Не знам .. за мене бракот е многу сериозна работа и луѓе кои не го почитуваат тоа и кои не го сваќаат така бракот за мене се луѓе без душа и треба да се казнат многу строго.
Денес не мора да има некоја посебна причина за мажот да изневерува... познавам случаи каде жената ништо нема погрешено а мажот изневерува само ради тоа што ете има некоја добра работа и пари со кои ќе може да лаже утки од 16 год па до кај 20.. или обратно..
Она ако знаела.. а веројатно знаела.. требало предвреме да се откаже од таа таканаречена љубов со тој маж... шо има таа да бара кај женет човек? тоа само докажува каква личност е...
Ова не е филм па ете не се сретнале порано па сега љубов ќе тераат... тоа е толку неодговорно и детски шо едноставно ми се гади од самата помисла а и од таквите луѓе...
можеби и неговата сопруга има вина... али никој.. НИКОЈ не заслужува да биде изневерен и понижен..
ако он бил прав маж немало да прави ништо зад грб и ќе расчистел со жена му пред да се впушта во авантури со друга..
се е отидено у пм.. бракот више ништо не важи за некои луѓе... престанаа да веруваат во љубов. Денес е модерно да си животиња која се води според нагонот и прави се што ќе науми без да се размислува за последиците... а и нели еден живот сме имале/... па еве од мене еден либерален совет за девојката... нека си биде со него и ич нека не ја боли увце...
само горнион гледа...
Па, во суштина, се обидувам да ти објаснам дека постојат повеќе аспекти на ситуацијата. Не можеме да осудуваме пред да знаеме, нели?! Само наведов примери што може да е - а може да е и многу други работи. И мажите, и жените, влегуваа(т) од погрешни причини во брак, затоа после 10 години доаѓаат до вакви грозни ситуации.
Но не смееме ние да ги осудуваме луѓето, фер е да се помогне на девојката, со мислење, а не е фер ,,еј ти глупачо една со женет се бафташ,,. Не е ниту прва, ниту последна. Ако ја знаеме добро ситуацијата, ќе знаеме и што е најпаметно да се направи следно.
Според тоа што таа го кажа, до сега, јас немам конкретно мислење, што е најдобро да направи.
А иначе за горниот, не сум сигурна. Повеќе ме интересира страдањето и неправдата на овој свет.
--- надополнето: Nov 9, 2011 3:51 PM ---
па тоа технички и не е неверство
.
Па ако девојката тебе те изневерува со друга девојка... ќе и речеш ок е срце, технички тоа не е неверство?!
--- надополнето: Nov 9, 2011 3:54 PM ---
Знам дека ако пробам ке знам дали е тоа за мене, ама ме плаши помислата дека можеби сум лезбејка, не си го замислував животот така.
Дали може тој нагон да се потисне некако, дали може да помине некогаш, или постојано тие мисли ке ме следат?
сепак благодарам за советите
Ако си лезбејка, ништо на овој свет нема да го промени тоа. Можеш да глумиш дека не си, да бидеш со мажи и да ја потиснуваш желбата во себе.
Сексуалната ориентација е вродена во нас.
Но, можеби си бисексуална (како поголемиот број жени, ништо чудно), можеби си во годините на ,,преиспитување,, (колку и да лажат мажите дека кај нив не е така - така е), и можеби е поминлива фаза, и можеби е трајна.
Јас мислам дека е најдобро прво да позборуваш со стручно лице кое ќе ти помогне да се ослободиш од товарот, или друга варијанта што ја предложија форумџиите, е да пробаш со жена и да видиш како оди