Возачка дозвола на 16 години во Македонија ?

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ако сакаат годишно инцидентите,и жртвите од сообракајќи драстично да им се зголемат ...тогаш бујрум нека го пуштат тој глуп закон.

Како прво,90% од сообраќајките се на лица околу 18-21 год......

Е дури сеа замислете како 16годињаци,напафкани ќе фрчат со коли,и како пијани од диско дома со кола ќе си идат.....ццц
Нема врска тоа дека 90 посто од сообраќајките се на лица од 18-21. Повеќе сообраќајки ги прават „искусните“ шоферишта кои не даваат жмигавци кога менуваат лента, што вртат полукружно на забранети места, што претекнуваат на пуна итн итн.

Да не ме сфатиш погрешно, ни јас не се согласувам со оваа багателна идеја која ќе служи за пумпање пари, но исто така не се согласувам и со процентот на сообраќајките кој го наведе.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
И така имаме голема стапка на сообраќајки и многу загинати по патиштава уште деца од 16 фалат,гласот уште им мутира само што им израснале млечни бркови, а женските ставаат потпунки место цицки,.. и они ќе возат :tapp:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Подобро нека ја направат за кола возачката 1000 евра затоа што со 500 евра моментална цена многу кандидати имаат :icon_lol:.
Затоа е од 16 години не за друго :icon_lol:.
 
Член од
17 март 2009
Мислења
194
Поени од реакции
22
Баш темава ја барав....
Не прочитав вие што сте пишувале ама имам некое размислување околу ова. Ко прво деца на 16 години сеуште не е развиено ни психички ни физички како што треба,сеуште нема доволно развиена свест.Ние поголемиве уште летаме со памет па камоли оние на 16 Тоа дете не знае за одговорност па камоли за нешто друго.Второ полнолетство се стекнува на 18 меѓутоа по американски стил на 21(што јас полнолетство го сметам на 21 година)
Трето како би изгледало дете на 16 се вози со девојката него му летаат ли летаат хормони хормони, он ќе ми управува со волан а поготово и да ми вози такси...
Има и луѓе возрасни со големо искуство па и на нив им се дешава да погрешат а и патиштава наши за никој не се безбедни ,се случуваат сообраќајќи секојдневно.
СЕ ЗАРАДИ ПАРИ НАПРАВЕНО,КОЛКУ МОЖЕМЕ ТОЛКУ ПОВИШЕ ДА ПУНИМЕ БУЏЕТ!!!
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Ајде татини и мамини синчиња, ајде на Грујо пријателчињата и корумпираната полиција, силно блеснал ден, 16 годишнаци ќе возат кола. Браво, со тек на време се повеќе и повеќе ми се гади од оваа власт.
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853

Малолетниците со навршени 16 години ќе можат да возат до 20 часот

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ги презентираше најновите измени од законот за безбедност во патниот сообраќај кои беа усвоени на последната седница на Владата.

“Стекнување на возачка дозвола на 16 години, регулирање на сообраќајот на кружните текови и заострување на казнената политика за паркирање на места предвидени за лицата со посебни потреби се најновите измени во законот за безбедноста во сообраќајот“, изјави Јанкуловска.

Според Јанкулоска, овие измени се донесени се со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на сообраќајни несреќи.

“Подобро да се едуцираат младите отколку да се казнуваат. Според Европското законодавство овој закон е потполно издржан и следејќи го примерот на други земји каде веќе се практикува ќе треба да донесе добри резултати“, истакна Јанкуловска.

Малолетниците со навршени 16 години ќе можат да се стекнат со возачка дозвола само доколку исполнуваат одредени услови меѓу кои: да се психофизички здрави, да поседуваат лична карта, да имаат најмалку основно образование и најважно од се’ е да имаат согласност од родителот или старател.

Вклучувањето на малолетниците во сообраќајот има и ограничувања , малолетниците не смеат да управуваат со возилата од 20.00 до 05.00 часот без придружба на родител кој исто така треба да поседува возачка дозвола , да возат 60 километри на час на јавен пат и 80 на пат за моторни возила.

За непочитување на правилата во сообраќајот за малолетниците следува казан до 300 евра во денарска противредност и од 3 до 12 месеци забрана на управување со возилото.

http://www.tocka.com.mk/index12.php?ID=54099

значи може да се вози до 20:00 часот и може и во друга општина не само во својата како што беше најавено :)
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962

абе ја си мислев казан до 300 литри за ракија ... :pos:

OnTOPIC значи за во лето да си одвојам време за земање часови и полагање ... ќе идам во школо LIKE A BOSS :) :) :)
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.945
Поени од реакции
15.076
Јас мислам дека на 16 возраст е уште рано за кола возење. Иако многу сакам да возам сепак мислам дека уште сум зелен :D
 
П

Пепси_

Гостин
(y) и јас исто

Инаку го поддржувам законот за возачка од 16 години и баш ми е мило што денеска го изгласаа овој закон.
Изгласан е ? од кога ќе може да се почне ? цена околу истиот се знае ? :D
 
L

Lu

Гостин
Изгласан е ? од кога ќе може да се почне ? цена околу истиот се знае ? :D
Да, денеска го изгласаа :)
Баш Гордана Јанкуловска кажуваше на вести за законот.
За цена, ваљда исто како што беше до сега околу 450 - 500 евра се' комплет.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
значи може да се вози до 20:00 часот и може и во друга општина не само во својата како што беше најавено :)
Ова ќе се почитува исто како што сега скутери не се возат од 23-05 часот и како забраната за возење од 23-05 за возачи без две годишно искуство...
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Доста не го поддржуваат ни јас не го поддржувам но од друга гледна точка пак наместо да ја крадат колата од дома ќе си положат фино лепо и барем ќе ги знаат сообраќајните правила.Нормално дека тие ќе бидат главна мета на полицајците па ќе полагаат само тие што имаат пари,а тие што немаат нема да крадат коли од дома.Само полцијата да не почне да замижува тогаш ќе биде лошо,а ако се поприсутни на терен и казнуваат нема да има проблем.
П.С. Од кога почнува да важи?
 
Најверојатно од 9ти (вчера)
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Значи тие што ќе се здобијат со возачка дозвола на 16 годишна возраст, не ќе можат по 11 навечер да возат дури не наполнат 21 година?
Ако разбрав како што треба:
-од 16 до 18, не можеш да возиш после 8 саат навечер без родител ("тато ај на кафе" работава)
-а поради тоа што "стариот" закон останува ист, односно возач почетник се смета секој што има помалце од 2 години возачко искуство И помалце од 21 година, значи дека 5 години ќе треба да чекаат мамините и татините синови и ќерки за да смеат да возат по 11 навечер.

Така? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom