Еве јас ке си земам за право да објаснам... ако некој од вас не се сложува слободно цитирајте и коментирајте.
Сите три аспекти ке ги ставам во еден... како прво метал како музика и металци како луѓе не се ограничуваат и со тоа не се објаснуваат кон некои конкретни поими, и скоро се се базира на слобода на творење/говор/мисла.
Што у превод би значело јас правам агресивна и енергична музика со цел да го истурам мојот бес за сите гомнарии што не опкуржуваат и ослободување или искажување на мрачните мисли и искуства. 50% од од горенаведеното има корени во рок музиката која повлекува слична идеологија.
Е сеа пошто сме луѓе и металците што создавале музика и допринесувале металот да се оформи како музика се луѓе, секогаш се насочуват кон тоа да се подобрат. Да се подобрат на начин на кој што самите тие мислат дека е по добар. Со тоа се направени поделби на метал по жанрови со тоа што некои одлучиле да свират по брзо и по енергично со агресивни вокали кои исураат бес врз системот и негрижата на човекот кон природата/планетата (thrash metal).Мелодијата, чистите вокали и текстовите од фантазија преминале кон (power metal). Мрачни, депресивни, брутални и мизантропски текстови преминуваат и ги создаваат (black и death metal).
И пак ќе напоменам се работи за "луѓе" кои секогаш се склони на поделба (теорија која се покажала дека е точна во изминативе 10.000 години) иако се работи за метал како целина поделбите се присутни и секогаш ке има недоразбирање и "ривалство" помеѓу одредени групи.
Со тоа секој поджанр на метал си носи свои концепти на музика и свои идеологии во текстовите.
И за тоа металот како таков не влече голем број на обожаватели туку влече луѓе кои посветиле доволно внимание кон него или некој под-жанр да завземат свој став и издвојат некои аспекти од истиот кои им прилегаат или ги попримиле. И секој металец ке се чувствуа навреден и нападнат кога ќе се збори негативно спрема неговиот избор.
Е сега негативните коментари не секогаш знаат да бидат аргументирани, напротив најчесто се без-смислени глупости кои доиаѓаат од уста на идиот на кој што музиката му е пропратна појава и за него семплувани мелодии се најдоброто нешто на светот.
И на крај ќе повторам пак... се работи за луѓе и не сите луѓе се исти.
Хм, тоа до душа веќе го знаев, но мислев малце посуштински
Во ред, сепак благодарам на трудот.
Јас едно време, пред 6-7 години се дружев со металци, иако јас лично никогаш не се облекував како нив - не ми се допаѓа, но тоа е право на избор, кој како сака нека се облекува. Но нив им пречеше дека сум изгледала премногу ,,женски,, (па женско сум де!) и искрено бев ставана во неколку глупави ситуации.
Ме интересира исто, зошто метал популацијата (да ја наречам така) бара и очекува да не биде осудувана и разбрана, а таа не го прави истото према другите луѓе.
Моите металски другари беа супер, но таа нивна дискриминација ме избрка од тоа друштво.
Дали дел од философијата итн. на металот, е да се осудува секој кој не е како нив?
Всушност, имам едно другарче ја слуша оваа музика, ама не му пишува на чело, дали е неопходно тој револт да се појави на таков начин - мислам до максимум оставање слика ,ние не те сакаме, оти не си како нас, мрш,.