Па и не знам колку е љубовен, а колку јас си имам проблем со главата... ај со ред.
Во врска сум тазе... и после мнооогу време се појави „идеалниот“. По карактер... и се е најпрекрасно... и се заљубувам секој ден се повешќе и повеќе... ама...
имав 5годишна врска до пред година ипол. и после тоа уште се гледавме. Да скратам, многу комплицирано, ама знам дека никогаш нема да сакам некој како него што го сакам. Пред месец дена дечкото го избриша фејсбукот и мене ми беше полесно кога немав секојдневен пристап до, барем дел од неговиот живот. И денес го вратил. и мене срцево ќе ми излета, се препотувам, се претварам во манијак... а не е опција да го избришам, не сме во лоши односи. Ени едвајс?
Најсериозно и најискрено - не знам што сакам