Вашите пијани искуства :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Значи мое прво и последно пијанство беше пред една година.. Памтам беше октомври месец :icon_lol:
ИИ со другариве се мислиме кај да ојме и оп се бапнавме во една кафана, шо знам кафана / ресторан ....и седнуваме порачуваме БЕЛО вино во ЗИМА :X3: бунарчина.... ИИИ сеа почнавме да пијаме по 3 чаши слокавме сите , т.е. 5 души бевме ... јас дека ни најаден од дома ни ниш ни на крај памет не ми падна дека ќе пијаме...
И локам шо локам 3 чаши , 4тата чаша пијам и оп ми се мати нешо пред очи.... Вражам со очите лево десно матно упм .... ИИИ почнаја песните мој омилени залокав уште 1-2 чаши и почнав да прам осумки ....
Тука пијавме шо пијавме и сеа велат ајде да си ојме , и јас наместо за излегување вратата , ја отвори за во WC!:pos:
И се сетив по 5-6 секунди дека сум во погрешна врата.... Ојме низ чаршија шо ојме се плашев да не паднам пошто немав стабилност.И пополека си ојме накај дома, јас претпорта имам скалички и то замрзнати упм, и си велам вум ако паднам ќе се испокршам ни Перо саатџијата не ме составува после ... ако стом пред порта ќе издземнам.... И ај полека пополека се потпрев на то железото и некако дојдов пред врата....
Отворам вратата и ај полека пополека да соблекувам то патиките , па то пусти врвци кизнај колку време ми одзедоја дури ги одврзав :icon_mrgr:.
После то седнав на ПЦ тресев глупости на сите страни(свесен бев) ииии станувам сабајлето и глеам отпревртен мониторот и тастатурава.:confused:
И од тогаш си реков: Повеќе пиење нема!
 
лелеле распалив по темава со постот сите почна искуства да си кажуваат ххх :D
Абе не викам дека не е можно, остај ти пиво, и ја Скопско литро и пол иам лупнато на екс, али вино, плус домашно.... Долгогодишен тренинг ти треа за таа работа.
НЕ што испив испив како шо кажав твое е дали ќе веруваш нема шо тука да се убедуваме ама 3-4 мин времето го кажав онака пошто знам ептен на брзина тоа сето пиење се дешаваше и затоа е таа бројка а секако дека беа повеќе од 4 мин ...
 
лелеле распалив по темава со постот сите почна искуства да си кажуваат ххх :D

НЕ што испив испив како шо кажав твое е дали ќе веруваш нема шо тука да се убедуваме ама 3-4 мин времето го кажав онака пошто знам ептен на брзина тоа сето пиење се дешаваше и затоа е таа бројка а секако дека беа повеќе од 4 мин ...
Па тоа бе мајсторе, не викам дека не си испил литро вино,али за 3-4 минути скоро невозможно е. :) Посебно кога збориме за црвено вино, пошо ептен удара на стомак тоа.
 
Па тоа бе мајсторе, не викам дека не си испил литро вино,али за 3-4 минути скоро невозможно е. :) Посебно кога збориме за црвено вино, пошо ептен удара на стомак тоа.
Таман е среќа што се најде некој ко тебе да ме поправи за времето ;)
 
Лани у Колосеум бев доста поднапиен (уште неискусен у пиењето и ме фати по 3-4 коњачиња) и земав нешто да се тетравам па скршив чаша и флаша и тој од Security ми вика да сум ја плател чашата и викам колку? - 500. Ја ладнокрвно му давам 100че и си киднав xD После дома сабајлето глеам на левата рака исеченица :pos:
 
Извини шо упаѓам вака брат ...али шо - демек не е можно :) ?

Мада му гарантирам "блекаут" и остали попатни дејствија ако го испил за 4-5 мин истото ...

