Никако да се фати залет маме му ебам...
Уште еден катастрофален пораз на Депортиво во борбата со оние второлигашки екипи кои важат за најслаби во лигата...
Незнам што да кажам...
Картагена-Депортиво 2-1...
Со ништо не заслужи Депор да дојде до бод од овој меч. Влегоа индолентно, и тек откако поведоа домаќините со 2-0, се разиграа и се обидуваа да се вратат во игра.
Прво полувреме тотално незаинтересирана игра...
Очигледно Валерон неможеше да почне поради за него големиот број мечеви во мал период, па влезе тек после двата примени гола.
Се трудеа крилата во првиот дел но напразно, па во вториот дел Олтра како да се предаде па ги извади и Гвардадо и Саломао кои се можеби единствените светли точки досега...
Сега сваќам зошто тимови како Атлетико Мадрид, Бетис и Севиља неможеа така лесно да се вратат во Примера. За помаливе клубови гостувањето на Депортиво е како да доаѓа Барса или Реал...
Играат како да е финале на светско, и мотивирани од публиката на малите стадиончиња, веќе по којзнае кој пат стигнуваат до целта...
Многу тешко дека со ваков топло-ладно стил ќе се вратиме во Примера во следната година.
Поминаа едвај 10 кола а ние сме веќе 9 бода зад сигурниот Херкулес. А втор е новакот Сабадел

Дури и Селта е сега пред нас...
За прв пат после којзнае колку години....
Како да не си ја сваќаат доволно озбилно работата играчите. Аранзубиа брани многу послабо од ланската сезона, Ајтами е најочаен играч во екипата и заедно со Колото обавезно подаруваат по еден-два гола на противникот во еден меч...
Ажозе се повреди ама и претходно беше само просечен, едино Лауре е солиден во одбрана.
За Саломао и Гвардадо неможат да се кажат лоши зборови. Валерон покажува дека е единствен кој знае да дели топки, а тоа го покажа и денес за голот со асистенција до Рики кој го постигна единствениот гол.
Проблемот се јавува на позициите ДМ...
Хесус Васкез не покажува скоро ништо, а Алекс Бергантињос игра топло ладно...
Се чека да се вратѕи Бруно Гама во екипата, па ќе се пробаат некои варијанти...
Нападот хаварија. Циско повреден, Ласад еден меч блеска, 10 меча е невидлив, Рики има по милион шанси на меч ама му треба доста време за да пгоди но сепак според мене е најдобар избор за во нападот.
Тука е и Бодупо. Влезе денес во последните 25 минути и само покажа зошто овие 5 години не сдоби скоро никаква шанса...
Ја утна главната шанса за израмнување, а ништо покус не остана ни Ласад...
Картагена погоди од две шанси...
Кај нас и Рики поклрај голот имаше една сто процентна шанса...
Еве ја табелата
