Hurin
Pokerface bastard
- Член од
- 3 јуни 2009
- Мислења
- 8.543
- Поени од реакции
- 14.678
Правилата се во ЧДА и не треба да се сфатат сериозно. Поентата на темава ќе биде да пишувате правила кои ќе го исмејуваат односот/стилот на пишување во одреден подфорум или општо исмејување на правила на форум и морални правила. И искрено да викажампишам, ич не ме боли кур дали ќе се навредите или не, дали не е точна оваа забелешка за вас или не, па затоа ќе ги избегнам тие „Без навреда, за хумор се работи“, „No offence“...
1. Стил на пишување:
Литературно:
- Со сите точни интерпукциски знаци и граматички правила.
- Оставајте редови меѓу реченици и пишувајте во параграфи за мислењето да ви изгледа на стручна статија со факти и точни информации. Без разлика дали треба да го поделите мислењето или не.
- Со богат речник и поими што не може да ги сфати секој нуб без да гугла, иако за истиот поим има друг збор со исто значење, но тој збор ќе го сфатат сите и ќе бидете глупи.
ИЛИ...мадафакерски. Со дијалект од вашио град. Малку зборој во една реченица. Точка на крај за појак ефект. Да. Може и србизми да користете. Оти се кул.
Хумористично:
Вметнете што повеќе хумор во постовите, без разлика во која категорија се и колку темата е сериозна.
*Препорачливо е да пишувате со дополнителни збор-два-реченица-whatever на Англиски, бидејќи е со поголема доза на хумор и проектирате слика на интелигентна личност со големо познавање од англискиот (паметен) хумор и поп-култура.
*Oдговори со one-liners што содржат сарказам се почитувани.
*Сите обожаваме memes во пишана форма, нели?
mozhete od vreme na vreme da gi ismejuvat lujgeto 6o pi6uvaat vaka so cel da gi izheitate ali da vi kazham pravo nikoj veke ne pi6uva vaka затоа касните две-три години со исмејувањето ali ok toa e vas izbor neli hehehe pozzzzzz
Форматирање на текст:
За да изгледате паметно:
За да изгледате глупо:
- Користете ги функциите за нумерирање и репери.
- Цитатите на познати мисли ставајте ги со тагот за цитирање.
- Центрирајте го текстот ако е потребно.
- Користете ги опциите за Bold, Italic, Underlineи Strikethrough.
- Различна големина. Препорачливо е најголем фонт да биде главниот наслов, среден фонт краткиот вовед и нормална големина текстот.
2. Однесување:
- Различен фонт од стандардниот што привлекува внимание.
- Можете да пишувате во дреч бои за да привчелете уште повеќе внимание. Сакаат или нејќат ќе мора да го видат вашиот текст со ослепувачки светла боја.
- ЦЕЛИОТ ТЕКСТ НАПИШАН СО CAPS LOCK.
- Целиот текст само болдиран или само во италик.
Докторат:
Треба да ги омаложувате и потценувате сите. Не треба да имате факти за да го поткрепите мислењето и Вашиот став. Запомнете: Вие сте најпаметни и Вие во сите дебати сте победникот. Дури по некоја можност да се случи (што е можно само на нучна фантастика филм), Вие да не бидете во право, тогаш се работи за различен вкус или право на избор.
Кул момак: (намерно е пишано момак пошто женските не се кул, они знаат само КУЈНА. ХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХА)
Треба да користите што е поможно повеќе хумор во постовите.
Треба да имате различно мислење од другите.
Треба да се пофалите дека сте против владата.
Треба да се пофалите дека медиумите Вас не ви го испрале мозокот.
Треба да се пофалите дека имате различно мислење и став од другите. Па дури и од другиот Кул момак.
Треба да плукате по: „испраните мозоци“, турбо фолк, децата што до средно ве заебаваа во клас бидејќи вие бевте бубалиците и Џастин Бибер...Запомнете: Вие гледате потценети филмови и слушате потценета музика, Вие не ги прифаќате модните трендови, нормите и однесувањата на другите, Вам не ви е битно мислењето на другите, Вие имате напатено многу во животот па сте помудри од другите и знаете што е живот, Вие имате многу пријатели и социјален живот, иако тие пријатели се од интернет и не се баш вистински пријатели со кои се гледате секој ден и си се фалите кој колку пички смувал.
(Wannabe?) Troll:
Tреба да одите офтопик во секоја можна тема.
Треба да пробате да заебете некој по секоја цена.
Треба да се храните на нервозата кај другите предизвикана од Вас.
Треба да одговарате САМО со слика. Сликата треба да е поврзана со исмејувањето на мислењето и по можност да е meme.
Кога на некој му е потребна сериозна помош што ја бара во форумот Здравје, но ја побарал на глуп начин (МИ ТРЕБА ПОМОШШШШ!!!!!1еденOneoneSin(90)!), Вие ќе му одговорите со трол мислење каде што го исмејувате. Тој не сфаќа дека го исмејувате па тоа ве прави Вас паметни.
Најважно од се: [rage] ТРЕБА СЕКОГАШ КОГА ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА СЕ ПОФАЛИТЕ ДЕКА СТЕ ТРОЛ И ДЕКА ТРОЛАТЕ! И НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДЕКА ВО СЕКОЕ МИСЛЕЊЕ ТРЕБА ДА СТАВИТЕ ТРОЛ ФАЦА-СМАЈЛИ И ТРОЛ АВАТАР У ПИЧКУ МАТЕР МЕ НЕРВИРАТЕ БЕ! ЈАС СУМ ТРОЛ. НЕ ВИЕ. ЈАС СУМ НАЈДОБАР! [/rage]. Добро е, ќе помине. Некој ден ќе се врати Хитлер и ќе ве убие сите. Да се навратиме на темата, доволно е јас да бидам смешен со мојот хумор. Запомнете: Вие сте професионалец во оваа струка, Вие имате баеѓи голем стаж - Вие пред една недела видовте слика на фб од 9gag, Вие одите на /b/ (Се извинувам што прв пат ги прекршувам правилата 1&2, но морам да го сопмнам местото. Океј, не морам. Но...СМЕШЕН СУМ.).
Good Guy Greg:
Tреба да му помогнете на секој што можете.
Треба да им го почитувате мислењето на другите.
Треба да не му мислите лошо на никој.
Треба да сте дојдени тука за да дискутирате и да се дружите.
Треба да избегнувате расправии.
Треба да лајкнувате што повеќе мислења. Без разлика дали заслужно или не.
Кога пишувате комично мислење или виц, треба да не е навредлив за никој и да можат да го сфатат сите. Можеби некој lame pun.
...
Заебете. Нема никој што ќе ги почитува овие правила и нема таков човек. Заборавете го ова однесување. Одберете си друго.
3. Oстанати, општи, random правила:
Аватар:
Треба да биде од личност што никој (или многу малку) ја знаат.
Треба да биде со цветчиња, срциња, кујна... ако сте женско.
Треба да биде со некој кул момак на плажа и зајдисонце у позадина. Нешо као напатен момак ова она, демек и вие сте такви. Кул сте. Ве сакам.
Може да биде и некоја смешна слика.
Може (но не е пожелно) и да немате аватар. Така ќе делувате мистериозно, хардкор.
Потпис:
Цитат. Цитатот може да биде од вашата омилена песна или омилен филм. Цитатот може да биде од некоја позната личност или филозоф, но на Англиски. Цитатот може да биде од некоe #failmislenjenakajganazaupotpisiovojtwittertagsoemnogudolgemnogusmesensupersmislazahumorimamdatikazampravocelogoprocitaprasalniklolkakonetemrzesebeustelicitasokajserioznoprestanuvamotivekestanuvadosadnoilivekebesedosadnoseriously?
Од вашиот омилен клуб. Не сум спортист (кој би рекол, нели? Ама не сум awkward geek од клас, жими се.) па не би можел да наведам примери, жалам. Можете нешто поврзано со навивачки групи, цитатот да биде у боја со извичници и [клуб] е во нашата душа или нешо така слично.
Слика. Во сликата обично се вметнуваат и цитатите или мотивациски изреки.
Немате потпис. Мистериозен сте. Немате време да губите за ставање потпис, имате поважни работи.
Можете да имате потпис со геј inside jokes како wot и оној црниот модератор што никој нема да ги сфати па некој вака јавно ќе ги праша која е финтата со тоа но можеби они нема да го прочитаат ова па ништо од шансата да се насмеам на inside joke. Ја би немал таква шега. Немам со кого да ја имам. Хумор на своја сметка, wow. Многу забегувам од темата од време на време, можеби ќе беше подобро да се задржувам стриктно на правила, али јебига, денеска праев тест нашколо па сеа иам повеќе слободно време, а и у последно време ми бегаат мислите накај филозофија и зошто всушност постоиме, дали има цел на животов? и сакам да бидам смешен и така...драга кајгана.
Спам:
Треба да си го рекламирате вашиот нов форум-копија на Кајгана што сте го направиле на forumotion.com. Таквите реклами се добредојдени тука и сите стануваме редовни посетители и пишувачи на таквите форуми. Не треба да сте активен член, можете да се регистрирате со јузернејм како што ви е адресата на форумот и првото мислење бап!-директно во некој рандом форум со реклама за вашиот forumotion форум.
Moжеби имате некој продукт па сакате да го рекламирате некаде? Форумот Здравје (најчесто) е за Вас. Форумот не нуди никаква модерација па рекламите не се забележуваат. Вашата реклама ќе стои се додека не се постави модератор на тој форум = засекогаш. Еј, правилава и во реклама станаа бре, пууу да ти ебам колку сум смешен абе.
Можеби имате некој добар (сериозно) сајт, па сакате да спамирате и во исто време да бидете Good Guy Greg. Тоа ќе го направите со ставање на банерче од кајгана на вашиот портал. Па потоа ќе ставите банерче во потпис од вашиот портал. Или можете како некои педери да отворите тема каде што ќе цитирате статија од вашиот портал и ќе го наведете изворот со линк до статијата.
Oстанати, општи, random правила: (SWIDT?)
Moжете да се регистрирате со повеќе јузери и да си ставате МиСеДопаѓа-ови на Вашите мислења.
Можете откако ве банираат да се регистрирате со друго корисничко име и да си продолжите како претходно.
Пишете им на админите да ги прашате некое глупо прашање што не заслужува одговор.
Пишете им на админите да ви помогнат со било каков проблем.
Пишете им на админите да ви дадат модератор. Повеќе пати ако не ви успее еднаш.
Пишете им на админите to say hello.
Можете да лижете газ на администрација и со сигурност ќе ве унапредат во модератор. Ај бе па и вие, што ќе ви се лекциите што ги учите во петто одделение, златно модераторско место на Кајгана, вие ќе се замарате со небитни работи, пф.
Можете да идете на форумот само за да побарате помош (есеј, семинарска, филм, ?), да добиете помош и да си отидете. Ќе се вратите кога ќе ви треба помош пак.
Правила за форум (заедно со подфорумите) Филм и ТВ:
Треба да гледате потценети филмови и серии.
Треба да давате што е можно помала оценка од заслужената.
Треба да гледате комедии со паметен хумор.
Треба да спомнете во секој пост дека филмот што сте го гледале не е за сите и Вас Ви се допаднал.
Треба да пишувате цитати од новите епизоди на сериите што ве насмеале.
Треба сами да си пишувате во теми како Mockumentaries, каде што никој друг не го боли кур за таа тема.
Tреба да ги исмејувате/навредувате луѓето што гледаат амерички блокбастери, американска пита (деловите од 3 па нагоре - оние што не се со оригиналната актерска екипа), турски серии, филмови за испрани мозоци, нели...
Во рецензиите, секогаш треба да ги користите фразите од стилот на: Одлична глума на [тој], ме воодушеви [тој/тоа]. Што ги боли курот другите што специфично Ви се допаднало Вам за глумата или филмот. Битното им е дека Вам ви се допаднало, па сигурно и на нив. Или не? Вие имате различен вкус од другите, тој филм што сте го гледале не е за сите, па...добро, веќе преминувам на навреди со непоткрепени факти и забелешки што не се баш точни, во заблуда сум.
НЕ ПИШУВАЈТЕ ВЕЌЕ ВО ТОЈ ФОРУМ. УШТЕ ПРЕД НЕКОЕ ВРЕМЕ ПЛАНИРАНО Е ТОЈ ФОРУМ ДА ЗГАСНЕ. КАКО ШТО ИМАТЕ ЗАБЕЛЕЖАНО ДУСКУСИИТЕ ПАДНАА И НАПАДНАА ТУРСКИТЕ СЕРИИ. #occupyФилмиТВ
Правила за форум Музика:
Секојдненво пишувајте во темите Хит на денот, Песна која не можете да ја заборавите, Омилена песна. Во мислењата пожелно е само да се постави линк од песната на YouTube.
Ако наидете до тема за вашиот омилен артист/и, напишете само колку ги сакате, колку и од кога ги имате слушано, дека ви се омилени и баталете ја темата.
Во темите за настани и случувања, пишете само дека ќе одите или не и одјавете се од темата.
Не заборавајте да се пофалите кои непознати, потценети групи ги слушате. По можност да бидат дарк групи со тешки текстови што не се за сите.
И еднаш годишно (или месечно?) пишете во темата Метал.
Правила за форум Канта:
DO NOT ENTER!
Mислам дека е доволно. Не дека не можам да пишувам уште, приметивте сите дека цело време ги користам истите стари шеги и пробувам да се извадам како што правам моментално со признавање дека не се смешни. Но сакам да личам на момак што нема многу слободно време. Времето што би го изгубил за пишување правила би го потрошил за бркање пички. Ама гледам потенцијал во темава каде што и другите ќе придонесуваат со правила за форумов, нешто како: Pluh e ретардиран и треба да му се забрани пристап до форумот.
Глупа тема. Канта.
Кантаааа.
Pluh навистина е ретардиран и навистина треба да му се забрани пристап до форумот.
Pluh друже имаш многу слободно време, сериозно ти кажувам (по приватна порака) дека ова не е смешно.
Еј Ике, ти ли си бил Pluh бе...Тууу, не знаев. Хаха.
TL;DR? УМРИ.
see u in hell suckas