N
Nessa Alcarin
Гостин
Како прво, кои се тие информации од универзумот. Може некој да ги спознал до сега но незнае дека се од универзумот.Господине, вашата подсвест слободно можете да ја наречете складиште за информации, во кое се складираат сите информации добиени од универзумот и сите информации добиени од вашата свест, и од истото тоа складиште информациите кои биле во вашата свест а слегле во вашата подсвест се пренесуваат до универзумот, а информациите од универзумот кои стигнале во вашата подсвест до вашата свест. Што значи способноста вие да комуницирате со вашата подсвест ги диригира сите натамошни случувања во вашиот живот. Ако вие ги пропуштите информациите од универзумот кои стигнале во вашата подсвест да дојдат до вашата свест вие значително ќе ги подобрите знаењата во секој сегмент од вашиот живот а со тоа и вашите наредни акции и нормално крајниот производ, исто така доколку вие ги ослободите вашите натрупани информации кои стигнале од вашата свест до вашата подсвест односно се ослободите од нив, вие нема да го носите товарот на минатите случувања а со тоа и вашите наредни акции ќе се засноваат на здрав темел кај кој секогаш крајниот производ е доста позитивен. Е кога свеста ќе почне да ги прима информациите од универзумот значително ќе се намалат грешките во вашиот живот, вашата свест поретко или воопшто нема да ствара неадекватни слики кои понатаму ќе се отсликаат во вашите идни случувања. Со тоа ќе се исчисти и вашата свест и вашата подсвест а вие нема да ја плаќате цената на вашите минати случувања или грешки, гревови како сакате наречетеги. Кога ќе се исчистат вашата свест и подсвест вие ќе бидете комплетно спремни да ги примате и практикувате само информациите на универзумот во кој се содржани информации стари од времето на адам, значи сите информации од адам до ден денешен се ама буквално се што мислеле, смислиле, направиле, знаеле и тн. луѓето кои живееле во овој временски период од не се знае колку илјади години. Епа сега замислете, размислете какви ќе бидат вашите можности и во кој правец ќе оди вашиот живот.
Друго, со овој пример збориш за човек кој постигнал комплетно совршенство... Таков не постои, сеуште...
Трето, постоењето на Адам (па според тоа и информациите од негово време) е дискутабилно, па според тоа неможеш да кажеш дека „информациите од универзумот“ баш тоа ќе ти го претстават...
И за крај (црешка ) ти ќе постигнеш неплаќање на цената и т.н. Што е со тие кои ти згрешиле, ќе им простиш или не.. Или ако постигнеш вакво „совршенство“ грешењето направено кон тебе нема ни да го сметаш за грешење?