Девојка ми сака да го абортира бебето

  • Креатор на темата Креатор на темата Shizik
  • Време на започнување Време на започнување
Не реков ништо за имањето деца млад. Туку штом девојката не сака да биде мајка (без разлика девојката, може и момчето да не сака), изборот треба да се почитува. Секој си има свои планови за животот бе, може на девојката не и се во план деца за блиска иднина, од кај знаеме? Секако дека треба да поразговараат а типов се избацува со „ми иде да ја убијам“ :tapp:

Ако му било него ептен за чување деца млад, што не поразговарал со неа од пред да го зачнат детето?

а ако не бидне ништо од мајката и нејзината кариера,ами тоа мало синче што мисли да го абортира биде светски хуманитарец.........ако и само ако........

абортусот е убиство,исто како и дете од 10 години да го оставиш во планина........
 
Се читаш ти што пишеш?
Фетусот според Уставот на РМ се третира како живо битие.

Еве пробај, удри бремена жена во стомак и на тој начин предизвикај да го изгуби "фетусот" и ќе те бапнат во затвор без око да им трепне.
Три години ќе те теслачи некој цимер со име БОБ.
И после продавај басми и гачки на некој друг дека фетус != живо битие

Оооо па сега Уставот на РМ е над природните закони? Над биологијата?!
Повели, да не објаснувам нашироко
http://www.abortionaccess.info/fetusperson.htm

Втора работа е што ме тераш да се повторувам
Правиш ли разлика помеѓу абортус и спонтан абортус?
Мајката го задржува правото да одлучи дали ќе го задржи детето или не, а не јас.
 
а ако не бидне ништо од мајката и нејзината кариера,ами тоа мало синче што мисли да го абортира биде светски хуманитарец.........ако и само ако........

абортусот е убиство,исто како и дете од 10 години да го оставиш во планина........

Извини вака али муабетов ти е баба ми да имаше тркала автобус ќе ја викаа. А ако го роди и се швркне недај Боже, типов што ја отвори темава ја остави, детето во дом заврши, што правиме? Глуп муабет, знам, ама по ништо не се разлика од ова погоре.

И овие две ситуации што ги спореди не се исти.
 
не се,ама што ако мајката не направи кариера,а отфрли живот од неа?? гледај што имаш и каде си моментално,а не на “нероден петко“
 
а ако не бидне ништо од мајката и нејзината кариера,ами тоа мало синче што мисли да го абортира биде светски хуманитарец.........ако и само ако........

абортусот е убиство,исто како и дете од 10 години да го оставиш во планина........
А па замисли да биде втор Хитлер.
За информација кој не чул, вчера го добивме 7 милијардитиот жител на планетава.
Аргумент повеќе дека квалитетот на животот не е до бројноста, туку до образованието, културата и слободата.
 
eeeeeeee..."sto ke si poseete toa ke si pozneeete"...

......"i kako ke si postelite taka ke si legnete".....

...nema izgovor za abortusot...
.(taa treba da znae sto znaci toa,bidejki ne znae sto e "Abortus" ke misli deka e vo pravo..)
 
Кажи и нешто у ваков фазон: "I pray in myself that you will be forgiven, for murdering the beatiful world we use to live in" ..

good luck
 
А па замисли да биде втор Хитлер.
За информација кој не чул, вчера го добивме 7 милијардитиот жител на планетава.
Аргумент повеќе дека квалитетот на животот не е до бројноста, туку до образованието, културата и слободата.
јеби га.....
да поддржуваш некој на абортус е како да учествуваш во убиство - тоа е мое мислење
 
Ќе пробам да ја убедам но сепак мали се шансите за тоа таа сигурно си има свое мислење за животот и планови во иднина но сепак оваа работа е сериозна и не треба бргу да донесува одлуки за кои ке се кае цел живот
 
^А па замисли мастурбацијата кој геноцид е...

Пробуваш да испаднеш смешен ваљда а испаѓаш нешто сосема спротивно.. каква врска има мастурбацијата жити се ?
Не е оплодено ништо со мастурбацијата за разлика од случајот на човеков ..

Сепак требало да внимавате, верувај и нејзе не и е баш лесно во ситуацијава.. така да со разговор ќе решите/одлучите заедно.
 
Имаш паметна девојка. Чувај си ја.
Не читај морони, разбирам луѓе што се против абортус, ама никако да ги сварам тие во стил: што си сеел тоа ќе жнееш.
АБЕ АЈ?!?! Шо не умрете?
Значи како воопшто помага тоа во ситуацијата? Јас како не во кожата на дечкото се фрустрирам не пак тој. Друго, тој си го прифатил тоа што го посеал, бара совет за што понатаму. ОКЕЈ згрешил сфативме перфектни амеби, секој греши, тоа е и животот - низа грешки. Не значи дека не се поправаат грешките, или барем дадеме обид. Затоа, never hold your farts in, they travel up you spin, into your brain, and that's where you get shitty ideas from. Затоа пред да пишате, формулирајте си ја идеата во глава, пробајте да ја вокализирате, колку да се слушнете да не звучите како комплетен идиот, па постирајте.

Девојката е 18, и мислам дека со право сака и треба да абортира.
И мислам дека треба да ја оставиш.
 
Пробуваш да испаднеш смешен ваљда а испаѓаш нешто сосема спротивно.. каква врска има мастурбацијата жити се ?
Не е оплодено ништо со мастурбацијата за разлика од случајот на човеков ..

Сепак требало да внимавате, верувај и нејзе не и е баш лесно во ситуацијава.. така да со разговор ќе решите/одлучите заедно.

Знаеш дека при менструација се исфрлаат и оплодени јајце клетки?
 
Пробуваш да испаднеш смешен ваљда а испаѓаш нешто сосема спротивно.. каква врска има мастурбацијата жити се ?
Не е оплодено ништо со мастурбацијата за разлика од случајот на човеков ..
Не пробувам ја да испаднам ваков или онаков.
Што ако е оплодено, кога нервниот систем ќе почне да се формира после осмата недела?
 
Можно е да е некој од невладиниве, сезона им е.
Инаку... темата си е во ред.
А одговорот јас ќе го дадам.
Останатите имате демократско право да се согласите со мене.

Хиииииииииииу !? победив во овој дуел по незнам кој пат......................................
И по кој знае кој пат на форумов си го покажуваш својот простотилак.

Тие што го зачнале фетусот имаат секакво право да одлучат дали ќе го задржат или не.
Баба ти Чоузн, живеела во време кога еден човек можел да издржува цело семејство, ние не живееме во такво време. Сакам да видам како тоа еден вработен во семејство со просечна плата ќе успее да врзе крај со крај со четиричлено семејство.
Јас не сум за абортус ако партнерите ги мрзело да купат кондоми, но сум за абортус кога треба да се бира помеѓу мајчинство на млада возраст и факултет.
 
Потполно го поддржувам дечкото што е спремен да има дете но и потполно ја поддржувам жената што сака да абортира. Решението се наоѓа во муабетот што треба да го направат меѓусебно, откако претходно добро ќе размислат. За што да размислат?
Па најпрво, правењето и раѓањето на детето е најлесниот проблем. Тоа дете после ќе треба да се одгледува и воспитува, ќе има многу потреби, ќе бара внимание и пожртвуваност, пред се младоста.
Најлесно е да се каже, роди го абортусот е убиство...ќе се снаоѓате ово оно, ама реалноста не е таква. Животот не е розев.
Јас сум еден од најгоелмите поборници за правото на жената на избор. Абортусот не е убиство и жената секако има право да избира да абортира ако од икс причини не се осеќа спремна. И не само што жената има право на избор и ,,фетусот,, има право ако веќе биде роден на достоинствен живот.
Зашто секој се меша во туѓа работа и зашто секој прво мисли на фетусот а никој не мисли на жената а реално она ги сноси најголемите последици.
Дечко, ок е ти го сакаш детето но пробај да ја рзбереш и девојка ти, како и да е ќе минува низ тежок период и ако навистина ја сакаш без оглед на се треба да и бидеш поддршка. Ако веќе си спремен да бидеш татко, прво биди мажот кој трезвено ќе размислува. Советувај се со гинеколози, родителите секако, се надевам дека тие знаат, зашто во спротивно ако тие незнаат, не сте консултирале стручни лица итн а си објавил и побарал совет на форум...уште од старт тешко на детето.
--- надополнето: Nov 1, 2011 11:56 PM ---
Пробуваш да испаднеш смешен ваљда а испаѓаш нешто сосема спротивно.. каква врска има мастурбацијата жити се ?
Не е оплодено ништо со мастурбацијата за разлика од случајот на човеков ..

Сепак требало да внимавате, верувај и нејзе не и е баш лесно во ситуацијава.. така да со разговор ќе решите/одлучите заедно.

Оваа заебанција на многу сликовит начин ја доловува апсурдноста на поборниците против абортусот. Абортусот бил убиство. Од медицински аспект не ми е познато, но самошто зачнат фетус, којшто незнам ни дали има пулс мозок а сигурно нема човеколика форма не може да биде третира нкако човек. Еве да речеме е некоја форма на живот, сепак тука станува збор за две особи...фетусот и жената или жената во оваа ситуација нема права туку е едноставно средство за расплод. Апсурдно но вистинито, поборниците против абортус се залагаат као демек за права, а ти е самите ускратуваат едно од основните права.
така да, ако абортусот е убиство, не гледам причина зошто истите да не се залагаат и ппротив мастурбација и истата да ја сметаат за геноцид.
Јасно и гласно, ЖЕНАТА ИМА ПРАВО НА ИЗБОР, НЕЈЗИНО ТЕЛО, НЕЈЗИНО ПРАВО!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom