Зошто одма лошо ги разбирате работите.
Што има лошо секому парите да му се вратат назад.
Не се бара парите на струмичаните да одат во тетово , туку се бара парите на тетовчаните да вратат во тетово.
Парите на струмичаните да не одат во Скопје.
Зарем со само 4% придонесуваат албанците во буџетот на оваа држава?
Албанците не плаќале данок , како да не , оди гледајте инспекција како им ги затвара бизнисите и за најмали нерегуларности.
Мизерни 4% инвестиции во општините каде албанците живеат.
А од друга страна, во тие општини само од комуналии и други давачки државата собира толку пари од албанците.
Вредност на изградени објекти во општините каде албанците се мнозинство , за само една година (2010-та)
Струга : 13 милиони евра
Зајас : 1 милион
Дебар: 1.4 м
Тетово: 24 милиони евра
Гостивар: 15 милиони
Теарце: 6.5 м
Желино: 12,2 м
Боговиње: 12.3м
Врапчиште: 4.4
Чаир: 3.5
Уште едно 10 милиони или повише во други општини со мешан состав (Гази Баба , Бутел , Куманово , Долнени , Брвеница , Јегуновце) па и Сарај , Липково , Студеничани, Арачиново.
==
Во Албанските општини само во куќи се инвестирани 91 милион евра (бетон и арматура)
=
Сега некој ќе вели , а бе што се 91 милион евра.
Ајде да споредиме малце:
Вардарски Регион ( Велес , Кавадарци , Свети Николе , Неготино , Демир Капија и неколку рурални општини) : во сите овие општини е изградено помалку него во самото Теарце , односно граѓаните на Вардарски регион имаат изградено куќи-станови во вредност од 5 милиони евра.
Источен Регион ( Штип , Берово , Кочани , Делчево , Виница, Пробиштип и други) , имаат инвестирано само 4 милиони евра , што значи дека во државната каса не е влезено речиси ништо од цел овој регион со 200.000 жители.
Државата имала повише ќар од Теарце (20.000 жители) него од цел Источен Регион.
Пелагониски Регион (Битола , Прилеп , Ресен, Крушево ... 235.000 жители) = 7.5 милиони евра.
Ова е само во полето на куќите, не е ништо во споредба со економијата , но велам дека државата не инвестира еднакво секаде.
Уште се занимавате со митови , демек албанците не плаќале ништо кон државата.
Само од нафтата што ја трошат албанците , регистрација на коли , и тоа ситното ДДВ која ја плаќаме и за воздухот што го дишеме , ние заслужуваме повеќе од 4% капитални инвестиции во нашите општини.
А во БДП-то само Полошкиот регион учествува со 7.5%.
Значи одма се прескокнува бројката од 4% која се инвестира во сите општини каде живеат албанците во мнозинство.
А колку изнесува уделот на другите општини кои не се дел од Пологот : Струшко , Дебарско , Скопско , Кичевско , Кумановоско.
Уделот на овие општини за среќа е многу висок во споредба колку е инвестирано во овие општини со децении наназад.
Албанците не наследија никаков индустриски погон , во општини со 30.000 жители нема ништо наследено , све е изградено во последните 20 години , со приватен труд.
А некои други наследија рудници , текстилни фабрики , металургиски ...
Не е исто едно дете кое наследило од татка си цел ресторан, и дете кое било фрлано на улица да се снајде како знае и умее.
Но ете се снајдовме некако , за жал и денеска некој вели , вие не учествувате во економија повеќе од 5% (а велам само Полог учествува со 7.5%).
1 милјарда евра влегуваат во оваа држава од албанците кои работат надвор , со овие пари му се купува маслото на Велешаните , пиперките на Струмичаните , струјата на Битолчаните , компирот на Беровчанецот , сувенирот на Охриѓанецот ... Дали верувате дека албанците заслужуваат само 4% да им се вратат назад?