца се исклучуваа, а останатите кој проблеми со телефонот, кој со интернетот, кој со телевизијата. Секако таа во наплатниот центар не знае ништо.. минат тие луѓе доаѓам јас на ред... и викам.. госпоѓо дали мислите вие дека ние сме глупави и неписмени?! ... 5 пати во еден месец јас викам техничари кои кога ќе дојдат ми кажуваат како кабелот требало да се врти 360 степени .. како дува многу ветер па затоа врската е слаба.. како врнело громови мавале.. абе шо уште не ми кажа.. не знам дали да се смеам или да плачам. На сето тоа добивам одговор... кажете што е проблемот да викнеме техничари... :mad: секако изгубив контрола ја отерав у пизду матер затоа што веќе немав живци да се расправам и некој да прави будала од мене.
ШТО Е ПРОБЛЕМОТ?!... проблемот е што во ваа мизерна држава нема закон за да ве оплеши едно
10 000 евра па да видите што е проблемот..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom