Проштевањето - патот до небото?

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Хм, и што е нејасно во тие неколку реченици? Или беше, обични зборови на кои збунети индивидуи им придаваат необични вредности? Или нешто слично.
Се надевав дека ќе ја видиш "смртта на Бог" тук-таму.
Ајде за зборовите. Никој не сака да согледа една едноставна вистина. Нашата свест настанала во судирот со предметите од околниот свет. Нашата сетилна перцепција на некој начин ја креира нашата свест. Нашата логика е предметна логика. Нашите зборови се ознаки на околните предмети, и се покоруваат на истата логика...

Нашата свест е нашиот затвор, од кој што нема надвор. И сега, доаѓаат надобудни ликови, со Големо Зборови, и трујат за Вселенски Вистини, Источници, Вселенски Патишта и други небулози. Зборовите кои ги користатат се копилиња на вистинските зборови кои настанале во борбата со околниот свет... Досадно и глупаво.
 
Член од
20 октомври 2011
Мислења
57
Поени од реакции
35

:pos: леле представа немаш колку ме изнасмеа, верувај. Точно :cuc: сосема си во право но само за оние кај кои свеста е на -5 ниво.
Се надевам го имаш гледано Matrix. Па ти си гениј човече на затупената раса. Би издејствувала да ти дадат орден верувај, но немам никаква допирна точка со нив. Си се заглавил некаде во лавиринтите на матрицата, те молам побарај го патот за назад.
--- надополнето: Nov 6, 2011 10:50 PM ---

Извини што морам да разговарам на тое ниво за да ме разбереш.
 
Q.E.D.
 
K

Khabs Staadnau

Гостин
Ајде за зборовите. Никој не сака да согледа една едноставна вистина. Нашата свест настанала во судирот со предметите од околниот свет. Нашата сетилна перцепција на некој начин ја креира нашата свест. Нашата логика е предметна логика. Нашите зборови се ознаки на околните предмети, и се покоруваат на истата логика...

Нашата свест е нашиот затвор, од кој што нема надвор. И сега, доаѓаат надобудни ликови, со Големо Зборови, и трујат за Вселенски Вистини, Источници, Вселенски Патишта и други небулози. Зборовите кои ги користатат се копилиња на вистинските зборови кои настанале во борбата со околниот свет... Досадно и глупаво.
Не, туку параболично. А ти на други теми бараш клетви да фрлаат, па до Хари Потер ли дојдовме?
Од друга страна, свеста можеш слободно да ја карактеризираш како затвор доколку си воспоставил потполна контрола на потсвеста. Но кога ќе видиш дека потсвеста ги носи сите одлуки во твојот живот, дека можно е да се искалкулира твојот избор 6-8 секунди пред мозокот свесно да ја создаде одлуката...
Нашата свест е стекната при интеракција со околината во која битисуваме , но не значи дека не сме способни да контемплираме надвор од неа.
 
MakeLOVEnoTwar

Љуби без оглед на се’
Член од
10 декември 2010
Мислења
213
Поени од реакции
114
патот си го трасираш сам...
- точно !

. . . Бог е мислотив и секогаш ни простува (тој не ни ни’ замерува - за да треба да ни прости - тој е чиста љубов) но, ние сами со тоа што грешиме си го трасираме својот пат -грешен или - прав, од нас зависи . .
* . . Каењето е страшно добро и неопходно после грешењето - тоа е скалило кое води кон превземање нешто за да се поправи грешката/гревот (а секогаш има начин да се делува некако, само да се сака :) )
* . . Со опростувањето на другите си олеснуваме прво себе си (го тргаме тој товар од омраза и злопамтење и само сожалување- од себе си) а и на тој што ни згрешил му го олеснуваме животот :) (ако и воопшто ни згрешил, пошо може и да сме во илузија дека некој ни погрешил) - кој простува тој вистински љуби (нема љубов без искрено простување)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не, туку параболично. А ти на други теми бараш клетви да фрлаат, па до Хари Потер ли дојдовме?
Од друга страна, свеста можеш слободно да ја карактеризираш како затвор доколку си воспоставил потполна контрола на потсвеста. Но кога ќе видиш дека потсвеста ги носи сите одлуки во твојот живот, дека можно е да се искалкулира твојот избор 6-8 секунди пред мозокот свесно да ја создаде одлуката...
Нашата свест е стекната при интеракција со околината во која битисуваме , но не значи дека не сме способни да контемплираме надвор од неа.
За клетвите, тоа е класично шарлатанство, а шарлатанството само со шамари се лечи, вистински или вербални.

