Исус контра неговото семејство

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Како литературно дело, Библијата е ужасна литература. Полна со недоречености, нелогичности или едноставно чисти бесмислици. А фактот што Стариот и Новиот завет одат заедно, под името Библија, е злосторство против добриот литературен вкус...
А то што ти викаш дека Стариот и Новиот завет не одат заедно е факт дека ти ги немаш прочитано... Во Стариот завет се спомнуваат сите пророци на Еврејскиот народ и се кажува дека еден ден ќе се роди пророк на земјата шо ќе створи нова религија. Во Новиот завет се опишува животот на тој пророк.
То шо според тебе е полна со нелогичности е заради то шо многу работи од неа се исфрлени од Црквата оти и штетеле (јебига свештениците биле богати снобој и не ги интересирала религијата туку моќта и парите,и денес не се многу сменати работите) и заради погрешниот превод. Библијата е напишана на Еврејски, после неколку века преведена на Грчки и Латиниски и дури пред еден век на сите останати јазици и грешките во преводите се катастрофални. Ама па оди учи еврејски да те видам само за да можиш да ја читаш библијата во оригинал...
 
А то што ти викаш дека Стариот и Новиот завет не одат заедно е факт дека ти ги немаш прочитано...

Ги немам прочитано а?

:)

ОК. Стариот и Новиот завет врска немаат еден со друг. Духот на Новиот завет во потполност се разликува од духот на Стариот завет. Богот од Новиот завет е милосрден, добар хипик, за разлика од Богот од Стариот завет кој е едно себично, осветољубиво копиле.

Понекогаш навистина мислам дека е потребна, всушност неопходна, една доза на благ идиотизам да поверуваш во сите глупости истрескани во редактираната збирка на Еврејски народни приказни, и да дозволиш таа лоша книга да ти го управува животот.

Еден ден во иднината, сите верници ќе ги сметаат за благо ретардирани, и ќе им се смеат...
 
да му се смееш некого заради неговите верувања во најмала рака е кретенски и таквите како личности ги прај многу мали .. како шо реков и погоре, во тој случај ти ќе му се смејш и на ретардираните Ајнштајн,Њутн, Тесла... ама не е битно тоа... Во ред, не постои Бог.. еден ден секој од нас кога тогаш ќе умри и ќе изгние и за никој нема Рај и задгробен живот. Е кажи ми ти,кој подобро го поминал она малку време под сонцето? Тој шо верувал во Бог и се трудел да живеј во склад со духовните вредности, или онај шо секоја можност ја користел да ги исмева неистомислениците ,макар и бил во право,ама сигурно то не го праело подобар човек
 
А зошто мислиш дека атеистите го поминуваат својот живот исмејувајќи ги верниците?

I couldn't care less. Немам ни најмала желба она малку што ми има останато од животот да го поминам како богоборец.

Јас едноставно не можам, знаејќи го она што знаам, да се лажам, многу ми е ефтино тоа...
 
А зошто мислиш дека атеистите го поминуваат својот живот исмејувајќи ги верниците?
Ни јас не знам зошто,прашај ги нив... ама тебе можам да те прашам зошто влегуваш на подфорум религија и велиш дека е потребна доза на благ идиотизам за да веруваш во виша сила, ама исто така велиш дека воопшто не ти е гајле за нивните видувања на работите
 
Ти си нешто навреден?

Мене не ме кошта ништо од време на време да свратам овде и да ишамарам неколку забегани души. Гледам на тоа како на чин на милосрдие. Треба благодарам да ми кажеш...

;)
 
А то што ти викаш дека Стариот и Новиот завет не одат заедно е факт дека ти ги немаш прочитано... Во Стариот завет се спомнуваат сите пророци на Еврејскиот народ и се кажува дека еден ден ќе се роди пророк на земјата шо ќе створи нова религија. Во Новиот завет се опишува животот на тој пророк.
Евреите (јудејците) велат дека тој пророк ( не е баш пророк немго месија) не е се уште дојден. Ваљда самите евреи знаат што им пишува во Заветот??
 
Те молам, кажи го ова за Куранот јавно на телевизија со име и презиме доле. Знам дека е популарно да се зборува против христијаните, биди маж и кажи ека Куранот е приказна за мали деца. Или тој не е , само библијата е?
Инаку за темава,животот на Исус е пишуван од четири сведоци , и затоа има четири различни гледишта кои може навидум изгледаат различни, но на крајот се како четири слепци кои фаќаат слон, едниот опашката, другиот сурлата итн.
Постојано го кажувам тоа, и тоа многу поостро отколку за христијанството.
 
