Помина доста време откако последен пат сум ги гледал нашиве момци толку сигурно да изиграат еден натпревар. Ова е стариот Арсенал и вчерашната изведба разбуди пријатни спомени...
Добро, ВБА и не беа некој предизвик а ниту закана, но и ние не им дозволивме многу да играат. Добро е што по 2та постигнати голови во првото полувреме, за промена, во второто не правевме глупости типични за нас. Тука имаат удел и измените што ги направи Венгер, според мене беа одлично темпирани, го променија пристапот но не и динамиката, а Росицки имаше удел во 3от гол.
Дефанзивно немаше многу работа, не сум сигурен и дали имаше потреба Кош и Верминаторот да се тушираат после натпреварот, Шчежни сигурно не. Сонг и Артета одлично го стопираа секој обид на ВБА. Ремзи со секој натпревар е се подобар, исто така пријатно сум изненаден и од Џенкинсон, сите зборуваат дека Кошеилни брзо се адаптира, но Џенкинсон тоа го прави со брзина на светлината, од неколку натпревари во Лига „У пичке си материне“ Англија, до Премиер и ЛШ. Со секој натпревар се помалку грешки прави а какви нафрлувања имаше, топки кои плачеа за Шамак или некој друг „главуч“, засега солидно го покрива Сања. Волкот дефинитивно не знае да дава голови, тие што досега ги постигна се резултат на „виша сила“, незнам како планира да игра како централен напаѓач кога промашува вакви 100% шанси, а Венгер навести дека во Јануари може да го испроба како напаѓач, „сачувај Боже“ ама ајде ќе видиме. Жервињо можеби треба да одмори малце, не толку спектакуларна изведба вчера, но сепак ја изремети одбраната на ВБА.
Ван Перси, што да се каже, уште малку и противничките одбрани сами ќе почнат да си даваат голови кога ќе го видат. Мора да кажам дека има некој заговор меѓу смрдливите старци од УЕФА и Ла Лига да „посраната копачка на Европа“ си ја менуваат Меси и Кристијано, немам ништо против но како можеа да го занемарат, изгледа сепак не е толку добар како што кутрите ние „ганери“ мислиме, што се 28 гола на 27 натпревари, гола вода. На таа листа смеат само играчишта како Абидал, Нани, Нилмар (можеби е хот проспект но има уште доста леб да јаде), Пике и Алвеш.
Малку избегав од темата со лајнава од УЕФА... Така сега пак интернационална пауза, доза фудбалска агонија наречена Македонска фудбалска репрезентација, не благодарам, периодот кој следи ќе хибернирам, не сакам повторно да ја загубам со пеколни маки тукушто повратената и сеуште на стаклени нозе, ако може да дополнам, верба во фудбалот.