Поделбата на свест и потсвест нема никаква врска со ова што сега го пишувам. Во нашата потсвест нема ништо што претходно не било во нашата свест, на овој или оној начин. Како такво, потеклото на содржината на нашата потсвест е добро познато.

Не сме способни да контемплираме надвор од нашата свест, способни сме само да си умислуваме работи и да ги именуваме со зборови позајмени од секојдневниот живот, но напишани со голема буква. Најчесто тие наши фантазии служат за лечење на насобраните фрустрации, или се едноставно резултат на нашата немоќ да се избориме со светот каков го знаеме... А и тие фантаазии, ако добро ги анализираме, лесно можеме да го препознаеме нивното приземно потекло, што е многу чест случај кај религиските фантазии...
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Ајде за зборовите. Никој не сака да согледа една едноставна вистина. Нашата свест настанала во судирот со предметите од околниот свет. Нашата сетилна перцепција на некој начин ја креира нашата свест. Нашата логика е предметна логика. Нашите зборови се ознаки на околните предмети, и се покоруваат на истата логика...

Нашата свест е нашиот затвор, од кој што нема надвор. И сега, доаѓаат надобудни ликови, со Големо Зборови, и трујат за Вселенски Вистини, Источници, Вселенски Патишта и други небулози. Зборовите кои ги користатат се копилиња на вистинските зборови кои настанале во борбата со околниот свет... Досадно и глупаво.
Сетилна перцепција и свест :)
Крава и козметика, ама може за чудо и да е така кај тебе.
Затоа ке си ќутам....не зборам ништо повеќе.
 
K

Khabs Staadnau

Гостин
За клетвите, тоа е класично шарлатанство, а шарлатанството само со шамари се лечи, вистински или вербални.

Поделбата на свест и потсвест нема никаква врска со ова што сега го пишувам. Во нашата потсвест нема ништо што претходно не било во нашата свест, на овој или оној начин. Како такво, потеклото на содржината на нашата потсвест е добро познато.

Не сме способни да контемплираме надвор од нашата свест, способни сме само да си умислуваме работи и да ги именуваме со зборови позајмени од секојдневниот живот, но напишани со голема буква. Најчесто тие наши фантазии служат за лечење на насобраните фрустрации, или се едноставно резултат на нашата немоќ да се избориме со светот каков го знаеме... А и тие фантаазии, ако добро ги анализираме, лесно можеме да го препознаеме нивното приземно потекло, што е многу чест случај кај религиските фантазии...
Дали според ова можеме да ги отфрлиме и манипулациите врз потсвеста како фантазии? Секако можеме да фрлиме поглед на истражувањата на Bernays и да заклучиме дека понекогаш информациите не достигаат до свесноста.
Од овде, можеме да утврдиме дека можна е конекција со потсвеста, бирајќи низ медитации, мантри, хипнози и слично. Менталистите го знаат ова од памтивек, на тоа и се базираат практиките на тие шарлатани.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи за некој да ме сака, јас морам да му втерам страв у коски, за да ме почитува и евентуално сака?!:eek:
Не, туку се работи за поинаква логика.

Кога некој ќе поверува во Христа Бога, а тоа значи дека претходно Го барал, Го нашол и се сретнал со Него, таквиот тазе-покајник станува свесен за својата огревовеност, затоа што преку преумувањето/метанојата, стекнува можност/способност да ги гледа своите гревови. Бидејќи гревот е последица од злото, треба да го избегнувам(е) злото максимално, а тоа бегање од злото се нарекува „страв Божји„. Страво-почит имам(е) кон Бога, оти Он не‘ створил, Он може и душата и телото да ги турне кон пеколот, а воедно Он може и да не‘ награди со Рајско место, а оние подвижници, кои се продуховиле во висока мерка, не се плашат од Бога како казнувач, туку стекнуваат љубов кон Бога, благодарејќи на својот подвиг во очистувањето од своите гревови, но и чинењето добри дела.

Така, духовниот раст почнува со стравот Божји (бегање од злото) и се движи кон љубов кон Бога.
--- надополнето: Nov 7, 2011 8:38 AM ---
Јас сум Го славел Бог и сум се причестувал од ист леб и исто вино заедно со албанци, косовари, срби, бугари, грци, руси, украинци, полјаци, чеши, маџари, роми, американци, енглизи, арапи, евреи, италијанци, германци итн.
Алал да Ти е бе Чорбаџи, кај стигна, таму се причести....:icon_lol:
Заборави да ги наведеш и абориџините и бушманите.

А ја „верувам„ дека за секоја причест, арно си се подготвил, што значи;: си постел, си се исповедал, си ги прочитал сите потребни молитви пред и по исповест и причест, си се простил со сите со кои си се замерил, си добил благослов/допуштање од Твојот духовник за да можеш да се причестиш...Така? Аирлија работа!

А то „причеста„, да не беше саде обично „лепче и винце„? :cautious:
--- надополнето: Nov 7, 2011 8:40 AM ---
Не само србите, туку сите канонски православни цркви во светот не ја признаваат МПЦ како црква.
Погрешно, по кој знае кој пат откако плукаш по Црквата. Сите други помесни Цркви не не‘ признаваат од проста причина: сите велат дека први треба да со решиме „спорот„ со СПЦ, оти нема друга пречка за признавањето!
--- надополнето: Nov 7, 2011 8:44 AM ---
Најлошото е дали Христос ја препознава МПЦ и сите останати православни цркви како Своја Црква?
Ај не се луксузирај со тоа што ќе го споменеш Христа во целава работа, па како си тргнал, уште троа, ќе почнеш да зборуваш и во Негово име!

Еве, јас искуствено тврдам дека Христос ја прифаќа МПЦ, затоа што и во МПЦ, онака „непризнаена„ (а не е признаена од смртници а не од Бога!), затоа што и во МПЦ се валидни сите Свети Тајни и молитви! На секоја литургија, Христос е присутен, преку Неговото пречисто тело и Неговата пречиста крв!
--- надополнето: Nov 7, 2011 8:46 AM ---
Не би рекол. МПЦ не побара од српската власт да им ракоположи свештеници, туку од СПЦ.
Сосема природно и црковно е да се побара благослов од веќе постоечка Црква а не од световната власт! Што е тука спорно?
--- надополнето: Nov 7, 2011 8:50 AM ---
МПЦ не се оддели (противканонски) од Србија, туку од СПЦ.
МПЦ не се оддели од СПЦ пошто МПЦ никад не ни била дел од СПЦ! Историски земено, охридската архиепископија ја основа пеќката патријаршија, а денешна СПЦ а не обратно! Како што СПЦ е наследник на пеќката патријаршија, така и возобновената МПЦ е наследник на охридската архиепископија, со тоа што возобновувањето кај МПЦ мораше да се стори со пренесување благослов од постојна православна Црква кон МПЦ, ради познатото укинување на ОА од некој си таму султан, во 1767 г.
--- надополнето: Nov 7, 2011 8:53 AM ---
И најпосле МПЦ не доби анатема од Србија, ниту од српската власт, ниту од српскиот народ, туку директно од СПЦ т.е. од Српската Православна Црква.
Тоа што СПЦ ѓоамити ја анатемисала МПЦ, тоа нема никаква штета по МПЦ.
--- надополнето: Nov 7, 2011 8:56 AM ---
МПЦ не прекрши закон на државата. Таа прекрши православен канон.
И кој е тој канон кој МПЦ го прекршува?

За разлика од Тебе, отец Методиј (Златанов) вели дека МПЦ ги исполнува сите канони, за да може да се нарече автокефална Црква, освен спорот со името, кон не е канонска категорија, туку политичка, што значи, овосветовна, а не црковна!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
МПЦ не се оддели од СПЦ пошто МПЦ никад не ни била дел од СПЦ!
А зошто во 1945 година иницијативниот одбор за МПЦ му се обрати на архиерејскиот синод на СПЦ за прогласување на МПЦ (кое што барање СПЦ го одби)

Шо улога имаше СПЦ па мораше таа да даде мислење и одобрување за формирање на МПЦ??
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не во прашање само таа ‘45-та. На пример, миторполитот Теодосиј (Гологанов), уште на преодот од 19-ти во 20-ти век, се залагал за возобновување на ОА! Но како веќе реков, со укинувањето на ОА, со славниот султански документ, ОА има дисконтинуитет во високото свештенство. За да може МПЦ да биде возобновувач на ОА, МПЦ, природно, побара пренесување благослов за таквата намера, од друга постојна православна Црква. Се работи за историски стек од околности: МПЦ, т.е. македонскиот народ, беше интегрален дел од СФРЈ па логично е да се бара благослов од Црква во склоп од СФРЈ а не од Црква со склоп од СССР.

А каков е односот на нашите соседни држави кон нашиот народ и држава, тоа е очигчедна работа...Смешно е да бараме благослов од грчката или бугарската Црква, а пологично и поприродно е МПЦ да бара благослов од СПЦ, оти е јасно која Црква е мајка на СПЦ. А познато е и тоа дека СПЦ има јаки врски и зависност од грчката Црква (имено, СПЦ ја има купено својата автокефалност од грчката Црква) па не е чудно нејзиното однесување кон МПЦ до ден-денес.

Патем кажано, СПЦ не е укината со световен документ од ниеден световен владетел и има свој континуитет.
 
Член од
20 октомври 2011
Мислења
57
Поени од реакции
35
За клетвите, тоа е класично шарлатанство, а шарлатанството само со шамари се лечи, вистински или вербални.

Поделбата на свест и потсвест нема никаква врска со ова што сега го пишувам. Во нашата потсвест нема ништо што претходно не било во нашата свест, на овој или оној начин. Како такво, потеклото на содржината на нашата потсвест е добро познато.

Не сме способни да контемплираме надвор од нашата свест, способни сме само да си умислуваме работи и да ги именуваме со зборови позајмени од секојдневниот живот, но напишани со голема буква. Најчесто тие наши фантазии служат за лечење на насобраните фрустрации, или се едноставно резултат на нашата немоќ да се избориме со светот каков го знаеме... А и тие фантаазии, ако добро ги анализираме, лесно можеме да го препознаеме нивното приземно потекло, што е многу чест случај кај религиските фантазии...
Господине, вашата подсвест слободно можете да ја наречете складиште за информации, во кое се складираат сите информации добиени од универзумот и сите информации добиени од вашата свест, и од истото тоа складиште информациите кои биле во вашата свест а слегле во вашата подсвест се пренесуваат до универзумот, а информациите од универзумот кои стигнале во вашата подсвест до вашата свест. Што значи способноста вие да комуницирате со вашата подсвест ги диригира сите натамошни случувања во вашиот живот. Ако вие ги пропуштите информациите од универзумот кои стигнале во вашата подсвест да дојдат до вашата свест вие значително ќе ги подобрите знаењата во секој сегмент од вашиот живот а со тоа и вашите наредни акции и нормално крајниот производ, исто така доколку вие ги ослободите вашите натрупани информации кои стигнале од вашата свест до вашата подсвест односно се ослободите од нив, вие нема да го носите товарот на минатите случувања а со тоа и вашите наредни акции ќе се засноваат на здрав темел кај кој секогаш крајниот производ е доста позитивен. Е кога свеста ќе почне да ги прима информациите од универзумот значително ќе се намалат грешките во вашиот живот, вашата свест поретко или воопшто нема да ствара неадекватни слики кои понатаму ќе се отсликаат во вашите идни случувања. Со тоа ќе се исчисти и вашата свест и вашата подсвест а вие нема да ја плаќате цената на вашите минати случувања или грешки, гревови како сакате наречетеги. Кога ќе се исчистат вашата свест и подсвест вие ќе бидете комплетно спремни да ги примате и практикувате само информациите на универзумот во кој се содржани информации стари од времето на адам, значи сите информации од адам до ден денешен се ама буквално се што мислеле, смислиле, направиле, знаеле и тн. луѓето кои живееле во овој временски период од не се знае колку илјади години. Епа сега замислете, размислете какви ќе бидат вашите можности и во кој правец ќе оди вашиот живот.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
da, prosetvanjeto e dobro osobeno ti da zaebes nekoj/a a on/a da ti prosti. rabotava ispadja dobro e koga treba nam da ni prostat a ne prostuvame koga ni zgresile.
 
Бла, бла, бла, бла...

Boring...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom