Скопје дефинитивно ќе добие трамвај

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин

Децениски старата идеја конечно ќе се реализира. Скопје ќе добие трамвај, а скопјани можност да се возат со него.

Tramvaj500.jpg
За трамвајот заврши првата фаза, односно изработката на физибилити студија од страна на консултантот „Виалто“.
Проектот трамвај сега се наоѓа во втората фаза, а тоа е подготовката на тендерската документација, која треба да биде готова во јануари месец 2012 година. Веднаш потоа се објавува тендер за концесионер на трамвајот. Таа постапка ќе трае 3-4 месеци, што значи дека следната година во мај или јуни веќе ќе има избрано концесионер, најави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
-Изградбата на трамвајската линија во должина од 15 километри, од Ново Лисиче до Ѓорче Петров е многу значаен проект за Градот Скопје. Анализата покажува дека оваа инвестиција е исплатлива, со тоа што постои можност Градот Скопје и Владата на РМ да дотираат во годишните трошоци за функционирањето на трамвајот со одреден процент, изјави Трајановски.
Првата линија на трамвајот ќе ги поврзувa скопските населби Ново Лисиче, Аеродром, Центар, Карпош, Влае и Ѓорче Петров, а неофицијално трамвајската траса би се одвивала по крајната десна лента по булеварите Партизански одреди, Димитрие Чуповски, комплексот банки и Јане Сандански.
Со спроведувањето на проектот „Трамвај“ ќе се намали сообраќајниот метеж во главниот град и ќе се заштити животната средина.
Извор: http://www.kurir.mk/republika/skopje/48374-Skopje-definitivno-ke-dobie-tramvaj

Дали ја подржувате оваа идеја или сте против?
Јас ја подржувам оваа идеја, ми се допаѓа иако мислам дека ќе дојде до мал хаос на почеток на скопските улици.

И ако може да биде поставена анкета, ја испуштив :mad:
Дали ја подржувате оваа идеја?
*Да, во ред е!
*Не, не ми се допаѓа!
*Сеедно!
 
Алелуја, им текна дека треба да има поврзаност меѓу Ѓорче и Ново Лисиче со нешто повеќе освен автобус :cuc:. Во други градови таа траса со брз воз се поминува а не да се клацкаш со автобус поготово за тие што немаат кола.

Јас сум апсолутно ЗА, само да го направат а да не биде ко пругата за Бугарија шо се гради 100 години.
 
Да многу сум за редно е да имаме и ние трамвај -.- ко сите останати градови
 
Ако ја направат пругата кон Бугарија, тогаш ќе зборуваме. Вакви ситни работи од типот на трамвај, кој и не е толку комплициран за изработка само во Скопје се проблем. Секој нормален град има трамвај.
 
Ќе добие повеќе сообраќајни прекршоци и тепање и чукнати браници и ГУЖВА и сите среќно си живееја :love:
 
Па ќе се преселиш во Скопје. :)

Па не ги сакате провинцијалците во Скопје...Не зборам дирекно за тебе ама сум видел многу примери каде на Скопјани им е криво и им пречи тоа што многу луѓе од другите градови одат да живеат во Скопје. Искрено, и мене тоа ми пречи, затоа што не треба само во Скопје да се инвестира и гради. Треба и другите градови да живнат малку, бизнисите и економијата во другите градови во споредба со Скопје е огромна. Не е само Скопје град во Македонија.
 
„Скопје конечно ќе добие трамвај“ станува досадно како „Paypal конечно доаѓа во Македонија“.

Скопје требаше да добие трамвај пред 15-20 години, не сега. Сега треба да размислуваат за монорејл, не за трамвај.
Ако сакаа да бидат еко-френдли, тогаш можеа да направат автобусите на ЈСП да возат на електрична енергија, исто како во Бугарија...
 
Прв трамвај во Скопје наменет за турскиот султан при неговата посета во 1909 година.
Од таму доаѓа иницијативата за трамвај и повеќе пати е размислувано но сите идеи пропаѓале во вода затоа што финансиски не биле доволно поткрепени

2je8nq0.jpg


Ако ја биде овој пат стварно аирлија нека е :)
 
Па не ги сакате провинцијалците во Скопје...Не зборам дирекно за тебе ама сум видел многу примери каде на Скопјани им е криво и им пречи тоа што многу луѓе од другите градови одат да живеат во Скопје. Искрено, и мене тоа ми пречи, затоа што не треба само во Скопје да се инвестира и гради. Треба и другите градови да живнат малку, бизнисите и економијата во другите градови во споредба со Скопје е огромна. Не е само Скопје град во Македонија.
Иначе од Прилеп сум. :)
 
Ако ја направат пругата кон Бугарија, тогаш ќе зборуваме. Вакви ситни работи од типот на трамвај, кој и не е толку комплициран за изработка само во Скопје се проблем. Секој нормален град има трамвај.

Не се ситни, во една земја на ЕУ го промашија мерењето колкава да биде висината на вагоните (не зеле во предвид дека градот не е скроз равен) и кога ги монтирале вагоните не возеле :D. Ми кажуваше вработен во Филипс што била една од фирмите во проектот а инаку проектот го правеле Италијани во друга земја :D. Чоеков од кожа беше излезен вика како можеле да не измерат правилно, милиони фрлени во бунар :unsure:.

И они прават глупости да не ги преценуваме а знам и други вакви дешавки шо ми кажувале со тек на годините само се заташкуваат работите и не ни стигаат до медиумите :).
 
Иначе од Прилеп сум. :)

Затоа кажав дека не зборам дирекно за тебе дека незнаев од каде си...Онаа првата реченица е наменета за тие од Скопје. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom