Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ќе се протестира повторно или не? Ајде да го изразиме нашиот револт пред оваа малоумна власт,
поготово Полицијата. По мизерна полиција нема никаде. Само зборат на мобилни, се кладат, јадат по кафани и пљукаат на улица, нормално и тепаат деца.
Идиоти малограѓански.
Ова е молба до младите во Македонија пред се, да се разбудиме повторно и да средиме нешто самите.
 
Спасов: Нешковски се сопна од кабли и се онесвести

Абе ајде...
Според сведочењето на Спасов, Нешковски правел проблеми и сакал да се качи на бината, поради што била повикана полицијата. Спасов го спречил Нешковски во еден од обидите, по што момчето почнало да бега, а „Тигарот“ Спасов тргнал кон него. Во еден момент Мартин се сопнал од кабли, паднал на асфалтот и се онесвестил. Спасов, мислејќи дека Нешковски симулира, го удрил да стане.
 
Пресврт: Го видов убиецот на Нешковски, но тој не беше полицаецот Спасов!

среда 2 ноември, 2011 во 13:55 | Објавено во Македонија од Здраво

igor-spasov-1.jpg
Пресврт на судењето за убиството на Мартин Нешковски! “Овој човек пред мене не е тој што го тепаше починатиот Мартин Нешковски!”, изјави во судницата сведокот Радица Радевска, видно возбудена и уплашена.

Според нејзиниот исказ, таа го видела целиот случај, но човекот кој го тепал, сега починатиот Нешковски, го опиша како висок, црн дечко, кој носел пиштол. Поради нејзината возбуда судијката даде пазуа.
Во судницата се присутни роднини и колеги на Спасов, кој е видно ослабен и има пуштено брада, но сепак подготвен да го даде својот исказ и самоуверен дека не е виновен за убиството.
Тој ја заврши својата одбрана која е спротивна на сведочењето на Радевска, и тврдеше дека не е виновен и дека немал мотив и намера да го убие Нешковски, бил службено ангажиран и само си ја вршел својата должност.
Побара да биде ставен на полиграф за да ја докаже својата невиност и тврди дека Мартин Нешковски бегајќи се сопнал на кабли и од тоа паднал во бессознание, а не дека го претепал.
Наскоро повеќе…
 
Е сега се сопнал или го тепале? Толку контрадикции и недоследности на едно место, не постои збор што ја опишува бесмисленава драматургија што ни ја продаваат.
 
Се сопнал седум - осум пати, станувајки се здрвил во клупа 3-4 пати и на крај од бетон си ја лупнал главата силно.

Се самоутепал. Полицаецот ке биде ослободен.
 
Значи според самиот Спасов он го бркал момчето и он бил до него, според неговата изјава не го тепал туку паѓал Мартин дур не умре, нејсе, а според изјавата на оваа Радевска, друг човек е во прашање ...

Се може да се реши на едноставен начин, 100те камери на плоштадот кои покажуваат кон местото на злосторот, ама бидејќи очигледно го заташкуваат ова убиство и тоа по наредба на највисоките инстанци од МВР ( само они се способни да средат снимките никогаш да не протечат ), ова не е случај, иако за вакви ситуации под дифолт, се користат тие снимки и тоа како главен доказ.

Да потсетам само, кога на плоштадот беа фрлани камења кон албанците што беа кај импровизираното лизгалиште, МВР веднаш, уште дента ако добро се сеќавате, излегоа во јавноста со соопштение дека ќе се користат снимките од камерите поставени на плоштадот и во ГТЦ.

Срамота е што и јавноста дозволува овој апсурден случај некој да го заташкува, али каков народ, таква држава. Хипотетички, утре фаца од МВР на раскрсница од центар на град да прегази нечие дете ( поминал на црвено, крив е ), хипотетички, истото да е син или ќерка или брат или сестра или близок роднина на некој од оние лешинарски партиски чмаролижачи што излегоа на контра протест, 1.05 е коефициентот дека ќе се случува истото сценарио при таа истрага ...

.
 
Вакви пресврти не сум видела ни у холивудски филм, ни у шпанско-венецуелско-турско-индиска серија. Се сопнал од каблите и било несреќен случај, па сега муабетов го тепале ама не го тепал тој... На крај со логично поврзување ќе испадне дека он се сопнал од каблите, каблите магично се претвориле во човек, го искршиле од мавање Мартин и пак се претвориле во кабли. Где то ја живим?
 
Вакви пресврти не сум видела ни у холивудски филм, ни у шпанско-венецуелско-турско-индиска серија. Се сопнал од каблите и било несреќен случај, па сега муабетов го тепале ама не го тепал тој... На крај со логично поврзување ќе испадне дека он се сопнал од каблите, каблите магично се претвориле во човек, го искршиле од мавање Мартин и пак се претвориле во кабли. Где то ја живим?
Не, типот се трудел да го освести со клоци и шамари.... Кај си видело ова бе?!
 
Лелелелеее... Опасни притисоци се врешеле !! :mad: А оваа идиоткава и сама не знае да повтори што ја научиле да каже !! Па сам Спасов вика дека го бркал, оваа вика не е Спасов тој шо го бркаше ! :tapp: Ти е'ам државата...
 
Држава ли е ова бе...каде да се бега, туго?
 
Лелелелеее... Опасни притисоци се врешеле !! :mad: А оваа идиоткава и сама не знае да повтори што ја научиле да каже !! Па сам Спасов вика дека го бркал, оваа вика не е Спасов тој шо го бркаше ! :tapp: Ти е'ам државата...

Била видно возбудена. Од трема го испогрешила текстот. Се случува и на испит коа нема да научиш убаво. :tapp:
 
Трагично али настаниве ме потсетуваат на ова:


Од толку местенки, малце се збуниле луѓево...
 
Ако не си полицаец у државава наша го наеба значи, има и да те бесат и да те колат и на крај па никој и никому ништо. Страшно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom