Океј. Дискусија.
За дискусија треба тема. Ама ајде ќе ги користиме твоите постови како почеток на дискусија.
Значи ти би трпел секоја година да губите 6-2 на Бернабеу се додека имате повеќе трофеи од Барса? Се додека ние не освоиме 31 титула не сме посилен и поголем клуб?
Барса и да немаат освоено ни една титула се поголем клуб од Реал. Знаеш зошто?
Затоа што претставуваат нешто. Претставуваат идентитет на една нација, нејзина гордост и нејзин промотор.
Имаат филозофија која ја негуваат и во најтешки времиња. Барса никогаш нема да отстапи од својот напаѓачки фудбал, никогаш нема да ја видиш Барса без ни еден напаѓач на теренот бутната во својот шеснаесетник за да се одбрани.
Во Барса добиваш шанса ако си добар, а не ако носиш профит. Има традиција која се почитува и која конечно почнува да носи успех.
Што има Мадрид? Традиција да им ги упропастува кариерите на фудбалерите кои ги купува од странство за огромни суми и на тие од нивната школа?
Јас не се сеќавам од кога гледам фудбал некој фудбалер да дојде во Реал и да си ја подобри или барем да ја задржи својата репутација (освен Зидан). Сите доаѓаат како таленти или ѕвезди, а си одат со нарушени репутации.
Пример: Канаваро, дојде како еден од најдобрите одбранбени фудбалери, а сите едвај чекавте да го видите како си оди.
Хунтелар дојде како еден од најголемите таленти, а не му дадовте шанса ни да покаже што знае....
Има примери колку сакаш...
Оваа година Игуаин, Снајдер, Ван дер Варт, Махмаду Диара, Гаго...сите ќе трпат понижување да бидат замнети и да греат клупа без шанса да напреднат.
Што претставува Мадрид и што застапува? Ништо. Во Мадрид се почнува и завршува со еден збор: ПРОФИТ.
Се додека Мадрид нема никаков идентитет не е ништо поразличен од било кој друг клуб.
Без разлика на тоа колку трофеи има во трибините.
Ако си вистински фан на тим, би трпел апсолутно се, и во добро и во лошо си со тимот. Колку што знам, не е секоја да победувате 2-6, тоа е само оваа, и прашање е дали и некогаш ќе се повтори, зошто мислам дека веќе ја научија лекцијата.
Промотор на нација ? Жалам, ама Реал на почетокот на оваа деценија кога освојуваше титули, Реал беше промотор на нацијата, тогаш Барса не знаеа како изгледа трофеј во ЛШ, просто ко грав. Сега времињата се сменија, и сега е Барса таа што многу успешно ја промовира нацијата, од кај знаеш, тие времиња ќе се сменат, можеби некогаш ќе гледаме и Хихон како во добро светло ја претставува нацијата.
Јас колку што знам, тимот кој е најтрофеен во целиот свет, потекнува од Шпанија, и тоа е доволно за тој да биде најреномиран од својата нација. Реал претставува гордост на целата нација низ целата историја, а Барса, може да се каже, само последниве 5 години.
Точно дека секогаш играат напаѓачки фудбал. Но тој напаѓачки фудбал донесе резултат последните 5 години, пред тоа не видов добри резултати од таа тактика.
За уништувањето на талентите од младата школа, и упропастувањето на кариерите, нема да дискутирам многу. Затоа што, каква и да е таа политика, сепак носи трофеј. Мене ми се важни трофеите, а не дали им се упропастува кариерата на играчите, и дали некој добил шанса од младинската школа.
Во Барса добиваш шанса ако си добар, а не ако носиш профит. Има традиција која се почитува и која конечно почнува да носи успех.
Па да, еве и самите си кажувате КОНЕЧНО, значи вие го сметате за успех она што се случило од пред 2-3 години, па понатаму, а не ги гледате минатите години.
Што претставува Мадрид и што застапува? Ништо. Во Мадрид се почнува и завршува со еден збор: ПРОФИТ.
Се додека Мадрид нема никаков идентитет не е ништо поразличен од било кој друг клуб.
Без разлика на тоа колку трофеи има во трибините.
Види вака, сите си имаат различно видување за големината на клубовите. За мене, голем тим претставува тим кој во своите витрини е полн со трофеи, тим кој зад себе има оставено богато реноме. Што ако Арсенал имаат јак тим, и јака школа, кога пак немаат освоено Лига на шампиони. Можеби тоа ќе им дојде до израз НЕКОГАШ, и тогаш и од Арсенал ќе викаат КОНЕЧНО, како што викате вие сега.