И тие индустриски капацитети што се наоѓаат во албанските општини , не се изградени за албанците.
Еве на пример , ТЕЦ Осломеј , се наоѓа во општина каде нема македонци (99% албанци).
Меѓутоа до пред некоја година 99% од вработените беа македонци.
Блокади на патот Кичево- Осломеј
Над 200 жители од Гарани и од околните села со блокади на патот Кичево-Осломеј против ЕЛЕМ. Бараат да се реализираат обврските од спогодбата потпишана пред две години меѓу општината Осломеј, термоцентралата и компанијата, за четири години во рударско енергетскиот комбинат да се вработат 120 Албанци.
Над 200 жители од Гарани и од околните села со блокади на патот Кичево-Осломеј против ЕЛЕМ. Бараат да се реализираат обврските од спогодбата потпишана пред две години меѓу општината Осломеј, термоцентралата и компанијата, за четири години во рударско енергетскиот комбинат да се вработат 120 Албанци. Досега работни места се обезбедени за 60. Конкурсот за новите 30 вработувања седум месеци ЕЛЕМ го пролонгира. Од 1000 вработени во ТЕЦ Осломеј 900 се Македонци.
Термоцентралата ги загадува и нивите и селата. Бројот на заболени на респираторните органи постојано се зголемува.
Блокадите со кои не им се дозволува влез на вработените во термоцентралата наместо 12,од утре ќе бидат 24 часа. Локалните власти не ја исклучуваат можноста тоа да се одрази врз работата на ТЕЦ Осломеј.
ЕЛЕМ ги прифаќа преземените обврски од спогодбата, но,поради владините антикризни мерки , според заменик портпаролот Јован Колески не можат да се реализираат до крајот на годинава.
Засега ТЕЦ Осломеј, работи со полн капацитет.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=54382&egId=14
Абе држава ли е ова , наместо да земат од локалното население да ги вработат , тие се обидуваат да најдат работници секаде друго , само албанци да не бидат.
Што к*р да прави тој албанецот од Осломеј , општина која многу малку има земјоделско земјиште , затоа голем дел заминуваат во странство.
И од локалното население биле чудни , барале само 120 вработувања , море спротивното треба да биде , нивните бавчи се загадуваат , нивните деца се заболуваат.
А овие од Елем преваранти невидени , и тоа што се договориле не сакаат да го почитуваат, секогаш има некој проблем , одма криза ги фаќа нема средства. Отпушти ги тие од Другово или од кај се.
Да одговорам од сега на можни контра реплики.
Се наоѓаат албанци и инженери и обични работници.
Ако е потребно , кандидатите ќе минат подготвителен курс , исто како што можат сега да ги обучуваат македонците кои работат во Џонсон Контролс или Мети. И тоа обука финансирана од државата.