Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Јасно е како солза дека се вршат притисоци. Искрено не ни очекував нешто поинаку. Одамна не му верувам на правниот систем во државава.
 
Мене како ми мириса, Спасов ќе биде невин.. а според изјавата на дотичниот сведок Радица, ќе се трага по тепачот и убиецот. Секако тој никогаш нема да се најде.
 
Како што знам јас Спасов сам се пријави во полиција за убиството, а оваа тврди дека не бил тој !!!
Спроред неговата последна изјава, не се пријавил сам, туку бил повикан на разговор во полициска станица и наводно не знаел дека Мартин е починат.
 
Игор Спасов:
Според сведочењето на Спасов, Нешковски правел проблеми и сакал да се качи на бината, поради што била повикана полицијата. Спасов го спречил Нешковски во еден од обидите, по што момчето почнало да бега, а „Тигарот“ Спасов тргнал кон него. Во еден момент Мартин се сопнал од кабли, паднал на асфалтот и се онесвестил. Спасов, мислејќи дека Нешковски симулира, го удрил да стане.

Радица Радевска:

“Овој човек пред мене не е тој што го тепаше починатиот Мартин Нешковски!”, изјави во судницата сведокот Радица Радевска, видно возбудена и уплашена.
Според нејзиниот исказ, таа го видела целиот случај, но човекот кој го тепал, сега починатиот Нешковски, го опиша како висок, црн дечко, кој носел пиштол.

Значи Спасов вика дека тој бил до Мартин кога паднал и ја наведува причината зошто го бркал додека пак госпоѓата Радевска вика дека Спасов не бил човекот кој што стоел до Мартин и дека не бил он тој што го удира.

Целиот овој пресврт се случува од моментот кога Спасов бара од Јанкуловска да потврди дека му било наредено да присуствува на прославата се додека не си заминат министрите и премиерот.
Од притвор Игор Спасов и напишал писмо на министерката Гордана Јанкуловска. Ја прашува каде се полициските белешки со кои му било наложено партиската прослава на ВМРО ДПМНЕ да ја обезбедува додека премиерот и министрите се на плоштадот.

Веројатно јасно им стана дека специјалецов нема да ќути па сега ќе гледаат на било каков начин да го извадат од затвор.Или ќе го извадат и ќе го пратат надвор од државава а може и тука да остане ако ја докажат неговата невиност или ќе се самоудави во кофа со вода.

Камерите на полштадот можат можат да завршат многу голема работа ама изгледа на никој не му текнува на нив или пак баш таа вечер не работеле.
 
За еден човек направивте толкава бука?
Секој ден десетици луѓе заболуваат од болести поврзани со стресот и неквалитетот на живеење, а вие тука се глупирате...
 
За еден човек направивте толкава бука?
Секој ден десетици луѓе заболуваат од болести поврзани со стресот и неквалитетот на живеење, а вие тука се глупирате...
Утре друг таков човек може да биде твоето дете, брат, сестра, итн.
 
Веспертин, не ни викај на нас што искочивме, викај им дека се резилеле на тие што не искочија и што во одредена мера го бранеа мизеријава од човек.

Не ја кривете и оваа што сведочи, може и рекле дете дека ќе и убијат, фамилија, што да прави? :tapp: Ти се сневиди у сељачаната, најдобро да си земеме сите куферите и да си идеме.... и после ќе дробат за Македонците што земале бугарски пасоши.., па ќе земат што да прават.

Овој Спасов цел живот аир да не види, брзата помош такси да му стане, наредното возење со возило по можност со мртовечка кола да му биде, хормонска гнаса невидена.
Ќе бидам Малце ОФФ ТОПИК...
Ilumious, кај нас во Ѓорче во касарната се наоѓаат поголем број на Алфите и оние другине како беа не ми текнува ( помал број се во студентските домови) . Нема да кажувам кој Студенски Дом, ама ќе ви кажам што ми кажа другар за нив, ги има кај што е он: Тие се од 2001 војници и имаат психички проблеми од траумите што ги преживеале и секој момент се спремни да те убијат! Го испрашувал неколку прашања поминало се ОК,не му направил ништо.... Иначе се знае дека цел ден ги нема и навечер само се прибирале по студентските домови, и дека само слепо следат наредби. Да ги пуштат нив да прават што сакаат, па мислам дека за кратко време Скопје ќе стане кошмар!

Иначе во врска со сведокот, не знам што се случува ама се ова што се случува премногу смрди. Наеднаш се мењаваат мислења(мислам на сведокот), добро е може да има некоја траума-или примила и закани.
Што не го променила мислењето порано, чекаше сега пред крај?! После се ова, сите случувања не знам што да мислам, во главава имам само голем?....
 
грешка сте за алфите..Не се на многу на број моментално..стационирани се во Населба Лисиче,успат е и дом за оние од други градови..Веројатно таму се стационирани тигри/ебр па си ги помешал.Типов е тигар,незнам зашто се форсираат алфите цело време,не дека се цвеќе за мирисање(сосема нова тема за дискусија може за нивната работа да се отвори)..али не е тука место за нив.
 
Пишав Алфите и оние другите ( мислев на Тигрите, не ми текнуваше кој се), знам дека ЃП беа во касарната, и некој викаат уште се. Често одат како цивили.
Иначе за мене тоа се e исто ѓубре!
 
Излегов првиот пут ко беше најмасовно, демек ај ќе ги заплашиме да не земат у предвид. али ко ќе видам од моментна перспектива сваќам дека тоа беше курташачење и безделништво, и си ветив повеќе да не учествувам во слични јадни групирања.
го задушија и ги укопаа сите акции кои беа неопходни ова движење да вроди со плод.
независните ропаци кои стоеја позади ова ко ќе ги заменат свирчињата,транспарентите,шугавитe маички со m240s,law rockets,50 bmg's... bump
 
Што тоа првиот пат тебе толку ти засметало ? :) Јас па мислам те мрзел ода се замараш...

п.с. не беше првиот пат најмасовно.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Xak
Многу нелогичности...
Игор Спасов признава дека го бркал Мартин и го удрил неколку пати , но тврди дека не го убил туку Мартин се сопнал од кабел и паднал во бессознание.

Од друга страна, "сведоков" тврди дека некој друг, наводно дупло повисок и покрупен од осомничениот ( Godzilla or King Kong maybe) го тепал Мартин.

Мене не ми е јасно, кога овој мистериозен втор човек стигнал да го истепа Мартин ? Пред Игор Спасов да почне да го брка, или додека Мартин бил во несвест ? Или можеби додека Спасов го бркал, овој вториот го млател ?
Како никој друг не го видел вториов тепач ?
Каде беше досега оваа Радица, зошто молчеше 4 месеци и се појави дури сега ?

Да не се лажеме, случајов е јасен како бел ден, дебилов го претепал до смрт детето, а овие со цел памет смислуваат conspiracy theories за second gunman...
Каков само заплет смислија на судењето, и Агата Кристи може да им позавиди на фантазијата.

П.С. Ја лично мислам дека Б.Ц го има истепано малиов, сигурно бил изнервиран дека ги изгубија изборите.
 
П.С. Ја лично мислам дека Б.Ц го има истепано малиов, сигурно бил изнервиран дека ги изгубија изборите.
Набилдани говеда постојат сегде кои чекаат и најмала закачка да започнат со тепање, а говедово што си го спомнала во постот е многу потешка категорија од овој Спасов затоа ќе ве молам да не го спомнувате воошто.
 
Пропагатор, ептен ти одговара ников...:) Абе многу знаете вие, Бранко е крив!!!!1
 
Ќе бидам Малце ОФФ ТОПИК...
Ilumious, кај нас во Ѓорче во касарната се наоѓаат поголем број на Алфите и оние другине како беа не ми текнува ( помал број се во студентските домови) . Нема да кажувам кој Студенски Дом, ама ќе ви кажам што ми кажа другар за нив, ги има кај што е он: Тие се од 2001 војници и имаат психички проблеми од траумите што ги преживеале и секој момент се спремни да те убијат! Го испрашувал неколку прашања поминало се ОК,не му направил ништо.... Иначе се знае дека цел ден ги нема и навечер само се прибирале по студентските домови, и дека само слепо следат наредби. Да ги пуштат нив да прават што сакаат, па мислам дека за кратко време Скопје ќе стане кошмар!

Иначе во врска со сведокот, не знам што се случува ама се ова што се случува премногу смрди. Наеднаш се мењаваат мислења(мислам на сведокот), добро е може да има некоја траума-или примила и закани.
Што не го променила мислењето порано, чекаше сега пред крај?! После се ова, сите случувања не знам што да мислам, во главава имам само голем?....
Чудно, а баш лично познавам неколку луѓе учесници во 2001 и ранети и слично.Баш се ок, луѓе со жена и деца, се најнормално.Нормално, ништо не е 100%, сигурно постојат и дел со проблеми.

Да ги пуштат нив да прават што сакаат, верувај дека одредени работи ќе се подобрат.Многу од нив не мислат добро за оваа ниту на претходната власт.Само, како шо спомна слепо следат наредби.Тие го викаат то дисциплина.
Ај забегав оф - топик.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom