Во текстот беше направено споредба помаѓу говедско, јагнешко и свинско месо.
Јас зборев за Телешко месо а не за Говедско.
Говедското месо е помрсно и покалорично од телешкото месо, а во споредбата беше говедско месо, да беше телешко месо тогаш резултатите ќе беа други.
И според тебе јагнешкото со 246 калории е процентуално блиску со свинското и неговите 541 калории ?
Па тоа се дупло повеќе калории во свинското отколку во јагнешкото, а говедското има 313 калории што е за цели 230 калории помалку од свинското.
И говедското со своите 21 грама масти и јагнешкото со своите 15 грама масти е процентуално блиску до свинското се неговите 41 грама масти ?
Свинското е дупло помрсно од говедското.
Незнам кај виде тука блискост во процентите кога јасно се гледа дека свинското е дупло покалорично и помрсно од другите видови на меса.
Јас немам намера да се расправам или да делам лекции. Калорија е едно, а процент на маст е друго. Калорија е мерка за енергетската вредност на храната, и генерално, што повеќе калории, толку поубаво, со помала количина месо (храна) ќе ги задоволиш енергетските потреби.
Кучињата нетреба да јадат свинско.
Можеш да даваш Риба, Пилешко, Јунешко, Телешко, Говедско, Мисиркино ... али Свинско НЕ.
Ова е твој цитат, впрочем и небитно е ти што си рекла, бидејќи целта ни е тука да споделиме корисни информации, а не да се натпреваруваме во било што. Телето е младо од крава. Да, се согласувам, телешко месо е покорисна варијанта од јунешко, со помал процент на масти, но исто така, во месара се продава јунешко, а телешко и ако има е изгор скапо, па луѓе со очи не виделе телешко, а не па да го даваат на куче. Но дури и како телешко, не се разликува премногу од свинското, барем во параметрите што ги коментираме. Нејсе.
Понатаму, јас спомнав, процентот на масти во месото, зависи и од самиот дел од телото на животното од кој тоа месо потекнува, а на линкот кој го посочив, убаво имаш различни категории на месо. Нормално дека свинската сланина, која ја зимаш како репер ќе биде повеќекратно побогата со масти од чиста кременадла, на пример. Но, погледни ги процентите кај чисто свинско месо.
Јас си стојам на тоа дека убаво, чисто парче свинско месо, не е помрсно од говедско. Впрочем, не ми беше целта да укажам дека свинското месо не е мрсно и дека е здраво, туку дека сите црвени меса кои ги имаме на располагање се горе-доле подеднакво мрсни, а со тоа и подеднакво штетни.