2 илјади евра Харалампие Хаџи Ристески платил за столчиња, кои веќе и биле подарени на ФФМ како донација од Германија. Полицијата го сомничи претседателот на Фудбалската федерација, дека со парите кои УЕФА ги испратила на сметка на федерацијата, направил незаконитости и сомнителни трансакции.
Во 2004 европската фудбалска унија за реконструкција на фудбалска трибина донирала околу 135 илјади евра. Македонската федерација одлучила парите да ги инвестира во тетовскиот стадион. Била ангажирана градежната фирма „Голец транс“ од тетово. „Голец транс“ пак според полицијата, обврската за набавка и монтажа на пластични столчиња и ја доделува на „Артал - д“, фирма, чиј сопственик е синот на потпретседателот на ФФМ Реџеп Беџети.
Но, столчињата веќе биле обезбедени, Нирнберг Германија и ги поклонил на ФФМ. Извори во истрагата велат дека од Нирнберг ги пречекал лично потпретседателот Беџети, но наместо во складиштето на федерацијата, тој ги складирал во магацинот на фирмата изведувач.
„Не само овој случај, туку повеќе други индикации за сторени кривични дела беа документирани од страна на МВР, и МВР до Јавното обвинителство веќе ги достави документираните сознанија во форма на посебен извештај, така што во голема мера натамошната постапка против одговорните во ФФМ зависи и од препораките коишто ќе стигнат од јавното обвинителство, околу насоките за натамошното постапување“ изјави Иво Котевски, портпарол во МВР.
А1 денеска се обиде да ги контактира инволвираните страни, да објаснат кој бил патот на парите за време на реконструкцијата на тетовскиот стадион. Сите останаа позади камерите. „Голец транс“ во телефонски разговор ни рекоа дека биле ангажирани од ФФМ за реконструкцијата на тетовскиот стадион, за набавката на пластичните столчиња не сакаа да коментираат, документите за тој градежен зафат, велат им биле одземени од МВР.
Но, Хаџи Ристески, Беџети и „Артал-д“ останаа недостапни.
Преземено од a1.com.mk /
http://forum.kajgana.com/threads/Хаџи-Ристески-под-истрага.35909/page-2#post-3472827
Треба да те потсетувам кој беше Беџети? Не направила државата ништо за стадионот, вас ве крадат вашите...
Втора работа, кои се тие 10тина репарирани стадиони во државава?