Колку што разбирам, 6 недели аут, а?
Да 4-6 недели.Colar bone fracture. Штета,се надевам на брзо опоравување,прав мотор на тимот е Бастиан
Инаку за натпреварот, две грешки на нашите играчи не чинеа голови. Првиот е заради детскиот фаул на Боатенг кога го турна Кавани,а вториот на непокривањето на ван Бајтен.
Штета за резултатот зошто има дава можност на италијански навивачи кој не ја гледале утакмицата да говорат за тоа како Наполи им дал два гола на Баерн. А ништо не видовме од толку фалената 3-4-3 формација на Наполи и страшните контри. Од кавани и Лавеци ништо не видовме освен лажирање и dive-ови од страна на Кавани. Баерн имаше 13 шута на гол,60 проценти посед, многу подобри пасови и супер напаѓачки движења. Гомез е од огромна важност за тимот и многу е напред од минатата сезона.
Супер ги неутрализиравме нивните напади и во Минхен и во Неапол.Средниот ред поврзува супер, комбинира фантастичноБадс е еден од ретките дефанзивци во Европа со толку добра визија и подавања низ теренот,Лам се вклучува во нападот.Тоа ме радува многу и многу добар тим имаме,кој со враќањето на Робен ќе добие човек за големи утакмици и ќе бидеме топ.
Треба да се поработи малку на одбраната за време на прекини и да се тргне вБајтен од првите 11,барем на ЛШ натпревари. Инаку со победа против Виљареал,сме први во група и имаме можност за добар противник,бидејќи голем е јазот во квалитет помеѓу првите и вторите од другите групи.Единствено Милан би претставувал предизвик. Не дека имаат подобар тим од нашиот,повеќе е фактот дека Милан редовно не победуваше во ЛШ претходните години.