Епа добро де, мораш да имаш некое логично објаснување зашто ти не веруваш во она во кое што верува поголемиот дел од светската популација?!
Баш и не морам, ама имам.
Тоа што мнозинството верува во нешто не значи дека е така. Ќе скратам зошто поентата на DBack е јасна. Но има причини зошто и ден денес има многу повеќе верници од атеисти (ако под верници ги броиме сите што викаат дека веруваат во Бог. Вистински верници се многу малку но за тоа потоа.).
Викам, има причини, зошто сигурно се повеќе од една. Не е црно и бело. Не се сите паметни атеисти и сите глупави верници. Таа логика не држи. Причини се многу, и сам не знам од каде да почнам: ако ја земеме историјата на човештвото, ќе видиме дека од памтивек, уште пред христијанството, сите верувале во некакви богови. Боговите се менувале со географската локација но секаде ги имало. Со нив тогашните луѓе си ги објаснувале сите работи кои не можеле рационално, научно, да ги објаснат, и на сите нив им назначувале некаков Бог , виша сила која ги создала. Како се создавале цивилизации се јавувале и луѓе кои размислувале надвор од кутијата но биле ретки и често пати страдале, посебно во периодот на инквизицијата. Веројатно тогаш имало најмногу верници и сите мислеле дека сонцето се врти околу земјата, но ни еден не бил во право.
Ова се си го знаеш и сам. Времето во кое живееме сега се разликува од предходните меѓу другото и по тоа што можам да кажам дека нема бог без да ме запалат на клада но и по пристапот до информации кои ми даваат можност сам да си ги проверам фактите и да си донесам заклучок. Да имаше интернет во 1990 уште тогаш ќе бев атеист.
Се тоа погоре ти е одговор зошто историски гледано, верници има многу повеќе од атеисти. Но зошто и покрај фактот дека секој ден има се повеќе и повеќе атеисти, бројот на верниците е поголем?
Според мене, причина број еден е: каде те фрлил штркот. Ако си паднал во традиционално религиозно семејство, мали се шансите да не бидеш верник барем до некој период, ако не и засекогаш. Од крштевки,слави, имендени, тракатанци, меѓу 1 и 20 икони по дома... можеш само да мислиш дека детето има избор. Во годините кога децата се најљубопитни и сакаат да го запознаат светот, возрасните им го објаснуваат како што знаат. Три работи знае секое дете од 5 години родено во христијанско семејство: дека го донел штркот, дека поклони му носи Дедо Мраз и дека постои Дедо Боже кој ги направил сите работи кои мама и тато не знаат како се направени. Подоцна по некое правило на децата ќе им се објасни дека штркот бил само шала, за Дедо Мраз ќе укапираат сами од едно излегување на плоштад ама ова третото останува со нив засекогаш. А потсвесно останува и стравот дека ако бидеш лош, еден ден ќе завршиш на едно непопуларно место и во основа лоши работи ќе ти се случуваат до бесвест.
Како деца големо мнозинство од нас поминуваат низ ова, за жал и го пренесуваат на своите деца, бидејќи не знаат како да си го објаснат светот во кој живеат. Бескраен циклус на залажување и илузии.
Понатаму, додека си помлад, во однос на ова прашање можеш да фатиш повеќе патеки. Еве некои:
1. Го читаш светото писмо, веруваш во тоа што е напишано, се придржуваш до верата итн... (многу мала група)
2. Го читаш светото писмо, не ти прави многу смисла, поставуваш прашања, бараш одговори... (многу мала група)
3. Веруваш во Бог, никогаш не го читаш писмото, бркаш женски и курс те боли за религија (огромна I-don't-give-a-fuck-група)
Од третата потекнуваат над 95% од денешниве верници.
Се додека се во таа група верниците се безбедни и религијата ќе биде недопирлива. Само тие што ќе излезат од третата и ќе влезат во втората група има шанси да и раскинат на религијата. Но исто така со влез во втората група може да увидат и можност за правење кариера во автомобилската индустрија.
Верувањето е сплет на околности, географски, историски, традиционални. Има многу врска со штркот. Каде ќе те фрли, во таков бог ќе веруваш. Се разбира секогаш има начин да се отфрли религијата и да се прејде во атеизам. Еве го најбрзиот:
И да се навратам на почетокот: повеќето верници не се верници. Тоа се луѓе кои имаат некаква идеја за Бог и веруваат дека има живот после смртта. Но не прават ништо од работите кои Бог ги бара од нив за да го добијат тој задгробен живот. Тие веруваат дека само затоа што се фини, не ги лажат девојките/дечковците или во некои случаи навиваат за Интер, Бог ќе им даде вечен живот во рајот. Проблемот е што ваков Бог на никој жив или мртов човек во историјата не му се појавил, т.е. е дел од најобична фикција. Колку и да е убаво што некој е фин и чесен и навива за најдобриот проклет тим на овој универзум, Бог си има други стандарди. Според него, ни Интер не може да те спаси ако јадеш бурек во петок а не се покаеш. И да бидеме реални, ако е бурекот добар, нема шанси некогаш искрено да се покаеш. Кога повеќето луѓе би биле свесни што се нивниот Бог бара од нив, има да серат цигли од страв. Затоа избираат да се залажуваат.
Сликава нема врска со темава, ја ставив само затоа што постов е премногу долг а Ane Hataway е прекрасна.
И за крај: тоа што библијата е промашена работа и не ти требаат наочари за да ги видиш дупките, не значи дека по автоматизам некој ќе верува дека не постои. Затоа луѓе преминуваат од една вера во друга, си бараат книги со повеќе смисла. За тотално отфрлање на Бог не треба да си научник, треба само да имаш основни познавања за тоа како функционираат работите во нашиов универзум, колку отприлика е голем и стар. Потоа, побарај религија која се совпаѓа со она што е научно потврдено, побарај Бог кој тврди дека го создал универзумов тогаш и тогаш и ваков каков што го знаеме. Ако најдеш, јас под итно се враќам во верници.