Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.115
Поени од реакции
75.019
Хахаха колку души ве има заебано во кладилница, пола другари ми се жалат сега :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.115
Поени од реакции
75.019
На крај 2-2....
Невозможно како успеаа да земат бод од Ла Коруња....
Реаизација 0, одбраната 0....
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.115
Поени од реакции
75.019
Гол гол гол гол гол :D
Гвардадо со одлична асистенција до Саломао, овој го поминува голманот на Кордоба за големо водство на ова тешко гостување.
Фала богу, Олтра е на клупата на Депортиво. За прв пат гпдинава:)
--- надополнето: Oct 22, 2011 5:38 PM ---
Ајде Рикииииииииииииииииииииииии, запечатување!
Тоа е Рики, сто шанси и еден гол, ама барем постојано влага во шанси, па една ќе аде :D
Браво,уште десет минути пред крај, а ние сме пред значајна победа!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.115
Поени од реакции
75.019
Никако да се фати залет маме му ебам...
Уште еден катастрофален пораз на Депортиво во борбата со оние второлигашки екипи кои важат за најслаби во лигата...
Незнам што да кажам...
Картагена-Депортиво 2-1...
Со ништо не заслужи Депор да дојде до бод од овој меч. Влегоа индолентно, и тек откако поведоа домаќините со 2-0, се разиграа и се обидуваа да се вратат во игра.
Прво полувреме тотално незаинтересирана игра...
Очигледно Валерон неможеше да почне поради за него големиот број мечеви во мал период, па влезе тек после двата примени гола.
Се трудеа крилата во првиот дел но напразно, па во вториот дел Олтра како да се предаде па ги извади и Гвардадо и Саломао кои се можеби единствените светли точки досега...
Сега сваќам зошто тимови како Атлетико Мадрид, Бетис и Севиља неможеа така лесно да се вратат во Примера. За помаливе клубови гостувањето на Депортиво е како да доаѓа Барса или Реал...
Играат како да е финале на светско, и мотивирани од публиката на малите стадиончиња, веќе по којзнае кој пат стигнуваат до целта...
Многу тешко дека со ваков топло-ладно стил ќе се вратиме во Примера во следната година.
Поминаа едвај 10 кола а ние сме веќе 9 бода зад сигурниот Херкулес. А втор е новакот Сабадел :confused:
Дури и Селта е сега пред нас...
За прв пат после којзнае колку години....
Како да не си ја сваќаат доволно озбилно работата играчите. Аранзубиа брани многу послабо од ланската сезона, Ајтами е најочаен играч во екипата и заедно со Колото обавезно подаруваат по еден-два гола на противникот во еден меч...
Ажозе се повреди ама и претходно беше само просечен, едино Лауре е солиден во одбрана.
За Саломао и Гвардадо неможат да се кажат лоши зборови. Валерон покажува дека е единствен кој знае да дели топки, а тоа го покажа и денес за голот со асистенција до Рики кој го постигна единствениот гол.
Проблемот се јавува на позициите ДМ...
Хесус Васкез не покажува скоро ништо, а Алекс Бергантињос игра топло ладно...
Се чека да се вратѕи Бруно Гама во екипата, па ќе се пробаат некои варијанти...
Нападот хаварија. Циско повреден, Ласад еден меч блеска, 10 меча е невидлив, Рики има по милион шанси на меч ама му треба доста време за да пгоди но сепак според мене е најдобар избор за во нападот.
Тука е и Бодупо. Влезе денес во последните 25 минути и само покажа зошто овие 5 години не сдоби скоро никаква шанса...
Ја утна главната шанса за израмнување, а ништо покус не остана ни Ласад...
Картагена погоди од две шанси...
Кај нас и Рики поклрај голот имаше една сто процентна шанса...
Еве ја табелата
:tapp:
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Радијата во Валенсија ексклузивно пренесуваат дека од следната сезона Андрес Гуардадо ќе потпише со Валенсија како слободен играч.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.115
Поени од реакции
75.019
Уфффф, уште еден многу тежок меч...
Се препотив на крајов.
Депортиво-Жирона 3-2!
Тимот кој го плеснавме 5-1 во купот, ни направи многу проблеми денеска.
Едноставно неможам да сватам што се случува. Два шута за нив кон голот и два гола...
Секој меч вака губиме (освен со Алкорон:D).
Се што ни шутираат влегува...
Херкулес нема никаква игра и со еден шут, цело време незаслужено победува и се убедливо први, а ние обратно...
Денес хаотичен старт. Прва минута 0-1...
Мака се мачеше потоа за да се израмни...
Немаше депор многу шанси во овој дел, но по една акција на Валерон, Рики одлично се снајде на работ на шеснаесетникот и со одличен удар израмни на 1-1. Одличен гол на Рики за враќање на самодовербата.
Вториот дел сосема различна приказна. Ги ставивме во шише и имавме милион шанси...
Али кога не сака не сака :D
Рики се посрамоти на неколку пати. Ни сам незнае колку пати излезе сам пред гол, што по соло продори што по акции на Валерон и Гавардадо...
Али сепак еден гол му е доста за денес :D
Шанси имаше и Колото, но не го посака среќата. Погоди и пречка од три метри...
И после многу шанси, нововлезениот Ласад стрелаше за 2-1.
Беше тоа одлична акција, прво Рики имаше шанса, голманот на гостите одбрани, топката се одби до Валерон, овој несебично ја доаде до осамениот Ласад кој погоди за водство на Депор.
Веднаш потоа и 3-1. Продор по страна, па Ласад или Гвардадо (не висдов убаво) стрелаше во стативата, топката се одби до Лауре и овој за малкуќе се посрамотеше за цел живот.
Иако голот беше празен, тој сепак успеа да го погоди Домингез кој стоеше блиску до линијата, за среќа топката пак дојде до Лауре, а овој сега не погреши:D
И кога мислев дека е готово, Ажозе направи најглуп пенал...
Гостите израмнија и притисна до крајот но напразно:)

ДСобро ње што дојде оваа победа. Лошо е што се повторуваат грешките во одбраната. Без Лопо и Перез сме хаварија во овој дел...
Инаку изгледа Гвардадо ќе го облече дресот на валенсија следна сезона :place:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.115
Поени од реакции
75.019



"Ние живееме 24 часа за Депор, а вие ни 90 минути"

Порака од РБ до играчите на депортиво.

Следат 5 најтешки мечеви од кои може да се појаснат многу работи. Сега тимот е на прав испит.
Следуваат дуели со Мурсија, големото дерби со Селта, и дуели со Елче, Алмерија и Ваљадолид.
Поради настап за Мексико Гвардадо ќе го пропушти дербито:cautious:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.115
Поени од реакции
75.019
Што е Рики крив :D
Нема ниедна употреблива топка за него. Он е гол играч, неможе сам да се бори со 4 противнички дефанзивци.
Не ми е јасно зошто сеуште се форсира оваа тактика со 4 дефанзивци и два пивотмени:tapp:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.115
Поени од реакции
75.019
Иииии Рики ја промашува најголемата шанса на мечот :D
Бодипо подитно во игра!:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom