Зошто мислам дека имаше ваква тема?
Инаку, ме нервираат многу луѓе од нашата музичка сцена, но пак тоа не значи дека ги сакам сите од странската.
Сузана Гавазова не знам зошто сте ја ставиле во листата, не знам што зошто жената би нервирала некого?
А можеби дека не сум слушнал каква е во интервјуа, па затоа.
Александар Белов не го поднесувам и се надевам дека или конечно ќе заличи на нешто (бидејќи сметам дека има глас) или нека го снема за навек од сцената.
Next Time ако ги начекам на ТВ, менувам канал.
Деана Николовска - ако девојкава има еден единствен фан во земјава (кој притоа ја цени поради музички способности а не нешто друго), би сакал да го знам кој е.
Тони Зен, Слаткар, Кацар, Цакар, оној-ар, овој-ар и сите нивни пријатели-рапери.
Јован Јованов (тука има исклучок од некои песни), Иван Јованов, Денис Х, Влатко Илиевски.
Владо Јаневски органски не можам да го поднесам, нити неговите песни.
Дуле и Коки. Заглавени во времето. А слушаш нивна песна од годинава, а од пред 15 години, исто звучи. Дури и антипатични и одбивни ми се да ги гледам на ТВ и никогаш не би им отишол при здрав разум на свирка.
Паркети - будалести песни кои служат за ја разбијат монотонијата и ништо повеќе. НО, имам забележано дека пејачот има добар вокал па би сакал да го слушнам да пее нешто поприфатливо за човечко уво.
Роберт Билбилов - кога го слушам како пее, си викам “На што мака е човеков“. Го почитувам само како композитор.
На Влатко Лозаноски сите песни му се исти.
Ту бе, нема крај