Ја пиво едно џамбо лупнав у 3 голтки цело - не знам дома како си отидов ....:))
еве ја ќе гарантирам, бев сведок ... и имаше повеќе кратни блекаути , проследени како што наведе погоре о нооооо со повраќање :)
 
Денеска иако не претерав,кога пијам станувам голем закачко и само се смеам на зборовите што ги кажувам :).На една девојка во МЦМ и бев толку смешен што мислам цревата и се вртеа од смеа.Имаше фаца ко Олива и јас и велам ќе ти бидам Попај твој.Но повеќе го сакала дибекот,а бидејќи дибекот не јадел спанаќ и бил нечустителен и изгледа хибернирал како мечка дома,а тие две беа сами и се повлекоа затоа што изгледа премногу сум им бил смешен :).Другар ми се изнасмеа и вели никогаш не сум те видел во вакво светло,на кое јас му реков,а ми дадеш малку Вино сум незапирлив и куче сум гризам кучки :)
 
Најјако пијанство летото ко завршив 1 средно.бувнав 100-тина грама мастика и за време од 5 минути 1 шише витач, на екс.
Се препарирав скроз, последно шо се сеќавам беше ко ме донесоја другарите и реакцијата на мајка ми: -Сине да не си дрогиран !!!
И ден денеска има смеење околу таа вечер.
 
Лапав кит од 100 тина кила,ме виде кучката и морав да ја запросам за да се извадам.
 
Muse аген, џинче и се убив од смеење на статијава од бркајработа (жива истина шо)...

Како алкохолот спречува грип

rakija-02.jpg


- Вежбајте доволно, барем пешачете бидејќи тоа го одржува телото и го јакне вашиот имунолошки систем.
- Конзумирајте доволно зеленчук бидејќи во него ги има сите витамини коишто на вашето тело му се потребни.
- Исто така, внесувајте и доволно овошје бидејќи тоа е особено богато со витамин Ц, којшто е најважен за здравјето.
- Излегувајте често на чист воздух и избегнувајте зачадени простории.
- Потрудете се да немате наметнат или најдобро, било каков стрес.
- Спијте доволно и бидете секогаш одморени.
Овие правила ќе ви ги каже секој доктор пред да ви „шибне“ инекција во газот со предупредување за следниот пат, како да се чувате од грипот. Но, она што е вистински важно е тоа дека пред да ви ја стави инекцијата, тој со памукче ќе ви го намачка местото со алкохол, бидејќи алкохолот дезинфицира, то ест ги убива непосакуваните вируси и сè што ќе се најде на тоа место.

rakija-03.jpg


Затоа, ние ви предлагаме да не чекате на инекции, туку веднаш да прејдете на главното, алкохол. Всушност, на англиски, зборот за инекција и за мала чашка ракија е ист - shot. Ако размислите уште подлабоко, дури и кога пиете, можете да ги следите советите на докторот од погоре. Тоа е сигурен начин дека нема да фатите грип.
- Секогаш оставете го автомобилот дома кога одите во кафана (пешачење и вежбање)
- Кога нарачувате ракија, секогаш нарачајте свежа салата (зеленчук)
- Откако ќе прејдете на скара, потрудете се да не пиете чисто вино или обичен шприцер. Нарачајте бунар, во него ставаат портокали или лимони (овошје)
- Ако има услови за тоа, најдете кафана којашто е надвор од градот, во парк или на Водно, во планина (чист воздух)
- Кога ќе почувствувате дека сте испиле „таман“, слободно смејте се и забавувајте се со пријателите, така го елиминирате стресот.
- Кога ќе испиете премногу или барем доволно, секогаш лесно заспивате и можете да спиете со часови (добар одмор)
Ние се одлучивме како ќе го чуваме нашето здравје, а вие како сакате.

Плус гратис ова од мене :


П.с Морам да пробам вака и јас, али жива среќа мразам пијам на екс журки
 
Летово, во Сутоморе. Измешав бело вино, пиво и лозова ракија. Хаос бев.
 
Buket cveke nosev vcera po rekord. :pos:
Ni sam neznam zaso go zemav xD
I sabajle prva smena u 10 saat na rabota otidov. Mi zvonele sefovi, kolegi ne sum go osetil telefonot. Dobro e i u 10 so otidov xD :D
 
пиј-смеј се-зборувај-играј-додворувај се на сите-играј-зборувај-спиј
 
Последно од овој викенд ... сите во дискотеката знаеле што правам само јас не :(
Едино нешто шо ми се свиѓа во пијанството нема женска шо неможам да ја запознаам ... па така се запознав со цура што ја имам меркано точно 10 месеци и дури минатиот викенд се запознав , а овој викенд не пијам мора да се иде у акција :LOL:
 
Последно пијано искуство: ко си дојдов дома поврајчав, ко станав од спиење поврајчав пак, закачив 3 кафетини и заминав на работа а таму цело време чувствував еуфорија од кафетините и цело време ми се поврајчаше...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom