Што ви фали во македонскиот интернет простор?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Македонска заедница во која ќе има оригинални комични содржини.
 
On line порачки од Тинекс/Вето/СП, you name it. Еве на пример во моментов колата може да ми е на сервис, надвор да врне а да сакам да купам повеќе работи што не можам сама да ги испооднесам до дома. Вака преку нет ќе селектирам кои артикли ми требаат, преку картичка ќе платам и да ми ги достават до дома. И да се наплаќа достава би ја платила.
Мислам дека Сп имат ваква можност и наскоро го гледам ова како реалност ако почне Тинекс ќе почне и Веро или обратно :) Мене ми недостасува сајт кој ќе нуди релаксирачка содржина премногу хумор и ќе понуди дружба.
 
Ми недостига сајт преку кој македонски фирми ќе им нудат пари на програмери за микро-проекти, помали софтвери, дизајнирање веб-страни и слично.
 
Вистинска страница за гледање на филмови со мк превод. Со добар квалитет на филмовите.
Па дури и кога симнуваме филмови од нет... пак е далеку поедноставно (или возможно) да се симне српски/хрватски превод, од македонски.
Разбирам сосема добро англиски, ама сакам да гледам филмови со превод.
 
Ми фали сервис кој би продавал се и сешто ( исто како eBay ) на територијата на цела Македонија, со можност за плаќање на рака кога ќе ти биде доставено купеното, преку кредитна картичка, чек, western union итн итн.
Ми фалат многу работи кои во моментов не би можел сите да ги набројам.
 
Како што кажаа претходните членови, фали интернет купување. Барем К-лецај да е достапно за македонија , ако не па наш македонски портал.
Исто , 90 %’ од сајтовите се сештологија, значи ако посетам денес еден сајт и уште 10 други ќе бидат сваштарници, од шоубиз, анџелина џоли прдна, бред пит се обеси, овој ова напраил овој она, малце хумор малце сештологија испаѓа една голема кашапопара. Друго е кога сајтовите би имале намена:

Психолија, Хумор, Политика, Здравје, Наука, Историја, Технологија, Македонија...итн.

ВО подем се такви сајтови ама што знам ретки се пак, иако некои работат доста добро фалат многу сајтови од повеќе области а не еден сајт од сите области и стандад има и форумче на кое 5 души пишат.

Последно време copy/paste е интернетот, ама ајде си викам ќе се среди кога како.

И уште една добра работа варез сајтовите се најпосетувани портали општо во светот:)
 
On line порачки од Тинекс/Вето/СП, you name it. Еве на пример во моментов колата може да ми е на сервис, надвор да врне а да сакам да купам повеќе работи што не можам сама да ги испооднесам до дома. Вака преку нет ќе селектирам кои артикли ми требаат, преку картичка ќе платам и да ми ги достават до дома. И да се наплаќа достава би ја платила.

СП супер функционираат, само мислам дека неможеш да направиш порачка во износ под 500 денари и секако превозот го плаќаш 80 денари, инаку се точни и навремени - испробана работа(y)
 
Мене ми фали интернет скаут страница за цени на производи, во моментов правам некој реновирања дома и мака мачам со нашиве сајтови. Пола од нив се нефункционални во флеш со музика и слајд шоу, но го немаат основното слики на производите и цени на нив, сега треба да се закренувам специјално од Прилеп за Скопје само да ги видам цените во продавниците, па после уште еднаш за да пазарам.
Би сакал страница каде што го укуцувам името на производот во срч енџинот (пример хидромасажна када модел тој и тој), и ми ги дава цените на одредениот модел во сите продавници каде што може да се најде со телефонски број од продавницата и цената на истиот. Знам дека на златна книга има нешто слично, ама далеку е тоа од функционално.
 
Постојат фрижидери преку кои се нарачува од маркети, а не маркети што носат до дома.

Па и тие фрижидерите кои сами нарачуваат што им фали (мислам дека така беше) тоа што ке го порачаат некој од маркетите им го носи дома.Дали ти ке имаш таков фрижидер кој ке порачува место тебе или ти ке си порачаш по телефон или интернет пак тој маркет ке мора да има своја служба за достава до дома.И нормално кога би имало, би било апсурдно да неможеш и преку интернернет сам да си порачуваш.А фрижидериве мислам дека беа идеја само, нема сеуште такви на пазарот
 
Ми фали сервис кој би продавал се и сешто ( исто како eBay ) на територијата на цела Македонија, со можност за плаќање на рака кога ќе ти биде доставено купеното, преку кредитна картичка, чек, western union итн итн.
Ми фалат многу работи кои во моментов не би можел сите да ги набројам.

И мене ми фали нешто слично. На пример сакам да купам кулер и да не барам по сите ИТ проданвици низ градов, да има агрегатор што цело време се апдејтира и да има споредби на цени и продавници. Пошто може да има некоја продавниица што воопшто незнам дека постои а може има некој производ или поефтина цена.
 
1. македонски порно сајт со МК глумици
2. подобар спортски онлајн весник
3. Весник за типување
4. Весник за бодибилдинг
5. Гејминг весник
6. Подобри информативни портали со интелектуални содржини , оти преку кур ми дојде од секојдневно малтретирање со вести за познатите фаци
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom