Проштевањето - патот до небото?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Aha znaci nekoj taka kazal/pisal. A pred kolku godini bilo toa? Preku kolku race pominalo evangelieto? Kolku luge go sostavuvale toa? Kolku luge vo svetov se grizat za vistinata da (ne)izleze na videlina? Nisto od knigite i site tie gluposti sto pred bogznae kolku godini i niz kojznae kolku race pominale, kolku luge se potrudile da gi izmenat onaka kako sto im odgovara.
Истото може да се каж и за Александар, Цезар, Тутанкамон, Наполеон, Бизмарк, Линколн, Гоце, Боливар, Кромвел.... у ствари ништо не е сигурно освен она што лично си го видел... а и то не е 100% сигурно
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Проштевањето е вечити процес, така да не би можело да е патот до "небото"....правиш "грев" па се покајуваш и т.н. и т.н.
Единствен "пат" е да се откажеш од концептот на простување....уствари тоа и не е пат, повеќе е состојба.
Патот до небото лежи во срцето.
 

mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
ха ха абе какво проштевање каков по ѓаволите рај и пекол зборувате бре луѓе
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Векови и векови пред Исус Заратустра проповедаше подржан од ангелите и беше спасител како е и запишано во светите книги. Векови пред Христа Заратустра го проповеда страшниот суд каде ќе му се суди на душите и каде со оган ќе се казнуваат грешните, векови пред Исус Заратустра зборува за рај, добрите ангели, борба против злото, награди за праведните... векови и векови пред Иус, Заратруста ни кажува за воскресение а следбениците на богот Митра се крштеваат во вода и јадат леб како тело божје и пијат вино како крв божја. Исус само повторувал и имитирал она што Заратустра му го обзнанил на светот 5-6 века пред тоа.
Во Црквата, се потпираме на од Бога објавените вистини и на учењата од Богоносните Оци, а не што кажал овој или оној смртник. Така, можеш да кажеш дека овој или оној кажал ова или она, но сите тие што нешто кажале-умреле. Кај се сега, тоа е нивен проблем. Христос беше распнат и воскресна. Немам причина да имам доверба во она кое го кажал овој или оној смртник, па нека биде тоа кажано и за Рајот и за пеколот. Во Филипи, и гатачката, под демонско влијание, ја збореше вистината за Св. Ап. Павле, ама таа вистина сепак доаѓаше од погана уста.

А разликите меѓу Христа и било кој друг самоповикан пророк, е разлика како меѓу Небото и Земјата.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Во Црквата, се потпираме на од Бога објавените вистини и на учењата од Богоносните Оци, а не што кажал овој или оној смртник. Така, можеш да кажеш дека овој или оној кажал ова или она, но сите тие што нешто кажале-умреле. Кај се сега, тоа е нивен проблем. Христос беше распнат и воскресна. Немам причина да имам доверба во она кое го кажал овој или оној смртник, па нека биде тоа кажано и за Рајот и за пеколот. Во Филипи, и гатачката, под демонско влијание, ја збореше вистината за Св. Ап. Павле, ама таа вистина сепак доаѓаше од погана уста.

А разликите меѓу Христа и било кој друг самоповикан пророк, е разлика како меѓу Небото и Земјата.
За Исус зборувале и кажувале смртници. И Исус го нема повеќе. Не е тука.
За раѓањето и за животот и за смртта и за воскресението на исус знаеме по муабети на смртници. Нема ни еден цврст доказ дека умрел на крстот ниту доказ дека воскреснал,. Сето тоа се кажувања и прераскажувања и муабети. Али поентата е дека она шо го кажуваат i и учат христијаните, било кажаувано и учено пред нив одамна, од други пророци и вери. Не е нешто оригинално.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Чек сега...
Ако проштевањето = пат до небото, непроштевањето = неодење на небото?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
За Исус зборувале и кажувале смртници.
...што значи дека за Христа имало сведоци, кои ги посведочиле Неговите дела и вистини.
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:05 AM ---
И Исус го нема повеќе. .
Тоа е овосветовен и атеистички став, а верните веруваат дека Он Е со нас до крајот од Светов и седи оддесно од Отецот.
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:06 AM ---
За раѓањето и за животот и за смртта и за воскресението на исус знаеме по муабети на смртници. Нема ни еден цврст доказ дека умрел на крстот ниту доказ дека воскреснал,.
Да, а за Заратустра имаме и ДНК примерок, така? :rolleyes:
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:07 AM ---
Сето тоа се кажувања и прераскажувања и муабети. .
...кои во Црквата ги нарекуваме со поимот „предание„.
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:08 AM ---
Али поентата е дека она шо го кажуваат i и учат христијаните, било кажаувано и учено пред нив одамна, од други пророци и вери. Не е нешто оригинално.
Ако е од Бога, оригинално е. Ако е од лукавиот, лага е, па нека звучи таа лага и многу убедливо.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
...што значи дека за Христа имало сведоци, кои ги посведочиле Неговите дела и вистини.
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:05 AM ---

Тоа е овосветовен и атеистички став, а верните веруваат дека Он Е со нас до крајот од Светов и седи оддесно од Отецот.
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:06 AM ---

Да, а за Заратустра имаме и ДНК примерок, така? :rolleyes:
Иста тежина имаат доказите и за Зевс и за Амон Ра и за Исус и за Баал и за Митра...... се се тоа сведоштва на некој си смртници. И дека воскреснувале и дека правеле чуда и дека рекле ова или она.... сведоштва, сведоштва... купови. По ништо не се разликува прикаската за Исус од она за Аполон. Запишано сведоштво. Ни кај еднио ни кај другио нема опиплив доказ, нема ДНК. Некој верва некој не. Да беа доказите така силни и непобитни... ќе имаше само една црква христијанска а не стотина, и во неа ќе бевм сите. Али некако неубедливо, бледо, наивно... делуваат сториите и објаснувањата од заветот. Неуверливо.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
. По ништо не се разликува прикаската за Исус од она за Аполон. .
...што значи дека и Аполон бил распнат ради нашите гревови па чак и воскреснал, така?
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:16 AM ---
Запишано сведоштво.
Разбира се дека е запишано сведоштво, да не требало то да биде дигитален видео запис со резолуција 1080i?
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:17 AM ---
Ни кај еднио ни кај другио нема опиплив доказ, нема ДНК.
Зборуваме за вера, не за генетика или палеонтологија.
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:18 AM ---
Некој верва некој не. .
...што значи дека имам(е) слободен избор.
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:19 AM ---
Да беа доказите така силни и непобитни... ќе имаше само една црква христијанска а не стотина, и во неа ќе бевм сите.
Согласно никео-цариградскиот симбол на верата, Црквата е „...една, света соборна и Апостолска...„. Надвор од Црквата се само неверните.
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:20 AM ---
. Али некако неубедливо, бледо, наивно... делуваат сториите и објаснувањата од заветот. Неуверливо.
Напиши како би требало да „звучат„ објаснувањата за да Ти бидат ептен убедливи.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
...што значи дека и Аполон бил распнат ради нашите гревови па чак и воскреснал, така?

Разбира се дека е запишано сведоштво, да не требало то да биде дигитален видео запис со резолуција 1080i?

Зборуваме за вера, не за генетика или палеонтологија.

...што значи дека имам(е) слободен избор.

Согласно никео-цариградскиот симбол на верата, Црквата е „...една, света соборна и Апостолска...„. Надвор од Црквата се само неверните.

Напиши како би требало да „звучат„ објаснувањата за да Ти бидат ептен убедливи.
Секој бог сi има свој метод и начин, јудејскиот бог збришуваше цели народи, наредуваше колежи и убиства, бараше дел од пленот за него, убиваше деца, Зевс никогаш не би дозволил смртници да го фатат камшикуваат и распнуваат, тој си е бе бог има свое достоинство и чест.

Кај се наоѓаат тие оригинални сведоштва? кој ги има записите? МПЦ? Ватикан? каде може да се појде и види оригиналното евангелие на Марко, Матеј, Лука... делата апостолски, каде се ракописите на посланијата на Павле? каде може да се појде и да ги видиме? Каде се наоѓа најстариот нов завет?

Таква согласност дека се света црква си има секоја од многуте цркви кои тврдат за себе дека баш тие се оригинал наследници на Исусовото учење
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зевс никогаш не би дозволил смртници да го фатат камшикуваат и распнуваат, тој си е бе бог има свое достоинство и чест.
Тоа што Зевс не би дозволил да го камшикуваат, само покажува дека типот се држи на дистанца од луѓето, за разлика од Христа Бога човекољубецот, Кој дојде и не‘ повика на спасение и умре за нас.
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:47 AM ---
Кај се наоѓаат тие оригинални сведоштва? кој ги има записите? МПЦ? Ватикан? каде може да се појде и види оригиналното евангелие на Марко, Матеј, Лука... делата апостолски, каде се ракописите на посланијата на Павле? каде може да се појде и да ги видиме? Каде се наоѓа најстариот нов завет?
А каде е оригиналот од Илијада или Махабхара?
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:49 AM ---
Таква согласност дека се света црква си има секоја од многуте цркви кои тврдат за себе дека баш тие се оригинал наследници на Исусовото учење
Сите заедници, кои самите себе се нарекуваат „цркви„ и кои имаат дури 150 г. колективно сеќавање, се заедници за кои се знае кој смртник го основал, за разлика од “...едната, света, соборна и Апостолска Црква...„, која е од Христа востановена, во содејство со Духот Свет, пред 2 000 г.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Тоа што Зевс не би дозволил да го камшикуваат, само покажува дека типот се држи на дистанца од луѓето, за разлика од Христа Бога човекољубецот, Кој дојде и не‘ повика на спасение и умре за нас.
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:47 AM ---

А каде е оригиналот од Илијада или Махабхара?
Секој бог си има свој метод, затоа и постојат многу богови и многу вери и секој си одбира спрема карактер она шо му се бендиса.

То и ти велам, иста “тежина“ на докази има и за Исус и за Јахве и за Озирис и за Буда и за Мазда.... се се тоа некои преписи на запишани муабети од непознати смртници за кој не постои икаков доказ дека така навистина и се случило. Комото можеш да веруваш и во Исус и во Аштатра и да бидиш и во двата случаја во право.
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:56 AM ---
Сите заедници, кои самите себе се нарекуваат „цркви„ и кои имаат дури 150 г. колективно сеќавање, се заедници за кои се знае кој смртник го основал, за разлика од “...едната, света, соборна и Апостолска Црква...„, која е од Христа востановена, во содејство со Духот Свет, пред 2 000 г.
Христ ја основал црквата во ерусалем каде неговите ученици и апостоли под водство на неговиот брат (а подоцна и други негови роднини) с клањале во храмот, принесувале жртви се воздржувале од забранети јадења, се обрежувале ја пазеле Саботата и продавале цел свој имот а парит ги давале на црквата.
Ако и ти сега си член на црква на чие чело стои крвен наследник на исус, ако си се обрежан, ако ја пазиш саботата, се клањаш во храмот, принесуваш жртви, ако си продал се што поседуваш а сите пари си ги дал на црквата тогаш можеш да се наречеш дека си припадник на една света апостолска црква.
Се друго е измама
 
Член од
20 октомври 2011
Мислења
57
Поени од реакции
35
...што значи дека и Аполон бил распнат ради нашите гревови па чак и воскреснал, така?
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:16 AM ---

Разбира се дека е запишано сведоштво, да не требало то да биде дигитален видео запис со резолуција 1080i?
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:17 AM ---

Зборуваме за вера, не за генетика или палеонтологија.
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:18 AM ---

...што значи дека имам(е) слободен избор.
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:19 AM ---

Согласно никео-цариградскиот симбол на верата, Црквата е „...една, света соборна и Апостолска...„. Надвор од Црквата се само неверните.
--- надополнето: Nov 3, 2011 9:20 AM ---

Напиши како би требало да „звучат„ објаснувањата за да Ти бидат ептен убедливи.
Согласно никео-цариградскиот симбол на верата, Црквата е „...една, света соборна и Апостолска...„. Надвор од Црквата се само неверните.
Ova ja dokazuva pokazuva politikata na Religijata znaci taa veli - Ako ne si so mene togas si protiv mene. Dali Isus velel taka?
Luge Verata so Religijata nema nikakva vrska ne se zalazuvajte. Verata e od/vo Boga a Religijata e od/vo institucija cii osnovaci se lugeto. Na svetot nemoze da ima edna religija koja e najpravilna i cii luge ziveat spored bozjite zapovedi zosto sekade ima sekakvi a Religiite se sozdradeni na osnov rascepkaj pa vladej. Isus sakal da go osvesti narodot deka na sekoj covek mu e dadeno od boga SE ako veruva vo Boga odnosno vo sebe no posle toa odnosn na kakov nacin se iskoristeni i prevrteni negovite dela i zborovi za da bidat upotrebeni da se osnova religija e toa e druga rabota. Covestvoto e stignato dotuka zatoa sto dozvoluva drug da go vodi a ne negovata dusa.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Проштевањето е вечити процес, така да не би можело да е патот до "небото"....правиш "грев" па се покајуваш и т.н. и т.н.
Единствен "пат" е да се откажеш од концептот на простување....уствари тоа и не е пат, повеќе е состојба.
Патот до небото лежи во срцето.
Според ова, за да го достигнеш „небото“ треба да си индиферентен за се што се случува околу тебе?
Како еден може да се откаже од концептот на простување. Да бидеме над нашите емоции и мисли, па и да ни згрешат тоа ништо нас да не ни значи?
За да бидеме такви луѓе уште многу многу треба да евоулираме...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom