H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Децениски старата идеја конечно ќе се реализира. Скопје ќе добие трамвај, а скопјани можност да се возат со него.
Проектот трамвај сега се наоѓа во втората фаза, а тоа е подготовката на тендерската документација, која треба да биде готова во јануари месец 2012 година. Веднаш потоа се објавува тендер за концесионер на трамвајот. Таа постапка ќе трае 3-4 месеци, што значи дека следната година во мај или јуни веќе ќе има избрано концесионер, најави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
-Изградбата на трамвајската линија во должина од 15 километри, од Ново Лисиче до Ѓорче Петров е многу значаен проект за Градот Скопје. Анализата покажува дека оваа инвестиција е исплатлива, со тоа што постои можност Градот Скопје и Владата на РМ да дотираат во годишните трошоци за функционирањето на трамвајот со одреден процент, изјави Трајановски.
Првата линија на трамвајот ќе ги поврзувa скопските населби Ново Лисиче, Аеродром, Центар, Карпош, Влае и Ѓорче Петров, а неофицијално трамвајската траса би се одвивала по крајната десна лента по булеварите Партизански одреди, Димитрие Чуповски, комплексот банки и Јане Сандански.
Со спроведувањето на проектот „Трамвај“ ќе се намали сообраќајниот метеж во главниот град и ќе се заштити животната средина.
Извор: http://www.kurir.mk/republika/skopje/48374-Skopje-definitivno-ke-dobie-tramvaj
Дали ја подржувате оваа идеја или сте против?
Јас ја подржувам оваа идеја, ми се допаѓа иако мислам дека ќе дојде до мал хаос на почеток на скопските улици.
И ако може да биде поставена анкета, ја испуштив
Дали ја подржувате оваа идеја?
*Да, во ред е!
*Не, не ми се допаѓа!
*Сеедно!