Лет3
а да те прашам,веруваш ли дека постојат вонземјани?
ова нема врска со темава,но со одговорот треба да ти објаснам некои работи,многу грешиш и заталкана душа имаш и тоа оди кон пеколот. Сеа смешно ти е сето ова но еден ден се ќе сватиш и ќе се каеш за се,но касно ќе биде.
 
а ти ја знаеш “големата тајна“?
знаеш точно која религија е она највистинската од сите и чии богови и светци се оние оригиналните?

Се некако мислам дека информациите кои ги имаш, ти се некако магловити нејасни... ти си од оние верници кој држат до именден, коледе и се крстиш ко ќе поминиш покрај црква. Тоа е а тебе севкупното познавање на христијанството. (можи имаш и привезок со слика на светец на клучевите од колата)
 
Не брат,да ти кажам дека не сум православен христијанин,и за мене тоа е глупост да палам свеќи,да бакнувам икони и не за друго и поповите да ги гледам како се возат со мерцедеси
Ја читам библијава и ме подучуваат пријатели и имам разбирање за ова. Еве гледам атеист си и вие викате Не верувам додека не видам дека постои Исус итн. а ја би ти дал совет-Верувај во ова па ќе видиш ! Кога бев атеист како тебе исто се однесував како тебе,но кога другар ми беше на работ на смртта повикавме кон Бог со зборовиве ,,доколку постоиш направи чудо и ќе веруваме во тебе'' и потоа се случи чудо. Од тој ден почнав да верувам во Исус и многу посреќен живот имам! Се надевам и се молам за тебе и ти да сватиш за некои работи и да не одиш на погрешен пат
 
Кога бев атеист како тебе исто се однесував како тебе,но кога другар ми беше на работ на смртта повикавме кон Бог со зборовиве ,,доколку постоиш направи чудо и ќе веруваме во тебе'' и потоа се случи чудо. Од тој ден почнав да верувам во Исус и многу посреќен живот имам! Се надевам и се молам за тебе и ти да сватиш за некои работи и да не одиш на погрешен пат

Aj малце да анализираме тој настан.
Нема поголема радост за еден верник и христијанин од колку да се сретне со својот бог, со Исус. Шо го молите за да се одложи таа средба? болеста е од бога дадена, таа е една етапа од напуштање на овој смртен свет и одење во вечниот живот до Бог и Исус. Па види ги христијаните на погреби како кукаат плачат и корнат коси... ејјј чоеко умре и сега е со бог, треба да се радуваат а не да плачат. Единствено грешници, или оние кои не веруваат во рај, оние кои се сомневаат во постоенје на царство небесно, во вечен живот по смртта прават се само да го продолжат животот. Се молат за чудо се молат уште да им се одложи средбата со Бог....
“Аман Исусе јас сум голем верник али неќам да одам кај тебе, остај ме на земјата молим те! “
 
тогаш незнеше и другар ми за Исус и тој беше атеист. Многу лошо се повреди и имаше тумор на мозокот и лекариве рекоа дека само чудо може да го спаси. Тоа чудо беше Исус :)
 
тогаш незнеше и другар ми за Исус и тој беше атеист. Многу лошо се повреди и имаше тумор на мозокот и лекариве рекоа дека само чидо може да го спаси. Тоа чудо беше Исус :)
Шом повикал Исус и молитва кон бога - не бил атеист. Атеист е некој кој смета дека не постои бог. Не можеш да повикаш нешто што не постои. Али како и да било стравот од смртта го тера чоека да поверува во се и сешто, знаеш ли колку случаеви на оздравување од тешки смртоносни болести има во овие 7 милијарди народ?? Индијци кои оздравеле од тешки болести? Атеисти, Кинези, пагани Јапонци, Саудијци... опоравени, спасени, со чудо излекувани... тоа е се знак дека постои Буда, Шива, Алах, и куп други богови на кој секој од нив се повикува. На другар ти му помогна Исус на некој во Јокохама Буда на некој во Исламабад- Алах.
 
let shto mislish ., /vo nikoj sluchaj ne ti posakuvam losho/.....dali tvojata familija ke plache dokolku neshto ti se sluchi sega /skraja da e / ili koga ke zaminesh kako starec

zhivotot e eden zaeban igrach i ne znaesh vo koj moment ke te iznenadi ili zezne ., no otkako ke pukne tapanot nema veke kaenje ., ima samo baranje na oprost...........do bilo kogo..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom