Љубов е, Јоан, од грижа за животот на својата сопруга поради најавените сериозни компликации со бременоста, да се согласиш со нејзината одлука да го абортира плодот иако со огромна љубов се радуваш на неговото раѓање и живот. Тоа е љубов и таа не се мери со ништо, пошто љубовта не се мери!
Дали ти имаш таква љубов кон својата сопруга, Јоан?
ДБацк, навистина разочаруваш. Кон светото се однесуваш потполно неазумно. Тоа што го напиша ќе го сметам како лапсус, а не како твој став, што е тоа љубов. Ако тоа што го напиша, е љубовта за тебе, тогаш си за жалење.
Велиш, љубовта не се мери со ништо, па едноставно ќе те прашам директно, како ќе ја докажеш својата љубов? Како ќе докажеш дека имаш љубов кон своите родители, кон својата сопруга, ако си во брак, кон своите деца, ако ги имаш? Или не треба да ја докажуваш? Ако не ја докажуваш, ако не ја живееш, ако не ја исповедуваш постојано, дали таа, љубовта, постои?
Или за тебе сето ова е глупост и може да се игра мајтап, бидејќи ти си атеист, кој ги надминал оние кои се „заблудени“ во верата и веруваат во „некаков“ Бог Господ Исус Христос, и сега си „слободен“. Слободен од што?
Од љубовта?
--- надополнето: Nov 1, 2011 7:00 AM ---
Според ова, ти сакаш да кажеш дека Атеистите незнаат да љубат?
Ќе ти откријам една тајна ама на никој да не кажуваш : Љубовта не се мери, таа се добива и се дава
Што е подобро, да се добива или да се дава?
Зарем љубовта не е ограничена? Како атеистие ќе одговорат со љубов на некој кој им штети? Ќе има љубов према него?
--- надополнето: Nov 1, 2011 7:06 AM ---
Јахве е далеку поголем убиец
Најголемата глупост од некој кој вели дека е атеист.
Ако не веруваш во Бог Јахеве, како тој може да биде убиец, кога не постои, кога е приказна?
Тоа ти е како да кажеш дека дедо Мраз е најголемиот доброчинител и сите добри работи што ги имаш дома дедо Мраз ти ги дал, а не се од твојот труд и пари.
Ако веруваш дека се ти е од дедо Мраз, тогаш можеш да тврдиш дека Бог Јахве е убиец.
Веруваш дека постои дедо Мраз?
--- надополнето: Nov 1, 2011 7:15 AM ---
Љубов е појава на меѓусебниот однос помеѓу луѓето, потребата за заедничкото живеење и взаемното помагање.....
Таа, љубовта, може да се развие помеѓу маж и жена, најчесто, но е забележана и потребата од љубов помеѓу припадници од ист пол, како и во други облици (маж со маж и жена со жена,... како и многу други варјации и облици на љубов).
Мерка за љубов имаш, ама варира со тоа мерката во крајност или бескрајност. Колку? - Тооооолку (покажува со рацете околу 70см), ако ме разбра што сакам да кажам.
После некое време, љубовта помеѓу двајцата, преминува во задоволство.... и исполнетост.
Благодарам на прашањето. Така убаво ми легна сабајлечки.
--- надополнето: Oct 31, 2011 8:12 AM ---
Атеизмот не е религија.
Бидејки така убаво ти легна сабајлечки, еве уште еднаш сабајлечки. Дали постојат повеке видови љубов? Ти наведуваш дека љубовта е ПОЈАВА на меѓусебен однос помеѓу муѓето, маж и жена, итн. да не повторувам.
Како појава, таа и не мора да се појави, така?
Тогаш што е тоа што го чуствуваш, тоа што ти е на совест во однос на своите родители? Дали тоа е љубов или појава или нешто недефинирано? Спрема своите деца? Спрема пријателите? Дали тоа е иста „појава“ или различна? (Иста љубов, или има повеќе видови љубов?).
Сексот не е љубов, но е дел од љубовта кон својата сопруга.